Контакт

Економија

Стратешкиот чешки инвеститор Групацијата АРИКОМА најавува продолжување на инвестициите во ИТ- експерти во Северна Македонија

Објавено пред

На денешната прес-конференција присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г. Зоран Заев, амбасадорот на Република Чешка во Република Северна Македонија, НЕ Мирослав Томан, и новата странска инвестиција во земјата – акцизицијата на компанијата „Сеавус“ од страна на чешката Групација АРИКОМА, дел од ККЦГ Групацијата, која беше претставена од страна на Михал Томанек, директор за инвестиции одговорен за ИТ на Групацијата АРИКОМА, како и Игор Лештар, претседател на одбор на Групацијата „Сеавус“.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за влегување на македонскиот пазар на инвеститор од Европската Унија, Групацијата АРИКОМА, една од најголемите чешки групации, дел од ККЦГ Групацијата, која е приватна мулитнационална финансиска и ивестициска групација основана во 1995 година, со канцеларии во Швајцарија, Чешка, Белика Британија и САД, со вкупна вредност на капиталот од 7 милијарди евра и 5 милијарди евра приходи, и 6.000 вработени во 22 земји во светот.

На крајот на минатата година компанијата „Сеавус“ е аквизирана од страна на Групацијата АРИКОМА, која ја сочинуваат ИТ-компании фокусирани на развој на прилагодени софтверски решенија, ИТ-инфраструктура и развој на клауд-решенија. Групацијата АРИКОМА преку значителни инвестиции за развој на ИТ-услугите е водечка компанија на пазарите во Чешка и во Словачка и нуди целосни ИТ-услуги, а со купувањето на „Сеавус“, влегува и на македонскиот пазар, но и значително го зголемува своето меѓународно присуство. Од  Групацијата АРИКОМА изјавуваат дека ќе продолжат да инвестираат во вработување и развој на ИТ-експертите во Северна Македонија и ќе ги унапредат  вложувањата во развој на сите ИТ-кадри преку едукативните центри на „Сеавус“.

„Искуствата кои ги стекнавме оваа година ни даваат  право да кажеме дека дигиталната трансформација се одвива многу побрзо отколку што се очекуваше. Амбицијата на  Групацијата АРИКОМА да стане лидер во пошироки рамки и предводник на таа трансформација совршено се вклопува со мисијата, вредностите и позицијата што ги има ‘Сеавус’ не само во Северна Македонија туку и пошироко. Оттука, продолжуваме силно да инвестираме во развој на ИТ-кадрите во Северна Македонија, да ги споделуваме меѓународните искуства, продолжуваме да бидеме бизнис-инкубатор и да ја промовираме и понатаму ИТ-експертизата на македонските професионалци на меѓународен план. Ги поздравуваме заложбите на Владата на Република Северна Македонија за овозможување бизнис-клима за развој на ИТ-секторот, во кој „Сеавус“ беше, е и ќе остане двигател на растот на дигиталното општество, но и пример за сите сегашни и идни претприемачи и странски инвеститори“, изјави Михал Томанек, директор за инвестиции одговорен за ИТ, Групација АРИКОМА.

Компанијата „Сеавус“ е групација основана во 1999 година, која вработува 800 професионалци во 15 канцеларии во 8 земји во светот: Северна Македонија, Шведска, САД, Србија, Босна и Херцеговина, Белорусија, Швајцарија и Молдавија, со преку 4.000 клиенти меѓу кои светски телеком-оператори и производители на мобилни и електронски уреди, организации од банкарскиот и финансискиот сектор, технологија, образование, здравство, компјутерски игри – сериозни компании кои котираат на светските берзи.

„Придонесот на ‘Сеавус’ во земјата е значаен не само како поттик кон иновациите и претприемништвото, развојот на ИТ-индустријата и кадрите, но и во однос на економијата и поддршката на заедницата. Верувам дека со силен стратешки партнер како АРИКОМА ќе ги забрзаме иновациите и уште повеќе ќе ги зајакнеме нашите позиции на меѓународниот пазар. Тоа практично ќе ни овозможи да одговориме на предизвиците на новото време, да понудиме иновативни и квалитетни услуги и софтверски решенија од следната генерација за нашите клиенти, развиени и имплементирани токму од нашите луѓе, од нашите ИТ-експерти“, истакна Игор Лештар, претседател на управниот одбор на  Групацијата „Сеавус“.

Новата инвестиција ја поздрави и НЕ Мирослав Томан, амбасадор на Република Чешка во РСМ кој ја истакна важноста на поединечните инвеститори во развојот на трговските, но и севкупните билатерални односи на двете земји.

„Република Чешка e долгорочен силен поддржувач на Република Северна Македонија во однос на НАТО и ЕУ. Изминатата година поддршка беше обезбедена не само во справување со кризата со Ковид-19, туку и во повеќе други области. Искрена благодарност до сите кои работеа на реализација на оваа чешка инвестиција во капитал, знаење и технологии. Со инвестицијата која ја презентираме денес, ‘Сеавус’ добива одговорен и перспективен сопственик. Компанијата ККЦГ основана од Карел Комарек е една од најголемите бизнис-групации во Република Чешка, која работи во Еврoпа и САД и искрено се надевам дека со оваа аквизиција придобивки ќе има и Република Чешка и Северна Македонија и дека овој пример е вистинска добитна комбинација за компаниите и економиите“, изјави НЕ Мирослав Томан, амбасадор на Република Чешка.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија ја поздрави оваа инвестиција како основа за понатамошен раст на успешни македонски компании во насока на зголемување на вработувањата, развој на ИТ-професионалците и поттик за понатамошен развој на ИКТ секторот во земјата како важна индустријата која значително придонесува во економскиот развој на земјата и економијата базирана на знаење.

