Економија
На изборот „Сајт на годината 2021“ НЕЛА на НЛБ Банка освои второ место за најдобра автоматизирана алатка чет бот
Првиот банкарски електронски асистент на НЛБ Банка – НЕЛА, го освои второто место во категоријата „Најдобра автоматизирана алатка чет бот“ на изборот за „Сајт на годината 2021“.
На натпреварот кој годинава по дванаесетти пат го организираше агенцијата за дигитален маркетинг Media Solutions, НЕЛА освои голем број од гласовите на посетителите на порталот, а високото второ место е потврда за уникатноста на овој виртуелен асистент на НЛБ Банка, достапен за своите „соговорници“ 24/7.
„Изразуваме благодарност до сите оние кои гласаа за НЕЛА, истакнувајќи ја на тој начин нејзината вредност како прв банкарски електронски асистент на пазарот воопшто и значајна улога во менување на трендовите на комуникација на релација банка – клиент. Како Банка предводник во иновациите и пионер во воведување на нови трендови и технологии во банкарското работење, горди сме на НЕЛА, но и на севкупната стратегија за дигитализација на нашите производи и услуги и информатизација на процесите во насока на зголемување на задоволството и обезбедување врвно корисничко искуство за нашите клиенти“, истакнуваат од НЛБ Банка.
За потсетување, НЛБ Банка ја лансираше НЕЛА на Вибер во 2019 година зголемувајќи ја достапноста за своите клиенти преку уште еден канал за комуникација. НЛБ Банка работи на надградба и усовршување на својот електронски банкарски асистент – НЕЛА, со цел да обезбеди дополнителни придобивки за своите клиенти.
Повеќе за НЕЛА
НЕЛА е посебна. Излезена е од серверите на Банката. Таа е дете на напредната технологија. Кодирана е да ги знае сите банкарски работи. НЕЛА ги знае сите банкарски трансакции, секоја уплата, исплата, депозит, кредит, секоја камата… Растена низ игра, таа успешно ги владее сите банкарски процеси. Денес, нејзината брзина на работа и размислување се одлични. Сите банкарски информации прво доаѓаат до неа, ги обработува и е подготвена за вашите прашања и недоумици. Затоа, НЕЛА е вашиот доверлив и сигурен електронски асистент кому може да се обратите во секое време за најбрз и најлесен пристап до сите информации.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

