Економија
Новата OPEL ASTRA SPORTS TOURER: успешен карван со долга традиција
• 11-та генерација: Opel Kadett Caravan и Astra Sports Tourer ја дефинираат компактна класа
• Почеток на успешната приказна: Првиот компактен караван Opel Kadett A беше бестселер
• Разновидност: многу простор, удобност и технологии за Вашиот бизнис
• Зборува сама за себе: Astra караванот го носи името Sports Tourer од 2010 година
• Нова ера: Најнова генерација со Opel визор, Pure Panel и за прв пат електрифицирана верзија

Околу 25 милиони продадени автомобили Opel Kadett и Opel Astra – 5,8 милиони од нив караван – е навистина импресивна бројка.
Компактните возила на Opel им овозможија на многумина да имаат свое возило, особено во економски тешки времиња. Со секоја генерација на модели, Opel, исто така, ги направи технологиите од повисоките сегменти на возила достапни за многу купувачи на автомобили -како што тоа го правеше со секој производ на Opel 160 години, од машини за шиење и велосипеди до мотоцикли и автомобили. Во исто време, производителот продолжува да ги
комбинира иновациите од повисоките класи со динамичен дизајн.
Претставувањето на целосно новата Astra Sports Tourer во јубилејната година на Opel го означува почетокот на една нова ера во историјата на компактната класа на брендот. Новата Astra Sports Tourer е првиот караван на Opel што го има новото лице на брендот Opel визорот и дигиталниот кокпит Pure Panel, како и стилска двобојна завршна обработка како опција.
Дополнително, ја продолжува електричната офанзива на Opel. Новата Astra Sports Tourer е првиот караван на Opel што ќе биде електрифициран – веќе сега како plug-in хибрид, а следната година, исто така, како верзија со електрична батерија.

Но, се започна со Kadett A Caravan во 1963 година. Opel го претстави својот прв караван од компактна класа и брзо стана лидер во сегментот на пазарот. Оттогаш, автомобил „како лесно комерцијално возило“ беше дел од секоја нова генерација на Kadett и Astra. Astra H (2004-2010) беше последниот компактен Opel што го носеше името Caravan до крајот на производството.

Opel Kadett Caravan (1964)
Во меѓувреме, караваните сè повеќе се менуваа од типични алатки за занаетчии до возила за секојдневна употреба. Според тоа, секој караван на Astra се нарекува Sports Tourer од 2010 година.
ПР-текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа, објави Николоски
Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави мапа со воспоставени 22 нови авио дестинации кон Европа од двата домашни аеродроми.
Продолжуваме со повеќе активности за зајакнување на авиосообраќајот, напиша Николоски.
https://www.facebook.com/share/p/1QRAib3Vd4/
„Силно се развива авиосообраќајот во Македонија.
Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа.
Аеродромите во државата со се поголем број на патници стануваат лидери во регионот.
Продолжуваме во период кој следи со уште повеќе активности со цел зајакнување на авиосообраќајот” напиша Николоски.
Економија
Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот
„Со континуираниот раст на минималната плата, државата го штити и вреднува трудот на работниците. Предлог-законот за минимална плата, во износ од 36.960 денари, претставува продолжение на континуираниот раст на минималната плата, што започна системски во 2017 година и кој во изминатите години значително го подобри животниот стандард на работниците со најниски примања“, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната комисиска расправа .
Тој посочи дека, и покрај законскиот механизам за усогласување на минималната плата со растот на просечната плата и трошоците за живот, реалноста покажува дека динамиката на поскапувањето ја надминува динамиката на законското усогласување.
„Најзасегнати од ова се граѓаните кај кои минималната плата е единствен извор на приход. Со овој закон предлагаме утврдената минимална плата од 36.960 денари со цел да се зачува реалниот животен стандард и да се обезбеди достоинствен надомест за трудот на сите работници“, додаде Спасовски.
Тој посчи дека дека средствата за спроведување на законот, предвидени во износ од 7,5 милијарди денари, ќе се обезбедат преку пренамена во рамките на постојниот буџет, без зголемување на дефицитот и без ново задолжување.
„Станува збор за одговорна и внимателно планирана пренамена која обезбедува високи примања на работниците, а при тоа ја зачувува и финансиската стабилност на државата. Минималната плата е показател на тоа колку едно општество го вреднува трудот на работниците. Таа е прашање на социјална правда, економска стабилност и човечко достоинство. Ако трошоците за живот растат, платите мора да го следат тој раст“, рече Спасовски.
Тој повика на единство во носењето на законот: Барам од сите колеги, без разлика на политичката припадност, да застанеме заедно во носењето на ова законско решение. Со тоа испраќаме порака дека го слушаме гласот на работниците и синдикатите и дека обезбедуваме егзистенција за граѓаните.
Економија
(Видео) Битиќи: Минималната плата од 600 евра не е привилегија, туку право на работниците
Зголемувањето на минималната плата на 600 евра не е никаков каприц, туку барање за социјална нормалност, а без оваа законска интервенција, оваа нормалност може да биде само политичка привилегија. Кога велиме 600 евра минимална плата, ние не велиме државата да продолжи да биде пасивен набљудувач и работите во економијата да се движат по инерција. Бараме платата да се зголеми, а Владата да си ја преземе одговорноста, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната комисиска расправа во Собранието за предлог-законот за зголемување на минималната плата.
Битиќи остро ја критикуваше Владата за продлабочувањето на сиромаштијата, слабата контрола врз цените и отсуството на вистински социјален дијалог околу минималната плата од 600 евра. Тој предупреди дека растот на трошоците директно ја нагризува куповната моќ на граѓаните.
„Оваа динамика ни кажува едноставно дека куповната моќ се јаде одвнатре, односно постои изразена тенденција сиромаштијата системски да е толерирана. Во овие услови, Владата нема право да зборува за одржливост кога се отвора темата за плати, а да молчи за сопствените институционални потфрлања што директно ја гушат економијата“, појасни Битиќи.
Тој посочи дека наместо да преземе одговорност, Владата го префрла товарот врз работниците и синдикатите.
„Се соочуваме со последователно множество на институционални слабости што го креваат стопанството на колена, а потоа Владата им држи лекција на работниците и фирмите да се договорат, праќајќи порака дека од нејзината страна нема простор за достоинствени плати.“, рече пратеникот на СДСМ.
Во однос на социјалниот дијалог, Битиќи беше дециден:
„Трошоците на живот растат, синдикатите бараат решение, а одговорот што го добиваат е одложување, игнорирање и политичка острина кон барањата на работниците. Во таква клима, социјалниот дијалог не се одржува, туку се задушува. 600 евра минимална плата е линија под која државата не смее да се повлече. Цените и трошоците веќе покажаа дека сегашните политики на Владата произведуваат работничка сиромаштија. Да не го оставаме работникот сам да се бори со инфлацијата и слабата контрола на државата. Достоинството не се одложува, туку мора да се гарантира.“, заклучи Фатмир Битиќи.