„Човечкиот потенцијал секогаш бил и натаму останува највредниот ресурс на компанијата, бизнисот, на севкупното општество.  Токму лицата од ИТ-секторoт покажаа голем потенцијал за развој на оваа дејност во нашата земја. Македонскиот ИКТ-сектор во последните години бележи постојан раст во број на компании и вработени, раст на извозот, на профитот и на приходите. Оваа индустрија е најбрзорастечка во земјава, која ги вработува најмладите и најпрогресивни граѓани. Нашите заложби се насочени кон натамошно подобрување на условите за работа, кои треба да ја раздвижат ИКТ-индустријата и да овозможат забрзана дигитализација на компаниите. За таа цел еден од приоритетите во Владината програма е намалување на персоналниот данок во ИТ-секторот од сегашните 10 отсто на 0 отсто во 2023 година. Тоа треба да биде доволен поттик за натамошен развој на оваа индустрија“, истакна Зоран Заев, претседател на Владата на Република Северна Македонија.

Согласно податоците од Централен регистар во Република Северна Македонија, ИКТ-индустријата расте по сите основи. Генералниот приход на индустријата во 2016 година бил 752 милиони евра, додека во 2019 година бил 880 милиони евра. Тоа е раст од 17% за три години. Вкупниот број на компании регистрирани во ИКТ-секторот од 2016 година, кога биле 1,296 пораснал на 1,957 во 2019 година, што е пораст за околу 700-тини компании за само 4 години. Бројот на вработени од 10,975 во 2014 година, пораснал на 15,093 во 2019 што е пораст за приближно 50%. Ова е значителен пораст на вработените во една индустрија.  Значаен пораст бележи извозот на ИКТ-софтвер и услуги, кој во 2016 година бил 150 милиони евра, а во 2019 година пораснал до 210 милиони евра, што е пораст за 40%.

За „Сеавус“
„Сеавус“ е компанија за развој на софтвер и консалтинг-услуги со докажано искуство во успешни софтверски бизнис-решенија. Компанијата брои преку 800 ИТ-специјалисти ширум светот и нуди широк спектар на софтверски производи, решенија и услуги, успешно покривајќи ги европскиот и американскиот пазар преку неколку канцеларии и претставништва во светот. Портфолиото на решенија и услуги вклучува BSS/OSS, CRM, CEM, Business Intelligence решенија, ALM, Embedded програмирање, бизнис и потрошувачки производи, мобилни апликации и гејминг-решенија, Managed Services, како и консалтинг и развој на апликации побарање на клиентите. Во портфолиото на „Сеавус“ се вбројуваат над 4.000 клиенти, меѓу кои светски телеком-оператори и производители на мобилни и електронски уреди, организации од банкарскиот и финансискиот сектор, технологија, образование, здравство, итн. Денес „Сеавус“ има петнаесет оперативни канцеларии лоцирани во неколку земји, вклучувајќи ги Шведска, САД, Северна Македонија, Белорусија, Молдавија, Швајцарија, Србија, Босна и Херцеговина, со стратегија за континуиран раст.

За Групација АРИКОМА
Најголемиот ИКТ-холдинг во Чешка. Во групата спаѓаат компаниите AUTOCONT, Cleverlance, DataSpring, AEC, Cloud4com и Internet Projekt. Компаниите во Групацијата АРИКОМА обезбедуваат ранг на услуги, почнувајќи од дизајнирање на ИКТ-архитектура, инфраструктура и калуд-услуги, имплементација на корпоративни апликации, па сè до развој на сопствени сеопфатни софтверски решенија и аутсорсинг. Минатата година вкупниот приход на групата надмина 270 милиони евра, односно 7 милијарди чешки круни.

За KKCG
Групацијата KKCG, основана и предводена   од   успешниот   чешки   претприемач   Карел Комарек, е меѓународна   инвестициска   компанија   со   повеќе   од  7 милијарди   евра (книговодствена   вредност) средства и 5 милијарди евра во приходи . Групацијата вработува над 6.000 експерти во 22 земји во светот. Клучните стратешки   сектори  на KKCG вклучуваат   игри  на  среќа, нафта и гас, технологија и недвижнини. Групацијата KKCG ги   вклучува   Групацијата SAZKA, Групацијата  АРИКОМА , Групацијата MND, американскиот Methanol, капиталниот   фонд Springtide Ventures и други.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање

Објавено пред

„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.

dobivaj vesti na viber

Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.

„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.

„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.

Прикажи повеќе...

Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.

dobivaj vesti na viber

Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)

Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)

Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.

Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.

Прикажи повеќе...

Економија

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда

Објавено пред

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.

dobivaj vesti na viber

Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.

Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.

Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минути

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет2 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет2 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет3 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион3 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет3 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија14 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија14 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија15 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија17 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија20 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ21 час

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија22 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија24 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија24 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија1 ден

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија1 ден

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија1 ден

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...