Економија
Нови 8 милиони евра бескаматни кредити преку Развојната банка за фирмите погодени од коронавирусот
Владата донесе одлука за отворање на нова кредитна линија преку Развојната банка, која е дел од вториот пакет економски мерки.
Министерката за финансии, Нина Ангеловска, на социјалните мрежи објави дека бесмакатните кредити се наменети за зачувување на работните места и подобрување на ликвидноста на фирмите.
Кредитните услови предвидуваат каматна стапка од нула проценти на годишно ниво, рок на отплата до 3 години со вклучен грејс период до 12 месеци, како и обезбедување со меница.
За бескаматните кредити можат да аплицираат сите погодени компании од сите дејности кои имаат намалување на приходот на за повеќе од 30 проценти во тековниот период, на пример во месеците март или април 2020 во споредба со истиот месец минатата година или со просечниот месечен приход во 2019 година. Понатаму, компаниите можат да аплицираат ако се регистрирани повеќе од половина година, ако немаат неплатени даноци и придонеси до 31.01.2020, не се во постапка на стечај или ликвидација и не се во категоријата исклучително ризични кредитобаратели.
Минималниот износ на кредитот е 3.000 евра, а максималниот износ е 90.000 евра. Сумата на кредитот се одредува според бројот на вработени од заклучно со 31.01.2020 наведен во изјава при аплицирање, се множи по бројот на вработени, за пресметани најмногу 3 месеци.
„Формулата за пресметка на износот кој компанија може да го искористи е следен: Број на вработени x 14.500 ден x 3 месеци. На пример: компанија со 10 вработени ќе може да добие 14.500 денари X 10 вработени X 3 месеци = 435.000 денари или 7.073 евра“, се наведува во објавата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Биткоинот силно паѓа
Биткоинот денес падна на најниско ниво за повеќе од шест месеци, бидејќи инвеститорите ја намалуваат изложеноста на ризични средства поради неизвесноста околу следниот потег на Федералните резерви на САД. Водечката криптовалута во светот падна на 86.325,81 долари, што е најниската вредност од 21 април. Цената подоцна се стабилизираше на околу 86.690 долари.
XRP падна за 2,3%, додека етерот изгуби повеќе од 3% од својата вредност и се тргува далеку под нивото од 3.000 долари.
Во исто време, главните индекси на Волстрит забележаа падови, откако почетниот ентузијазам предизвикан од импресивните резултати на технолошкиот гигант Nvidia брзо исчезна.
Веројатноста дека биткоинот ќе ја заврши годината под 90.000 долари се зголеми на 50%, според податоците од платформата за опции Derive.xyz, бидејќи трговците сè повеќе се заштитуваат од понатамошни падови, објавува „Ројтерс“.
Биткоинот е во опаѓачка траекторија од почетокот на октомври, кога достигна рекордно високо ниво од 126.223,18 долари. Изгуби повеќе од 7% од својата вредност од почетокот на годината и е на пат да го забележи својот прв годишен пад од 2022 година.
Една од главните причини за падот на биткоинот е попретпазливиот став на неколку претставници на Федералните резерви на САД, кои предупредуваат на сè уште превисока инфлација во САД и советуваат воздржаност во понатамошните намалувања на каматните стапки. Ова ги намали пазарните очекувања и изврши притисок врз биткоинот и другите ризични средства како што се акциите.
Економија
Бислимоски – Сјаојен: Енергетската транзиција е приоритет број еден
Над 55 % од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори и определбата на земјава е јасна дека енергетската транзиција е приоритет број еден – е пораката што претседателот Марко Бислимоски и членовите на РКЕ ја истакнаа на средбата со амбасадорката на Народна Република Кина, Џианг Сјаојен.
Соговорниците ги споделија искуствата во секторот, истакнувајќи дека полето на соработка може да се прошири, ако се земе во предвид дека материјали со кинеско производство се повеќе се употребуваат при реализација на значаен дел на инвестициите во енергетиката.
„Инвеститорите се добредојдени во земјава, но соработката мора да биде базирана на законските прописи кои се синхронизирани со европските правила што подразбираат јавни и транспарентни тендерски постапки “ посочи Бислимоски.
На средбата се разговараше и за тоа како новите технологии – паметните мрежи, батериите за складирање на електрична енергија, можат да придонесат за побрза енергетска транзиција
Економија
Минималните семејни трошоци во ноември 65.173 денари, со изнајмен стан надминуваат 80 илјади
Минималните месечни трошоци што едно четиричлено семејство ги има во ноември достигнуваат 65.173 денари, додека доколку семејството живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, вкупните потребни средства се искачуваат на 80.548 денари.
За храна и пијалоци се издвојуваат 23.534 денари, додека 6.130 денари се потребни за режиски трошоци, соопшти Сојузот на синдикатите, кој ја изработува синдикалната минимална кошница.
Во однос на минатиот месец, кога за покривање на основните трошоци биле потребни 65.544 денари, сега е забележано намалување од 371 денар.

