Економија
НЛБ Банка со промотивна кампања за сите Mastercard кредитни картички за физички лица – Вистинска можност да добиете повеќе

Почнувајќи од денеска, НЛБ Банка започнува промотивна кампања со која постоечките и новите корисници на некоја од НЛБ Mastercard кредитните картички за физички лица имаат вистинска можност да добијат повеќе.
Имено, во периодот од 10 мај до 30 јуни годинава, за постоечките и новите корисници на Mastercard Standard, Mastercard Light, Mastercard Gold и Mastercard HaPPy картичките, НЛБ Банка овозможува единствени поволности, парична награда или бесплатна членарина за првата година од користењето.
Поконкретно, во промотивниот период, 1.000 клиенти – иматели на некоја од споменатите Mastercard картички кои ќе направат најголем број трансакции ќе добијат паричен износ во висина од 2.000 денари на нивната картичка. Дополнително, сите оние кои, во промотивниот период, ќе аплицираат и ќе станат корисници на некоја од наведените Mastercard картички ќе добијат бесплатна членарина за првата година од користењето.
НЛБ Mastercard кредитните картички за физички лица може да се користат во земјата и во странство, за плаќање на продажни места и подигање готовина на банкомати секаде каде е истакнат знaкот на Мastercard. Дополнително, Mastercard HaPPy картичката е единствената картичка на пазарот која нуди загарантирана можност за cashback за секое нејзино користење.
Повеќе детали за Mastercard кредитните картички и промотивните понуди на НЛБ Банка клиентите можат да добијат во сите експозитури на Банката, како и на веб-страницата: www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број 02/15 600.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица за предадени јаболка

Денеска се исплатија 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица од подмерка 1.9 за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети, од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, извести Министерството за земјоделство.
Од таму најавуваат дека продолжува поддршката кон производителите на јаболка.
Економија
УЈП со повик: Платете го веднаш достасаниот данок по ДЛД-ГДП и избегнете присилна наплата

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници, кои во законскиот рок не ја платиле даночната обврска по ДЛД-ГДП 2024, да го исполнат својот даночен долг.
Во согласност со евиденцијата на УЈП, 3.155 даночни обврзници ја немаат намирено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во годишната даночна пријава за данокот на личен доход (ДЛД-ГДП) за 2024 година, што требаше да се исполни во законскиот рок до 30 јуни.
„Во следниот период УЈП ќе премине кон опоменување и присилна наплата на достасаните неплатени долгови по овој основ, што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03 % дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата“, информира УЈП.
Дополнителни информации се објавени на страницата на УЈП, во делот плаќање даноци на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje.
Економија
Меџити: Поддршка со 227 милиони денари за 43 проекти во 33 општини

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ги потпиша договорите за реализација на 43 капитални проекти во 33 општини во државата.
За овие проекти се обезбедени над 227 милиони денари директна финансиска поддршка од Министерството, со што се овозможува имплементација на конкретни решенија во областа на канализацијата, водоснабдувањето и управувањето со водните ресурси.
„Убеден сум дека ова е најправилниот и најефикасен модел на соработка – директно партнерство меѓу Владата и општините, со цел да им донесеме на граѓаните конкретни придобивки“, изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Тој исто така ја потенцира важноста од навремената и квалитетна реализација повикувајќи на одговорност и посветеност од страна на сите општини.
„Немаме време за губење. Секој ден што ќе го добиеме во овој процес е еден ден повеќе во служба на граѓаните“, изјави Меџити нагласувајќи дека преку ова партнерство се поставуваат нови стандарди во справувањето со инфраструктурните и еколошките предизвици.