Економија
Николоски: Повисоки плати во кризна година обезбедени за над 72 отсто од вработените во јавниот сектор
За над 92.000 лица вработени во јавниот сектор или 72 отсто од вработените во овој сектор има обезбедено зголемување на платите во оваа година и тоа во време на криза во која сите живеме и се обидуваме да ја надминеме на сите можни начини и мерки. Ова го истакна заменик-министерот за финансии Филип Николоски денеска во Собранието, каде се одвива амандманската расправа по ребалансот на Буџетот за 2022 година.
„Владата на РС Македонија сериозно се грижи за стандардот и на граѓаните на РС Македонија и на сите лица вработените во јавниот сектор. Тоа се потврди во неколку наврати. Имено, пред неколку месеци се донесе Закнот за минимална плата, со кој над 17000, односно поточно 17245 вработени во јавниот сектор добија зголемување до минималната плата. Значи оние што имаа 15.200 денари плата стигнаа до 18.000 денари плата и останатите. Во меѓувреме се договрија уште неколку зголемувања на плати во одредени сегменти, односно сектори, кои опфаќаат голем број вработени лица во јавниот сектор. Најпрво во делот на обраозванието, каде се опфаќаат над 37000 вработени се потврди и се обезбедија средства, од септември да добијат зголемување на платата за 15 отсто . Понатаму во делот на Министерството за внатрешни работи за 12000 вработените лица има обезбедено средства за зголемување на плати за 5%. Во делот на културата каде што се опфатени над 3500 вработени има зголемувања на платоте за 30%. Во делот на судството каде што има вработено над 2600 лица, има зголемување на платите за 15 отсто, вработените во здравството, кај кои веќе неколку години по ред има зголемување на плати за 15 и 20 отсто и оваа година има зголемување од 5 отсто. Тука се опфатени над 20000 лица“, истакна заменик-министерот Николоски.
Тој потенцира дека сите овие над 92000 вработени лица во јавниот сектор, односно над 72 проценти од вкупно вработените лица во јавниот сектор имаат или ќе имаат зголемување на плата, додека за останатите лица од јавниот сектор, за кои не е обезбедено или не е договорено зголемување на плата, се оние кои се вработени во јавните претпријатија на државно и локално ниво, каде што одлука за зголемување на плата носат самите претпријатија кои имаат и сопствени буџети, но познато е и на какво ниво се платите во тие сектори.
За останатите 1000 вработени, до вкупната бројка 131 илајда враобтени во јавниот сектор, како што рече заменик-министерот, се оние кои се вработени во регулаторните тела и централната банка, каде имаат сериозно високи плати.
Николоски потенцира дека Владата на РС Македонија се грижи за вработените лица во јавниот сектор и посочи дека на локално ниво каде има 6000 вработени потребна е консолидација пред да се пристапи кон зголемување на плати, бидејќи најголем дел од општините работат со негативни финансиски резултати и повторно на крајот на денот тие се на товар на буџетот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Трипуновски: Зголемување од 15 проценти на откупот и продажбата на земјоделски производи во последното тримесечје, споредбено со лани
„Минатата година, следејќи ги сите тримесечја во споредба со 2024 година, и последниот извештај потврди позитивни трендови во земјоделството. Според официјалните податоци, откупот и продажбата на земјоделските производи во последното тримесечје изнесуваат 12,5 милијарди денари, што претставува раст од 15% во однос на истиот период од 2024 година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Струмица.
Тој додаде дека растот не се однесува само на откупните и продажните цени, туку и на зголемениот квантитет на земјоделски производи.
„Според табелите објавени од Државниот завод за статистика, речиси кај сите земјоделски производи се бележи зголемување на количините. Особено се издвојуваат грозјето, пченицата и јаболката, како и производството во сточарството, особено во свињарството, овчарството и производството на говедско месо“, појасни Трипуновски.
Тој додаде дека зголемувањето на количините е забележано и кај останатите земјоделски култури, што претставува значаен показател дека 2025 година може да се оцени како успешна, со зголемен интензитет и на откупот и на извозот на земјоделски производи.
Економија
Мицкоски: Очекувам инфлацијата да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека Државниот завод за статистика излезе со извештај за инфлацијата и какви се очекувањата за оваа година, изјави:
„Во делот на храната, минатата година имаше „божиќна кошничка“, „јануарска кошничка“ и така ќе биде и во април. Инаку ценам дека ќе се движиме во рамките на проекцијата под 3% на ниво на годишна инфлација оваа година. Кога ќе ја споредиме стапката, горе-долу е иста како во регионов. Освен во соседна Србија каде што е 2,2 – 2,3 поради тоа што они имаат мерка, онаа мерка со ограничување на цените на производите. Првиот момент кога ќе ја напуштат таа мерка, тогаш сето ова ќе се нивелира и наеднаш ќе имаат пик, бидејќи ние тоа го видовме една година пред они тоа да го имплементираат и затоа одлучивме преку други механизми да се бориме против инфлацијата.
Инаку што се однесува до другите месеци, јас очекувам да бидат под 3%. Да речеме има држави во Европа како што е Романија, каде што инфлацијата во јануари е 9,8%, има Турција каде што е двоцифрена инфлацијата, преку 30%, соседна Бугарија, Хрватска и така натаму, да ги редам, голем број примери во Европа, каде што инфлацијата е многу поголема од таа што е кај нас. Јас очекувам кај нас инфлацијата оваа година на годишно ниво да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме.“
Економија
Дурмиши: Со системски мерки и партнерство ја намалуваме неформалната економија и го јакнеме формалниот сектор
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска се обрати на конференцијата „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“, посветена на системските мерки и заедничките политики за намалување на сивата економија и јакнење на формалниот сектор.
Во своето обраќање, министерот Дурмиши истакна дека неформалната економија е сложен и долгорочен предизвик кој ја нарушува конкуренцијата, ги оштетува работниците и го намалува фискалниот капацитет на државата.
Тој нагласи дека за дел од граѓаните непријавената работа не е избор, туку нужност, што бара одговор преку креирање пристојни и стабилни работни места.
„Секој компромис со сивата економија значи понизок економски раст, помалку јавни услуги и понизок квалитет на живот. Затоа ни се потребни системски, конзистентни и одржливи решенија“, потенцираше министерот.

