Економија
Надлежните тврдат дека одлуките за исплата на субвенции за лозарите се донесени пред распишување на изборите
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја информира јавноста дека обесштетувањето на лозарите по основ на долгот што винарските визби го имаат кон нив за предадено грозје е извршена во сосема законска постапка и тоа врз основа на одобрени средства во буџетот на АФПЗРР за 2019 година и одлука на Владата, која претставува помош на лозарите што ги исполниле сите критериуми утврдени во Законот за земјоделството и руралниот развој.
„На 4 февруари 2019 година Собранието ги усвои измените на Законот за земјоделството и руралниот развој, со што се исполни и правниот основ за државата да ги обесштети лозарите. На 7 февруари 2019 година, на вонредна седница, Владата ја донесе предлог-одлуката за утврдување на обесштетувањето како мерка за исплата за продадено винско грозје. Овие одлуки се донесени пред распишувањето на претседателските избори. Со оваа исплата не се покриваат долговите на приватните фирми кон лозарите, туку оваа исплата претставува субвенција од страна на државата за да се ублажи штетата што ја претрпеле лозарите со неисплаќањето на средствата од страна на винарниците. Со оваа интервенција не престанува обврската на приватните фирми за целосна исплата на долгот што го имаат винарниците, се вели во соопштението.
Воедно, Уставниот суд на ден 17.5.2017 ја укина одредбата од Изборниот законик за забрана за исплата на субвенции. Во образложението на одлуката на Уставниот суд се наведува дека забраната за исплата на субвенции е ограничување на правата на граѓаните корисници на субвенции и нивното легитимно очекување дека дел од вложените средства во нова реколта ќе им биде вратена преку субвенции. „Со утврдување на забраната за исплата, само на субвенциите што не се редовни месечни исплати, овие корисници на државна помош се ставени во нееднаква положба со другите корисници на државна помош поради што оспорената одредба исто така не е во соглсност со уставното начело на еднаквост на граѓаните од членот 9 од Уставот. Ова неправедна ситуација во која беа доведени земјоделците беше основна причина за одлуката на Уставен суд, со која се укинаа одредбите од Изборниот законик, кои ја забрануваа исплата на субвенции во изборен период“, се додава во соопштението.
Антикорупциската комисија денеска го прифати приговорот на ВМРО-ДПМНЕ против Агенцијата за финансиска поддршка, ќе иницира постапка за утврдување одговорност пред надлежните органи. ВМРО-ДПМНЕ до Антикорупциска комисија реагира што Агенцијата во изборен период им исплатила 1.250.000 евра на повеќе од 2.000 лозари, но не за субвенции и редовни исплати, туку за исплата на долг на приватни фирми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Биткоинот забележа силен пад
Цената на биткоинот денеска падна под 67.000 долари, првпат од ноември 2023 година, во услови на засилена распродажба и намалена доверба кај инвеститорите, објави Си-Ен-Би-Си.
Биткоинот се тргуваше по цена од околу 67.500 долари, откако претходно во текот на денот падна под психолошката граница од 70.000 долари, што дополнително ја засили распродажбата. Само оваа недела вредноста на криптовалутата е намалена за околу 20%, а во однос на рекордното ниво од октомври минатата година е пониска за речиси 47%.
Аналитичарите предупредуваат дека нивото од 70.000 долари претставува клучна техничка и психолошка граница и дека нејзиното пробивање отвора простор за понатамошен пад, потенцијално кон опсегот од 60.000 до 65.000 долари.
Падот на биткоинот се случува паралелно со слабеењето на технолошките акции во САД и зголемените присилни ликвидации на криптопазарот. Според податоци на Coinglass, оваа недела се ликвидирани повеќе од 2 милијарди долари во долги и кратки позиции.
Во исто време, институционалните инвеститори се повлекуваат. Аналитичката куќа CryptoQuant наведува дека побарувачката од институционални инвеститори значително се намалила. Другите криптовалути исто така бележат значителни загуби.
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

