Економија
Николовски од пумпната станица Марена: Со нови пумпи, санација на доводниот канал, обезбедуваме сигурно наводнување на 2000 хектари земјоделска површина

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Кавадарци изврши увид на реконструираната и модернизирана пумпна станица „Марена“.
Со овој проект за реконструкција на пумпната станица „Марена“ извршена е целосна замена на старите пумпи и електромоторите, кои беа дотраени и користени повеќе од 50 години. Извршена е санација на доводниот канал до црпниот базен, со поставување на механички решетки за зафаќање на гранки и алги кои ги носи водата по каналот, како и поставување на „Скада“ систем, со кој се следи работата на пумпите.
„Значаен проект во делот на водоснабдувањето во висина од 60,3 милиони денари, национални средства на министерството, преку Инвестиционата програма на АД Водостопанство за 2023 година.
Пумпната станица „Марена“ наводнува земјоделска површина од околу 2.000 хектари долгогодишни култури. Преку овој важен проект обезбедуваме квалитетна вода за наводнување на земјоделските површини од овој регион, дирекгно помагајќи ги сите земјоделци.
Како министерство ставаме посебен акцент на навремено наводнување на земјоделските култури, кои се од исклучителна важност и се предуслов за современо земјоделско производство“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица за предадени јаболка

Денеска се исплатија 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица од подмерка 1.9 за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети, од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, извести Министерството за земјоделство.
Од таму најавуваат дека продолжува поддршката кон производителите на јаболка.
Економија
УЈП со повик: Платете го веднаш достасаниот данок по ДЛД-ГДП и избегнете присилна наплата

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници, кои во законскиот рок не ја платиле даночната обврска по ДЛД-ГДП 2024, да го исполнат својот даночен долг.
Во согласност со евиденцијата на УЈП, 3.155 даночни обврзници ја немаат намирено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во годишната даночна пријава за данокот на личен доход (ДЛД-ГДП) за 2024 година, што требаше да се исполни во законскиот рок до 30 јуни.
„Во следниот период УЈП ќе премине кон опоменување и присилна наплата на достасаните неплатени долгови по овој основ, што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03 % дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата“, информира УЈП.
Дополнителни информации се објавени на страницата на УЈП, во делот плаќање даноци на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje.
Економија
Меџити: Поддршка со 227 милиони денари за 43 проекти во 33 општини

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ги потпиша договорите за реализација на 43 капитални проекти во 33 општини во државата.
За овие проекти се обезбедени над 227 милиони денари директна финансиска поддршка од Министерството, со што се овозможува имплементација на конкретни решенија во областа на канализацијата, водоснабдувањето и управувањето со водните ресурси.
„Убеден сум дека ова е најправилниот и најефикасен модел на соработка – директно партнерство меѓу Владата и општините, со цел да им донесеме на граѓаните конкретни придобивки“, изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Тој исто така ја потенцира важноста од навремената и квалитетна реализација повикувајќи на одговорност и посветеност од страна на сите општини.
„Немаме време за губење. Секој ден што ќе го добиеме во овој процес е еден ден повеќе во служба на граѓаните“, изјави Меџити нагласувајќи дека преку ова партнерство се поставуваат нови стандарди во справувањето со инфраструктурните и еколошките предизвици.