Економија
Најубавите моменти заслужуваат да бидат сочувани: „Нептун“ и LG со генијален предизвик за малите палавковци
Детството е незаменливо, а детската палавост уште повеќе. Никој не може да одолее и да ѝ замери на слатката детска насмевка, без разлика за каква палавштина се работи – милион истрчани километри во маало, модрици на колената, искршени играчки, одбивање на утринскиот појадок, врева додека се пејат најгласно новите песнички со другарчињата пред зграда и уште многу разни палавштини на кои родителите не можат, а да не се насмеат.
Денес е сепак поинаку. Пандемијата го промени начинот на функционирање и веќе повеќето од родителите работат од дома и истовремено се грижат за своите деца, правејќи напор за создавање на баланс за удоволување на нивните барања и потреби и зачувување на времето за себе. Во овој период секој родител е зафатен со смислување на различни забавни сценарија за да им го направат денот поубав, поинтересен и секако повеќе продуктивен. Играта и дружбите од минатото, денес се сведени на минимум и се значајно лимитирани кога се во прашање роденденските прослави, дружбите на родителите и децата, посетата на забавните паркови и искрената и топла прегратка на палавковците со своите другарчиња.
Многу добро е познато колку родителската улога е значајна и важна и за таа цел Нептун и LG се одлучија да ги поддржат сите родители кои прават сѐ за своите деца во овие невообичаени времиња, со едно ново изненадување: забавен фото-предизик, кој покрај загарантирана забава и креативност, за некој ќе донесе и многу вредни награди.

Родители и палавковци, овој предизвик е само за вас!
Нептун заедно со LG се во потрага по најпалавото дете.
Сите родители и деца имаат многу едноставна и интересна задача – да ја направат најкреативната фотографија од палавштините на своите деца и да ја споделат јавно на својот Instagram профил со хаштаг во описот #lgпалавковци и таг на профилот на @neptunmakedonija.
Потрагата по најпалавото дете започнува од 21 јануари, заедно со Сара Мејс, Димитар Атанасовски и нивната слатка ќеркичка Илина и трае до 20 февруари. Нејзините палавштини и креативни моменти ќе бидат дополнителна инспирација за секој родител да го реализира предизвикот и неговото дете да биде следниот палав добитник на некоја од наградите за најдобрите палавковци во овој креативен предизвик.
На крајот од потрагата, 1та и 2та награда ќе бидат доделени на оној кој ќе има најмногу гласови и ќе се гласа на страната на Нептун, на следниот линк https://bit.ly/3o815ol, сликите ќе може да се постираат од 21јануари, а гласањето ќе биде отворено на 27јануари. 3та награда ќе биде одбрана и доделена од страна на Сара Мејс, Димитар Атанасовски и Илина.
Првиот LG палавковец ќе добие LG телевизор UHD TV LG 50 UN 7400, вториот LG палавковец ќе добие мобилен телефон LG Velvet, а третиот LG палавковец ќе стане Нептун инфлуенсер во некоја од следните кампањи на Нептун.
Учествувајте во предизвикот на Нептун, постирајте фотографии од вашите мали #lgпалавковци на Instagram и зачувајте ги најубавите моменти со Нептун и LG. Пробајте да ги воодушевите вашите омилени ѕвезди – можеби токму вашиот мал палавковец ќе биде одбран како иден Нептун инфлуенсер, а гласовите на вашата фотографија можеби ќе му донесат примамлива награда на вашиот мал палавковец.
Најубавите моменти заслужуваат да бидат сочувани! Потрагата започнува!
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Андоновски: Е-трговијата веќе не е алтернативен, туку доминантен економски модел
Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на електронската трговија како двигател на економијата, преку спроведување на јасна стратегија за дигитална трансформација, зајакнување на интероперабилноста и намалување на административните пречки за граѓаните и компаниите, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на отворањето на 8-та Регионална Е-комерц конференција во Скопје.
Тој истакна дека е-трговијата веќе не е алтернативен, туку доминантен економски модел, кој бара силна поддршка од државата преку модерни дигитални платформи, регулаторна предвидливост и иновации ориентирани кон пазарот.
„Интероперабилноста што ја бесплатно ја овозможивме за повеќе од 76 институции и компании – со повеќе од 2.6 милиони безбедни трансакции месечно и раст од 260% – претставува не само успех на администрацијата, туку можност за приватниот сектор. Таа отвора простор за дигитални услуги, безбедна размена на податоци, брз пристап до потребните административни податоци и нови бизнис-модели што ја поврзуваат државата и компаниите во еден заеднички дигитален екосистем“, изјави министерот Андоновски.
Во рамки на поддршката за мали и средни претпријатија, Министерството за дигитална трансформација преку Европскиот дигитален иновациски хаб – INNOFEIT EDIH, им овозможува на компаниите пристап до лаборатории, дигитални алатки и експертска поддршка за тестирање нови технологии пред инвестирање. Овој хаб нуди и обуки за дигитални вештини во областа на вештачка интелигенција, сајбер-безбедност, автоматизација и интернет на нештата, со цел да ја зголеми конкурентноста на домашните компании на европскиот пазар.
Во истата насока, Националниот центар за вештачка интелигенција – Везилка, развива АИ решенија применливи и во приватниот сектор, со што создава услови електронската трговија да стане поефикасна, попаметна и побезбедна.
„Намалувањето на бирократијата и отворањето на податоците за бизнис-заедницата се клучни за модерна држава. Владата создава инфраструктура каде иновацијата е во центарот, а граѓаните и компаниите се вистинските корисници на дигиталната трансформација“, додаде Андоновски.
Тој најави дека во следниот период Владата ќе продолжи да инвестира во дигитална инфраструктура, унапредување на екосистемот за иновации, како и во програми за поддршка на стартапи и претприемачи во дигиталната економија.
Економија
„Виз Ер“ воведува евтина „бизнис класа“, можете да платите за да го задржите средното седиште празно
Нискобуџетната унгарска авиокомпанија „Виз Ер“ ќе започне со тестирање на таканаречената „основна бизнис класа“ на одредени летови од декември оваа година, нудејќи малку повеќе удобност во рамките на својата стандардна услуга без додатоци. Оваа нова функција ќе биде воведена на пет рути, вклучувајќи летови до Лондон, Рим и Будимпешта.
Концептот е едноставен – во првиот ред од авионот, средното седиште ќе биде оставено празно за да им се обезбеди на деловните патници повеќе простор и да се олесни качувањето. Мајкл Делехант, виш комерцијален и оперативен директор, нагласи дека цената нема да биде драстично повисока.
„Што се однесува до цените на билетите, таа никогаш нема да биде повеќе од цената на купување дополнително седиште“, изјави тој на прес-конференција.
Иако билетите за овие специјални седишта ќе бидат поскапи, патниците сепак ќе бидат третирани исто како и сите други.
„Повеќе се работи за ефикасноста на патувањето и малку дополнителен простор во авионот“, рече Делехант.
Воведувањето премиум услуги е тренд што го следат и американските нискобуџетни превозници за да се натпреваруваат со големите превозници.
Делехант забележа дека сè уште има силна побарувачка за нискобуџетни летови во Европа, но дека пазарот треба да се развива.
Економија
Поскапуваат бензините и дизелот
Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 4.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,913 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,856 ден/кг и сега ќе изнесува 36,913 ден/кг.

