Економија
„Најки“ го доби правниот спор против производителот на сатанските патики со капки човечка крв
Компанијата „Најки“ го доби судскиот спор против уметничкиот колектив MSCHF, кој ги произведе т.н. сатански патики.
„Најки“ поднесе тужба против уметничкиот колектив за кршење на правото на трговска марка, со намера да ги запре продажбата и можноста во јавноста да се создаде лажна слика за поврзаност меѓу двете страни.
Адвокатите на MSCHF велат дека не станува збор за типични патики, туку за уметничко дело, но сепак Сојузниот суд застана на страната на „Најки“, пренесува Би-би-си.
Всушност, станува збор за патики што се базираат на моделот „ер макс 97“ од „Најки“, но се надградени со етикета од крст свртен наопаку, пентаграм, а во ѓоновите имаат црвена течност, во која е додадена и по една капка човечка крв. На патиките има и натпис „Лука 10:18“, што е пасус од Библијата, во кој се вели: „Го видов сатаната како паѓа од небото како молња“.

Произведени се 666 чифта вакви патики, а беа ставени на продажба за цена од 1.018 долари. Тие се дизајнирани во соработка со раперот Лил Нас Х.
Колективот MSCHF пред две години креира и друг модел на патики што се базираа на „ер макс 97“, познати како Исусови патики. За разлика од сатанските, тие беа бел модел, а во ѓоновите имаа мала количина осветена вода од реката Јордан.

Како што пренесува списанието „Инпут“, ова биле најпребаруваните патики на „Гугл“ за 2019 година, кои за „Најки“ донеле добар имиџ во јавноста или барем огромно внимание и покрај нултата вклученост од компанијата.
Но, во тој случај, како што информираат од „Инпут“, ниту „Најки“ ниту Ватикан не презел правни мерки против MSCHF ниту, пак, тие ја осудиле изработката на патиките.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
УЈП: Завршија активностите за регистрација и доброволна дерегистрацијa на даночните обврзници за целите на ДДВ
Управата за јавни приходи информира дека завршија активностите за регистрацијата и доброволна дерегистрацијата на даночните обврзници за целите на данок на додадена вредност (ДДВ).
Рокот за поднесување на пријавите за регистрација и дерегистрација беше до 15 – ти јануари 2026 година.
Врз основа на поднесените барања за регистрација за ДДВ, во текот на месец јануари 2026, Управата за јавни приходи изврши регистрација на 1.199 даночни обврзници во системот на ДДВ за што се донесени исто толку решенија за задолжителна и доброволна регистрација за ДДВ. Во истиот период врз основа на барањата за доброволна дерегистрација, Управата за јавни приходи изврши прекинување на регистрацијата кај 231 обврзници за што се донесоа исто толку решенија за дерегистрација.
Воедно, Управата за јавни приходи ги потсетува новорегистрираните ДДВ обврзниците како и дерегистрираните ДДВ обврзници на нивните даночни обврски: ДДВ обврзници Во решението за регистрација за ДДВ, донесено од Управата за јавни приходи, наведен е датумот од кога започнува обврската за пресметување на данокот на додадена вредност, како и даночниот период во кој се поднесуваат ДДВ пријавите кој може да биде календарски месец или календарско тримесечје.
Даночните обврзници кои користат фискален систем на опрема (фискална каса) должни се веднаш по извршената ДДВ регистрација да се обратат до овластениот производител или сервисер од кого е набавена фискалната каса, со цел да се изврши ажурирање на истата, односно внесување на доделениот ДДВ број и на даночните стапки за ДДВ за секој одделен производ или услуга. Со стекнувањето на статус на ДДВ обврзник, даночните обврзници имаат обврска за извршениот промет на добра и услуги да издаваат фактури во кои посебно е искажан пресметаниот ДДВ, во согласност со законските одредби. Пресметувањето на ДДВ кој се должи или побарува за одреден даночен период се врши во ДДВ пријава (образец ДДВ-04). ДДВ обврзниците кои имаат залихи на добра наменети за натамошна продажба, а кои ги набавиле пред нивното регистрирање за целите на ДДВ, со исполнување на законските услови, имаат право на одбивка на влезниот ДДВ содржан во овие залихи.
Пресметаниот влезен ДДВ по овој основ, ДДВ обврзниците го пријавуваат еднократно, во првата даночна пријава на ДДВ, со пополнување на делот од ДДВ пријавата “ДДВ содржан во залихи на добра наменети за натамошна продажба пред регистрација за целите на ДДВ”. ДДВ пријавата се поднесува во рок од 25 дена по истекот на даночниот период. Пресметаниот ДДВ долг во ДДВ пријавата, ДДВ обврзниците имаат обврска да го платат најдоцна до крајниот рок за поднесување на ДДВ пријавата, односно најдоцна до 25-ти по истекот на даночниот период.
Дерегистрираните ДДВ обврзници, имаат обврска да извршат исправка на одбивката на претходните даноци за сите инвестициски добра за кои се уште не завршил соодветниот период на исправка, како и на одбивката на претходните даноци на затечените залихи на добра наменети за натамошна продажба, а за кои при набавката било искористено правото на одбивка, односно треба да го вратат (платат) одбиениот ДДВ. Исправката на одбивката на претходниот данок се искажува во ДДВ пријавата за последниот даночен период во кој биле регистрирани за ДДВ. Исто како и кај ДДВ обврзниците, и за дерегистрираните обврзници кои користат фискален систем на опрема (фискална каса) должни се веднаш по извршената дерегистрација за ДДВ да се обратат до овластениот производител или сервисер од кого е набавена фискалната каса, со цел да се изврши ажурирање на истата, односно ДДВ бројот и даночните стапки за ДДВ за секој одделен производ или услуга кои се внесени во фискалната каса да се избришат. Ги повикуваме сите даночни обврзници доследно да ги почитуваат законските обврски со цел навремено и правилно исполнување на даночните обврски.
