Контакт

Економија

„Нептун“ во чекор со светските трендови, инвестирањето во е-продажбата доведе до раст од 400%

Објавено пред

Интервју со генералниот директор на „Нептун“, Горан Цветинов

dobivaj vesti na viber

Е-продажбата во „Нептун“ порасна за 400 проценти. Кои фактори влијаеја за толку големиот пораст?

Е-трговијата во Македонија генерално е во брз раст. Согласно извештаите за 2018 година од Државниот завод за статистика, е-трговијата во Македонија има пораст од 62 отсто на онлајн купувачи споредбено со 2017. Тоа во број на луѓе значи дека околу 400.000 Македонци купиле нешто онлајн во 2018. Интересно е дека дури 52 проценти од овие купувачи направиле онлајн нарачки кај домашни е-трговци, што е 32 проценти повеќе во споредба со 2017. Исто така, битен податок е вкупната тежина на е-трговијата во 2018 година, која изнесува 134 милиони евра, од кои 53.5 милиони се остварени кај домашни трговци.

Заклучокот е дека овој тренд на пораст во е-трговијата во државата е со забрзано темпо и дека Македонците повеќе сакаат да купуваат онлајн и уште поважно почнуваат повеќе да преферираат домашни компании е-трговци во кои имаат поголема доверба. Се очекува овој тренд да продолжи и во следните години согласно дигитализацијата на општеството, компаниите и процесите што го олеснуваат начинот на живот на нашите граѓани.

Ова се едни од објективните фактори на нашиот раст. Но, секако резултатите не дојдоа сами. Нашиот раст во првата половина од годината од 400 отсто во споредба со истиот период лани, покрај горенаведните фактори има и друга страна т.е. чекорите кои ние ги презедовме на ова поле. „Нептун“ веќе 21 година е лидер на пазарот и е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на производи од бела техника и апарати за домаќинство со 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Нашата визија за постојан раст и иновации во компанијата секогаш не мотивира да ги шириме нашите погледи и константно да работиме на унапредување на продажбата и задоволството кај нашите купувачи. Во 2018 година увидовме дека може да се оптимизира и зголеми е-продажбата, т.е дека немаме фокус кон тој канал на продажба. Уште тогаш донесовме одлука да преземеме чекори за менување на пристапот кон овој брзорастечки канал и да го унапредиме. Чекорите беа јасни и едноставни. Продуциравме нов вебсајт со напреден и современ пристап кон е-продажбата со што на многу подобар начин им овозможивме на нашите клиенти да купуваат онлајн. Следен чекор беше и развивањето на нептун-мобилна апликација за онлајн шопинг која е прва на македонскиот пазар од овој вид.

Неодамна ја објавивте вашата нептун-мобилна апликација за онлајн шопинг. Колку таа придонесе за зголемената онлајн продажба?

Да, продукцијата на нептун-мобилната апликација дефинитивно придонесе да се зголеми онлајн продажбата. Интересен факт е дека со лансирањето на мобилната апликација го имаме најголемиот раст во е-продажбата. Заклучокот е дека онлајн купувачите имаат навики купувањето производи онлајн да го прават повеќе преку мобилни апликации поради едноставноста и флуидноста на процесот. Олеснувањето на процесот, доброто корисничко искуство и зголемениот маркетинг за онлајн продажба кој го имаме оваа година значително влијаеја на перцепцијата кај корисниците за „Нептун“ како компанија која покрај физичките продавници е застапена и онлајн со огромен избор на производи.

Споделувањето на информациите дека голем домашен бренд како Нептун е достапен преку интернет со целата своја понуда за онлајн шопинг делува интересно, безбедно и олеснително за купувачите во комфорноста на својот дом брзо и лесно да купуваат онлајн, што е и иднината на малопродажбата согласно многу истражувања.

За растот на е-продажбата придонесоа и други важни придружни чекори кои ги направивме со продукцијата на новата веб-страница и нептун-мобилната апликацијата. Најважен чекор е овозможувањето на нашите членови во хепи-лојалната програма да можат да ги користат сите привилегии и при купувањето онлајн, а како најбитна привилегија е овозможувањето да купуваат по хепи-цени (цени со попуст). Следно, ја дигитализиравме нашата хепи-картичка. Тоа значи сите хепи-корисници кои се имаат регистрирано на нашиот вебсајт и мобилна апликација ја имаат својата хепи-картичка во дигитална форма и може да купуваат во физичките продавници само со прикажување на истата. Корисниците кои немаат хепи-картичка ќе може лесно и едноставно да си купат онлајн по промотивна цена со 50% попуст и да бидат дел од нашата лојална програма. Ова се само дел од многуте иновации кои ги вoведовме периодов.

Кои од вашите производи најмногу се продаваат преку интернет?

Изненадувачки е тоа што кај нас најпродавани се апаратите за домаќинство со поголема вредност што е парадоксално на јавно достапните статистики кои укажуваат дека просечна онлајн нарачка во Македонија е околу 50 евра. Кај нас сме забележале дека кога луѓето се одлучуваат да купуваат онлајн, купуваат повеќе производи одеднаш. Обично опремуваат цели кујни или домови со повеќе различни видови на апарати за домаќинство. Интересен факт е дека ваквите нарачки се брендовски, т.е. купувачите сакаат сите производи што ќе ги купат да се од еден ист производител – бренд.

