Економија
Николовски: Со измените на Законот се решаваат поблемите во доделувањето државно земјоделско земјиште под закуп
Измените на Законот за земјоделско земјиште претставуваат сериозна реформа на целокупниот сектор и начин за отстранување на сите проблеми во доделувањето на државно земјоделско земјиште под закуп, посочи на денешната прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Притоа, Николовски потенцираше дека измените се направени врз основа на детални анализи на тимот од секторот за земјишна политика на МЗШВ и консултации со земјоделските здруженија.Вистинската распределба на државното земјоделското земјиште согласно предвидени законски измени ќе значи зголемени обработливи површини и зголемено производство на квалитетни, конкурентни и безбедни земјоделски производи.
„Со измените на Законот за земјоделско земјиште овозможуваме правилна и транспарентна распределба на државното земјоделско земјиште под закуп и ставање во функција на целокупното земјоделско земјиште во државата. Една од клучните измени коишто ја правиме е во делот за младите земјоделци. Со цел нивна поголема вклученост во земјоделството и можност да почнат сопствен агробизнис, младите лица до 40 години ќе бидат ослободени од плаќање закупнина три години од склучување и стапување на сила на договорот. Решаваме еден долгогодишен проблем на одгледувачите на пчели, а тоа е недостигот на површини за поставување пчелни семејства. Со новите измени се проширува намената на земјоделско земјиште кое може да се додели во закуп со можност и за поставување пчелни семејства“, изјави Николовски.
Дел од измените предвидуваат низа можности кои не биле регулирани со постоечкиот закон, а кои, како што се посочува, се од исклучително значење за земјоделците кои конкурираат на јавните огласи и повици, како и за ефикасна и поголема искористеност на расположливите обработливи површини.
„Ја отстрануваме пречката која досега ја имавме за огласите над 3 хекатри, каде што имаше наддавања и до 100 милијарди евра, односно огромни суми, а на крајот за атрактивни локации не се склучуваа договори. Сега, со измените ставаме ограничување да не може никој да си дозволува да врши електронско наддавање до огромни нереални суми, а при тоа да нема никаква обврска.Конкретно, ги обврзуваме тие што ќе понудат каква било сума а не склучат договори, да не стои земјиштето необработено, државата ќе има право на надомест на штета во износ од една годишна закупнина којашто тие ја понудиле. На овој начин ќе ги отстраниме несериозните апликанти, заради кои лицата кои навистина сакаат да инвестираат не можат да добијат можност.Внесуваме уште една можност, односно при електронското наддавање за земјоделско земјиште над 3 хектари, доколку прворангираниот не го склучи договорот, тоа може да го стори второрангираниот. Со оваа измена ја забрзуваме целата процедура, да не ги повторуваме постапките, оти се соочивме за две години да не можат да се реализираат одредени јавни огласи само заради пречки кои постојано стоеја од ваков вид во законот“, изјави Николовски.
Со измените се овозможува на земјоделско земјиште да се градат објекти за промоција на земјоделски производи, односно угостителски објекти и изградба на објекти за спортско-рекреативни активности. Од МЗШВ велат дека тоа ќе придонесе за зголемување на инвестициите во ваков тип објекти од страна на земјоделските стопанства, ќе се зголеми искористеноста на ИПАРД-програмата и ќе се придонесе за развој на рурални средини преку рурален туризам.
Николовски појасни дека оваа измена е во корелација со измените на Законот за вино во којшто се олеснуваат критериумите за физичките лица кои произведуваат вино и за отворање и работа на малите и средни винарници.
Досегашниот закон не дозволуваше доделување земјоделско земјиште на земјоделци кои веќе имаат склучено договор за закуп, иако тој договор може да е само за 1, 2 или 3 хектари. Со сегашните измени им се овозможува на овие земјоделски стопанства да аплицираат на огласи за закуп до обезбедување површини од 10 хектари. На тој начин се создваат услови за окрупнување на површините и за зголемување на производството.
Николовски посочи дека во комуникација со земјоделците преку измените на законот ќе се решаваат и одредени договори коишто беа раскинати во претходниот период, ќе се регулира пребивањето со Платежната агенција, ќе се решаваат затекнати состојби во одредени региони, а измените се предвидени и во делот на банкарските гаранции, раскинувањата и склучувањето на договорите и друго.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

