Економија
Новиот „пежо партнер“ – „2.1.0 Let’s go! На твоја страна. Секогаш со тебе!”
По повод 210 годишнината на „Пежо“, во понуда е нова комуникација, која ја претставува комерцијалната гама на брендот. „2.1.0 Let’s go! На твоја страна. Секогаш со тебе!” е слоганот кој се користи за оваа кампања, со цел поврзување на приказната за јубилејот на „Пежо“, како и потврда за верноста и исполнителноста на моделите кон своите клиенти низ годините.
Како еден од најстарите автомобилски брендови, „Пежо“ од секогаш се стремел кон задоволување на потребите на индивудуалецот. Секој бизнис има свои потреби. Со цел да се задоволат специфичните потреби на клиентите – од корисник на возилото, до менаџери на возен парк – комерцијалната гама на „Пежо“ нуди различни верзии од моделите Partner, Expert и Boxer, прилагодливи на барањата на клиентот.
Секој трговец, менаџер или вработен во големо или мало претпријатие кој има потреба од комерцијално возило, креирано согласно своите барања и потреби, може да се обрати во „Еуроимпекс“ или кон овластената дилерска мрежа низ земјава, кои ќе креираат понуда која најдобро одговара на вашите барања.
Информативната пресметка која е формирана во моментов се заснова на конкретен пример за Comfort ниво на опременост и 1.5 BlueHDi мотор со 75КС, што значи дека при пресметка за Partner со други карактеристики, вредноста на месечната рата нема да се совпаѓа со наведената, е следната:
Peugeot Partner 1.5 BlueHDi / 75КС – Comfort ниво на опременост
Цена:11.822€ или 730.600 мкд (вредноста не е со вклучен ДДВ)
– Учеството изнесува 3.100€ или 191.580 ден.
– Годишната фиксна каматна стапка за финансирање во ЕУР е 5,5%, каматна стапка за правни лица.
– Плаќањето се врши на 84 рати
– Месечната рата која не вклучува ДДВ изнесува 136€ или 8.405 ден.
*Вредностите во пресметката се однесуваат преку Шпаркасе лизинг, искажани се со валута ЕУР, но ќе се пресметуваат во денарска противвредност. Комерцијалните возила Partner, Expert и Boxer се возила за сечии потреби, создадени од професионалци за професионалци.
За повеќе информации посетете ги продажни салони во „Еуроимпекс“ и дилерската мрежа или контактирајте ги преку следниов линк: https://peugeot.mk/tovarna-gama .
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