Покрај апаратите за домаќинство, во голема мера се продаваат и мобилни телефони, преносни компјутери, мали кујнски апарати и апарати за лична нега и убавина.

Сме забележале дека помалку се купуваат телевизори, бидејќи купувачките навики за овој вид производ се дека луѓето обично сакаат да отидат во продавница и го видат квалитетот на слика, па потоа да го купат таму или, пак, онлајн.

Со оглед на тоа дека се позиционирате на онлајн пазарот во Македонија, кој е во нагорна линија, кои се вашите препораки, како да се поттикне е-трговија на македонскиот пазар?

Потребно е да се подигне довербата кај купувачите дека нивните трансакции, пари и лични податоци се безбедни. Во време на огромен број странски и домашни лажни и/или сомнителни е-продавници кои нудат производи сo слаб квалитет или, пак, прават измами, директно се намалува довербата кај јавноста за овој продажен канал. За овој проблем кај нас сè уште нема превентивно решение. Се преземаат мерки само откако некој купувач ќе биде оштетен, а согласно со информациите со кои располагаме, многу мал дел од овие случаи се разрешуваат.

Следна препорака е да им дадеме до знаење на нашите граѓани дека е подобро, побезбедно, побрзо и поедноставно да купуваат техника од домашни е-трговци. Сега статистиката покажува дека 61% од сите онлајн трансакции се кон странски е-продавници. Причината за оваа бројка е трендот да се нарачува од странство техника по ниски цени, но со непроверен квалитет, без гаранција, без фиксни рокови на достава и огромен ризик од безбедносен аспект. Доколку успееме со едукативна пропаганда како држава или сектор да им го објасниме ова на нашите граѓани, значително ќе влијаеме врз соодносот помеѓу онлајн трансакциите во странство и дома.

„Нептун“ е една од најиновативните компании во државава. Колку тоа влијае на продажбата, на конкуренцијата и кај потрошувачите?

Лидер на пазарот се станува само со иновации, креативност и посветеност во работата. Со иновациите кои се воведуваат годиниве може да се направи и паралела во растот на продажба. Како примери ќе ги земеме лојалната програма и хепи-картичката и хепи-кредитот, кои ни донесоа огромен раст во продажбата.

Во однос на конкуренцијата, многу компании од државава и регионот ги „копираат” нашите методи на работа, што е доказ дека работите што ги воведуваме се исправни и се клуч за успешност. Може лесно може да се забележи дека сè што ќе направи „Нептун“, многу компании во Македонија истото го инкорпорираат за одреден период. Ова особено се забележува во нашиот сектор на продажба на апарати за домаќинство, но и во останатите сектори на малопродажба.

Купувачите   секогаш очекуваат од „Нептун“ повеќе за разлика од конкуренцијата. Тие знаат дека со секое купување ќе добијат во „Нептун„ повеќе отколку кај конкуренцијата. Ние секогаш се трудиме на нашите клиенти да им презентираме нешто ново, нови услуги, производи, начини на работа со цел да ги задржиме и секако да привлечеме нови.

Нептун лани одбележа две децении работа и долго време сте најуспешна компанија од овој сектор со најголем удел во пазарот. Каков беше развојот на оваа компанија и каде котира во моментов на пазарот?

Да, во 2018 година одбележавме две децении постоење на македонскиот пазар. На јубилејот го презентиравме „времепловот” со кој стигнавме на оваа позиција како лидер на пазарот. Од една мала продавница во ГТЦ, „Нептун“ прерасна во ланец oд 25 продавници во 21 град во Македонија. Нептун има повеќе од 410 вработени, што нè позиционира како најголем синџир на продавници за бела техника и електроника во Македонија, ако се земат предвид бројот на продавници, изборот на производи, брендови, приходите и дополнителните услуги.

„Нептун“ е дел од групацијата „Балфин”, која во Македонија периодов е застапена со проектот „Ист гејт” новиот трговски центар кој се гради на локацијата на поранешен „Скопски саем”. Групацијата „Балфин“ е една од најголемите приватни инвестициски групации во регионот, позната по своите инвестиции во трговски центри, резиденцијални и комерцијални локации, во банкарскиот сектор преку Tirana Bank, туристички проекти, како Green Coast Resort и Vala Mar Residences, активности во модната и во рударската индустрија, како и во малопродажбата преку брендови како „Нептун“, Jumbo, SPAR итн.

Може ли да ни кажете нешто повеќе за идните планови на „Нептун„?

Континуирано работиме на унапредување на севкупното купувачко искуство. За таа цел, секогаш сме во процес на имплементација на нови технологии и алатки, кои ќе ни помогнат да подобро ги разбереме потребите и навиките на потрошувачите. Бенефитите од новите технологии, нашите купувачи веќе може да ги искусат. Онлајн дигиталното искуство веќе го доведовме на напредно ниво. Моментaлно активно работиме на нови дигитални технологии со кои ќе им овозможиме и финансирање/кредитирање при онлајн купување.

