Економија
Нова одлична понуда од Tigo.mk: искулирај го летото со стопени трошоци – 0 отсто камата за целиот период на отплата
Под слоганот „Искулирајго летото со стопени трошоци –0% камата за целиот период на отплата“, водечкиот бренд за Финтек кредитирање и прв избор на над десетици илјади граѓани, Tigo.mk започна со атрактивна летна понуда наменета за сите нови и повторни клиенти.
Имено, клиентите кои во претстојниот период до 31 јули, ќе склучат договор за кредит со одбрана
опција Tigo Multi, добиваат 0% камата за целиот период на отплата, без разлика дали ќе одберат
отплата на 3, 6, 12, 18 или 24 месеци.
Клиентите ќе можат да ја активираат оваа опција на www.tigo.mk или во некоја од Тиго филијалите ширум земјата, со аплицирање на промотивен код – 0КАМАТА. Процесот на апликација за кредит е многу едноставен, разбирлив и брз – одговор на бесплатната апликација за кредит се добива за само 30 секунди, а исплатата во готово во филијала се врши за само 15 минути.
Речиси 7 години, Тigo.mk посветено работи во насока на пресретнување на потребите на клиентите, и на одговорен и транспарентен начин нуди пристап до финансии. Потврда за тоа е и оваа понуда, која доаѓа како директен одговор на барањата на клиентите во овој летен период, кога желбите за летни авантури и креирањето на нови спомени се многу често условени од недостатокот на финансиски средства.
Немаш пари? Нема проблем! – Искулирај го летото со стопени трошоци – 0% камата за целиот
период на отплата
Повеќе информации за понудата и Tigo.mk се достапни на веб страницата www.tigo.mk, во било
која Tigo.mk филијала или на телефонскиот број 13 700.
*Репрезентативен пример: Износ на кредит од 10.000 ден. издаден на 01.07.2024 и рок на отплата 12 месеци, износ на камата: 12% 0%, износ на административен трошок: 3,40% месечно од остатокот од главницата; провизија за трансформација на начинот на отплата во еднакви месечни ануитети: 25% од
главница. Вкупно за враќање: 15.252 ден. износ на СВТ 49.3%. Повеќе информации за понудата се достапни на следниот линк>>> и тарифата.
За Tigo . m k
Tigo.mk е дел од македонската компанија ФД Финмак ДОО. Со своите два бренда, Tigo.mk и Bongo, Финмак обезбедува високи етички и професионални стандарди и култура каде клиентот е секогаш во главниот фокус. Финмак ДОО е член на Групацијата на финансиски друштва во рамките на Стопанската комора, чии членови се залагаат за одговорно кредитирање и обезбедување на повисоко ниво на заштита на клиентите. Финмак ДОО е дел од Eleving Group, водечка Финтек групација која обезбедува одржливи финансиски решенија на глобално ниво. Уште од нејзиното основање во 2012 г. во Латвија, Eleving Group е двигател на иновациите во финансиската технологија низ целиот свет. Eleving Group опслужува 16 пазари на 3 континенти, промовирајќи финансиска инклузија и зајакнување на општествената мобилност низ целиот свет. Две последователни години, Eleving Group се вбројува помеѓу првите 1000 најбрзо растечки компании во Европа според реномираниот Financial Times во 2020 и 2021. Повеќе информации зa Eleving Group се достапни на www.eleving.com
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

