Економија
Николовски: В година предвидени нови мерки за одгледувачите на овци
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска одржа работна средба со одгледувачите на овци. На средбата се договорија сите предлози заеднички да ги анализираат и да се види кој од нив може најбргу да се реализира.
Некои од предлозите на овчарите беа да се зголемат субвенциите за грло и за оставено женско јагне, државата да интервенира кога откупната цена на јагнето e пониска од производната, Државниот инспекторат за земјоделство да изврши инспекциски контроли како се мерат јагнињата при откупот, да се обезбедат подобри услови за бачилата и друго.
Министерот Николовски им порача на одгледучите на овци дека сите овие барања ќе бидат детаљно разгледани и веднаш ќе се направат анализи за да се види кое од овие барања може најбргу да се реализира.
„Веќе работиме на нови мерки за оваа гранка. Така, в година со програмата за рурален развој за 2019 година планирано е зголемување на сумата за мерката набавка на приплоден добиток, од постојните 14 милиони денари на 60 милиони денари, субвенциите за предадено овчо млеко од годинашните 4 денари се зголемуваат на 4,5 денари за литар предадено млеко. И в година во програмата за финансиска поддршка во земјоделството 10 отсто ќе бидат зголемени субвенциите за сточарите со развоен потенцијал вклучително и за одгледувачите на овци“, им порача Николовски на одгледувачите на овци.
Воедно, Николовски посочи дека од 2019 година преку програмите на МЗШВ за ЈП „Пасишта“ ќе бидат одвоени 24,5 милиони денари наменети за фотоволтаици, водопоила и корита за летните пасишта (трла) со овци, со можност оваа сума да се зголеми доколку е потребно. В година ќе почне електоронско преобележување на ситниот добиток, вклучително и на овците, со што ќе се евидентира точниот број на добиток, што е важно за креирање на мерките за субвенции во овчарството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