Активно се работи и на уште подобро купувачко искуство во физичките продавници. Наскоро следи отворање на нова најголема Нептун премиум продавница во „Скопје сити мол” во која ќе им овозможиме врвно купувачко искуство на нашите клиенти.

 

(ПР објава)

Економија

Народна банка: Макроекономските движења се во рамките на проекциите

Објавено пред

Од

Советот на Народната банка, на редовната седница одржана во февруари, ги разгледа најновите макроекономски показатели и Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви во четвртиот квартал на 2025 година.

dobivaj vesti na viber

Според Информацијата за најновите макроекономски показатели, и натаму преовладуваат оцените за стабилен светски економски раст за периодот 2025 – 2027 година, но ризиците се надолни и главно произлегуваат од трговските и од геополитичките тензии.

„Во домашната економија, најновите показатели главно се во согласност со проекциите. Во третиот квартал од 2025 година, реалниот раст на БДП изнесува 3,8% и е малку над очекувањата, а расположливите високофреквентни податоци упатуваат на раст и во текот на четвртиот квартал. Просечната стапка на инфлација, во 2025 година, изнесува 4,1% и е близу до проекциите. Во јануари 2026 година, девизните резерви забележаа раст и се на ниво коешто, согласно прифатените меѓународни стандарди, е соодветно за одржување на стабилноста на девизниот курс. Податоците од монетарниот сектор покажуваат годишен раст на депозитите од 10% и на кредитите од 13%, во декември 2025 година, што е умерено над проекциите за крајот на годината“, соопшти НБРМ.

Според Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви, во четвртиот квартал од 2025 година, девизните резерви се зголемиле и на крајот на декември достигнале 4.925 милиони евра. Во согласност со инвестициската поставеност, околу 74,2% од девизните резерви се вложени во должнички хартии од вредност, главно во државни обврзници издадени од земји членки на еврозоната, по што следуваат монетарното злато (16,5%) и депозитите и паричните средства (9,3%).

„Сигурноста и ликвидноста во управувањето со девизните резерви се обезбедуваа преку пласмани во финансиски инструменти со висок кредитен рејтинг коишто овозможуваат брза достапност до ликвидни средства, а условите на меѓународните финансиски пазари и внимателниот и врамнотежен пристап кон инвестирањето придонесоа за поволни финансиски остварувања во 2025 година“, се наведува во соопштението од Народната банка.

Прикажи повеќе...

Економија

Дизелот поскапува

Објавено пред

Од

Од ноќеска на полноќ, цените на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство ќе се зголемат за два денари, додека цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).

dobivaj vesti na viber

Од 28.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 34,520 (денари/килограм)

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Прикажи повеќе...

Економија

АЛКАЛОИД АД Скопје ќе исплати за 14,3 % поголема дивиденда во однос на минатата година

Објавено пред

АЛКАЛОИД АД Скопје објави дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 30.03.2026 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на ден 26.02.2026 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2025 година во износ од 720,00 денари бруто односно 648,00 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 630,00 денари бруто односно 567,00 денари нето е поголема за 14,3%.

За исплатата на дивиденда и персонален данок на личен доход компанијата ќе издвои над 1 милијарда денари. Во согласност со предлог одлуката, исплатата на дивидендата ќе започне од 13.05.2026 година.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) 73,2% ученици пушачи не биле спречени да купат цигари поради возраста, ИЈЗ спроведе истражување на 7,8 и 9-одделенци  

Од 2002 година, откога се прават истражувања за пушење меѓу учениците, во 2024 година е забележан највисок процент на ученици...

Македонија2 часа

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари

Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари....

Топ3 часа

Уапсена лихварка од Струмица: дала 2.700 евра, а барала да се вратат 15 илјади евра, фатена кога ја примала каматата

Вчера во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 53-годишната Ј.Т. од Струмица. Според...

Македонија3 часа

10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета...

Свет4 часа

(Фото) Епстин сакал да купи вила во земја без договор за екстрадиција со САД еден ден пред апсењето

Само еден ден пред апсењето во 2019 година, Џефри Епстин се обидел да купи вила вредна повеќе милиони долари во...

Економија5 часа

Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење...

Македонија5 часа

(Видео) Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на...

Регион6 часа

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...

Свет6 часа

Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“. „Нема...

Свет7 часа

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот...

Свет7 часа

Гислен Максвел: Клинтон и Епстин се запознаа преку мене

Една фотографија го прикажува Бил Клинтон како плива ноќе со Гислен Максвел, британска личност од високото општество подоцна осудена за...

Европа7 часа

Зеленски: Не сум најдобриот татко поради војната, мојот избор е должност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски проговори за личните предизвици со кои се соочува по годините војна, признавајќи дека неговите должности го...

Македонија18 часа

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија23 часа

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија1 ден

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија1 ден

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија1 ден

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија1 ден

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа1 ден

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија1 ден

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...