Економија
Македонска банкарска асоцијација – од 1 март 2026 година започнува примена на засилена автентикација при електронски плаќања
Македонската банкарска асоцијација информира дека согласно Законот за платежни услуги и платни системи, со кој во националното законодавство е транспонирана Директивата (ЕУ) 2015/2366 за платежни услуги на внатрешниот пазар (PSD2), од 1 март 2026 година започнува примената на засилена автентикација на корисниците (Strong Customer Authentication – SCA) при извршување одредени платежни трансакции.
Засилената автентикација ќе се применува кај платежни трансакции иницирани на далечина, и тоа:
плаќања со платежни картички при електронска трговија, како и кредитни трансфери иницирани преку интернет-банкарство или мобилни апликации на банките.
Воведувањето на засилената автентикација, како што појаснуваат, има за цел подигнување на нивото на безбедност на електронските плаќања, намалување на ризикот од неовластени трансакции и подобра заштита на корисниците на платежни услуги, при што електронските и дигиталните плаќања ќе продолжат да се извршуваат непречено, со дополнителен безбедносен чекор.
„Засилената автентикација се заснова на користење на најмалку два од следните три меѓусебно независни елементи:
Елемент на знаење – нешто што го знае корисникот (на пример лозинка или ПИН),
Елемент на поседување – нешто што го поседува корисникот (на пример мобилен уред, токен или платежна картичка),
Елемент на својство – нешто што е својствено за корисникот (биометриски податоци, како отпечаток од прст или препознавање лице).
Во таа насока, досегашните начини на потврда на трансакции, како што се еднократни кодови доставени преку СМС или електронска пошта, кои се користат во рамки на постојните 3-D Secure решенија, ќе бидат заменети или надградени со посовремени и побезбедни механизми, во согласност со барањата на засилената автентикација“.
Секоја банка, согласно законската рамка и сопствените технички и организациски можности, самостојно ќе го дефинира моделот на засилена автентикација, односно комбинацијата на елементи што ќе ги применува, поради што начинот на автентикација и корисничкото искуство може да се разликуваат од банка до банка.
Во рамки на процесот на воведување на засилената автентикација, банките ќе пристапат кон информирање и едукација на своите клиенти за применуваните решенија, постапките за автентикација и практичните чекори при извршување на платежни трансакции, преку сопствените комуникациски канали.
„Примената на засилената автентикација претставува значаен чекор во усогласувањето на платниот систем со европската регулаторна рамка, придонесувајќи кон зголемена сигурност, доверба и заштита на корисниците при користење на современите електронски платежни услуги.
Македонската банкарска асоцијација, заедно со банките-членки, останува посветена на унапредување на безбедноста и стабилноста на платниот промет, како и на поддршка на процесите на дигитализација и модернизација на платежните услуги“.
Економија
Британските банки планираат алтернатива на Visa поради загриженоста од Трамп
Раководителите на најголемите британски банки го одржаа првиот состанок за воспоставување локален систем за плаќање, познат како „DeliveryCo“, за да се намали зависноста од американските платни мрежи Visa и Mastercard, објави Гардијан.
Причината е загриженоста дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да ги затвори услугите на овие компании, што би ја загрозило британската економија, според официјалните лица.
Средбата ја водеше извршниот директор на „Barclays UK“ Вим Мар, а во дискусијата учествуваа претставници на големи банки и платни компании, вклучувајќи ги „Santander UK“, „NatWest“, „Lloyds Banking Group“, „Nationwide, Coventry Building Society“ и мрежата на банкомати „LinkLink“.
Околу 95 проценти од трансакциите со картички во Велика Британија моментално се одвиваат преку Visa и MasterCard, што стана критично бидејќи употребата на готовина се намалува, според медиумот.
Аналитичарите предупредуваат дека затворањето на американските мрежи би можело да ја врати економијата со децении назад, слично на искуството во Русија кога санкциите го принудија затворањето на овие системи. Новата иницијатива вклучува создавање правна структура, модел на управување и финансирање, како и развој на инфраструктурата, со план, системот да биде готов до 2030 година.
Британските претставници истакнуваат дека системот ќе обезбеди дополнителна отпорност на платниот систем, додека Visa и Mastercard ја поздравуваат конкуренцијата и истакнуваат дека остануваат посветени на иновациите, безбедноста и сигурноста на платните услуги во Велика Британија, пренесува Танјуг.
Заменик-гувернерката на Банката на Англија, Сара Бриден, нагласи дека алтернативата би можела да функционира како резервна шина за плаќање во случај на прекин на постојните системи, со што ќе се зголеми отпорноста на британската економија на надворешни ризици. Според планот, „DeliveryCo“ ќе им овозможи на британските потрошувачи и бизниси да имаат суверен и локален систем за плаќање, намалувајќи ја зависноста од американските мрежи во клучните економски моменти.

