Економија
Неправилности и казни: Тренчевска во ненајавена посета на градилишта во Скопје
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со директорката на државниот инспекторат за труд, Весна Томовска и тим од инспектори, излегоа на терен за време на забрана за работа на отворено како активност преку која треба да се увиди почитувањето на мерките од портокалова фаза.
„За време на теренските активности министерката Тренчевска заедно со директорката на ДИТ, Томовска почитувајќи ги сите протоколи за пристапување на градилиште, ненајавени посетија две градилишта во Општина Кисела Вода и на истата локација е констатирано и изведување на градежни ратаботи – нискоградба , асфалтирање на улица во време кога е забрането работа на отворено.
Имено, кај работодавачот АД „Гранит“ за време на забрана за работа на отворено група на работници асфалтираа улица, а дел од нив беа и на возраст од над 60 години. За утврдените неправилности во делот на неприменувањето на Препораките на Владата за работа на отворено во услови на топлотен бран изречена е усна забрана за вршење на дејност во периодот од 11 до 17 часот која ке се потврди со писмено решение“, се истакнува во официјалната информација.
Првата посетена локација од страна на тимот беше на градилиштето каде градежните работи ги изведуваа работодавачот ДООЕЛ „Трим и Лум“ каде на местото беше констатирано дека се почитуваат мерките во однос на топлотниот бран , но од страна на инспекторите беше нотирано дека градилишето е необезбедено за безбедна работа и дека ќе биде предмет на повторен инспекциски надзор како би можело да се изрече инспекциска мерка за отстранување на неправилностите“, се наведува во информацијата од министерството.
На второто градилиште – Станбено деловен објект каде инвеститор и главен изведувач е работодавачот „Дабар ДООЕЛ“ – Скопје било констатирано непочитување на мерките за безбедност и здравје при работа од аспект на необезбедена колективна заштита на работниот простор за што е издадена инспекциска мерка- решение забрана за вршење на работа во небезбедниот простор. Од страна на инспекторите кај работодавачот „Феромонтинг“ ДООЕЛ Скопје изречена била усна забрана за необезбеден пристап до работните места. Исто така кај работодавачот ДООЕЛ „АС МОНТ“ биле затекнати работници кои се без регулиран работен однос согласно законските одредби за што ќе биде изречена инспекциска мерка наредба работодавачот за затекнатите лица да заснова работен однос,односно да склучи договори за вработување и да ги пријави во задолжително социјално осигурување, соопшти ресорното министерство.
Според Тренчевска, Владата носи мерки за доброто на граѓаните и истите треба да се почитуваат. Таа истакна дека здравјето и добросостојбата на работниците за Министерството за труд и социјална политика е на прво место и дека тоа е причината што министерката одлучила да биде на терен денеска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

