Економија
Нов дополнителен рок од 15 дена за искористување на средства од ИПАРД 2, мерка 7
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира сите заинтересирани за добивање на финансиска поддршка од ИПАРД 2, мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“, дека се дава дополнителен рок од 15 дена за доставување на апликациите за добивање финансиска поддршка преку оваа мерка од ИПАРД 2-програмата.
Ова значи дека наместо до 22 август 2021 година, комплетната документација заедно со барањето за финансиска поддршка од ИПАРД, заинтересираните ќе може да ги достават до 6 септември 2021 година.
Директорот на Агенцијата, Никица Бачовски, информира дека со продолжување на рокот за аплицирање им се дава дополнителна можност на апликантите за прибирање на целокупната документација која е потребна за поднесување барања за добивање средства преку мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“.
„И ние и телото за управување со ИПАРД при МЗШВ, увидовме дека заради летните одмори, најголем дел од домашните и странски добавувачи работат со редуциран капацитет, со што апаликантите се соочуваат со проблем околу прибирање на потребната документација и понуди за набавка на инвестициите, што, пак, е услов за прифаќање на апликацијата како комплетна.Токму затоа им излегуваме во пресрет на сите заинтересирани да можат да достават квалитетни, целосни апликации преку кои ќе се искористат расположливите средства“, информира Бачовски.
На овој повик на располагање се над 13,5 милиони евра. Финансиската поддршка по корисник се движи од 1.500 до 1.000.000 евра, не вклучувајќи го данокот на додадена вредност, а повратот на инвестицијата е во висина до 65% од вкупните прифатливи трошоци.
Со помош на средствата кои се на располагање на овој повик апликантите може да инвестираат во следните сектори:
1.Алтернативно земјоделско производство 2.Алкохолни производи од грозје или овошје и пиво; 3. Колачи, тестенини и пекарски производи; 4. Чај и билни екстракти;
5.Зачини и билки; 6. Слатководна риба, ракови и мекотели и 7. Други производи кои не се наведени во Листа на производи од Анекс I на Договорот за функционирањето на ЕУ. 8. Производство на непрехранбени производи 9. Занаетчиски дејности, кои се во согласно со Правилникот за определување дејности кои можат да ги вршат занаетчиите 10.Обезбедување услуги во земјоделството 11.Развој на услуги за руралното население 12. Промоција на руралниот туризам.
Целокупната документација која е потребна за аплицирање може да се најде на веб-страната на АФПЗРР, www.ipardpa.gov.mk. Со помош на средствата од ИПАРД 2-програмата се нуди можност да се модернизираат домашните мали и микро претпријатија, кои се моторот на домашната економија, посочуваат од Агенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Партнерство за енергетската иднина“: Потпишан Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УНДП“
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува јасна и долгорочна рамка за заедничко делување во областа на енергетиката, енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија и одржливиот развој.
Меморандумот го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Северна Македонија, Армен Григорјан. Со Меморандумот се зајакнува институционалната соработка меѓу двете страни и се отвора простор за координирани активности насочени кон праведна и инклузивна енергетска транзиција, зајакнување на енергетската независност и отпорност на државата, како и исполнување на националните и меѓународните климатски цели.
„Овој Меморандум претставува силна потврда на нашата заложба за модерна, одржлива и праведна енергетска транзиција. Преку партнерството со УНДП добиваме дополнителна експертиза и поддршка за креирање и спроведување политики кои носат конкретни придобивки за граѓаните, економијата и животната средина“, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.
Соработката ќе се реализира во согласност со националните приоритети и Програмскиот документ на УНДП за Република Северна Македонија за периодот 2026–2030, со посебен фокус на добро управување, транспарентност и активно вклучување на јавноста во процесите на донесување одлуки поврзани со енергетиката.
„УНДП останува посветен партнер на институциите во Северна Македонија во унапредувањето на одржливиот развој. Овој Меморандум создава силна основа за заедничка работа во енергетскиот сектор, со фокус на чиста енергија, намалување на емисиите и инклузивен јавен дијалог“, истакна постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан.
Меморандумот предвидува заеднички активности во развојот на енергетскиот сектор, рударството и управувањето со минералните ресурси, намалување на емисиите на стакленички гасови преку зголемена примена на обновливи извори и мерки за енергетска ефикасност, како и поддршка во изработката и спроведувањето на национални стратегии, законодавство и акциски планови во областа на енергетиката.
Особено значаен сегмент од соработката е насочен кон јакнење на институционалните, техничките и човечките капацитети, преку градење експертиза и подобрување на процесите за креирање и спроведување јавни политики, како и кон унапредување на транспарентноста и инклузивниот јавен дијалог, со посебно внимание на младите, жените и ранливите групи граѓани. Во рамки на партнерството е предвидена и заедничка организација на национални и меѓународни настани, форуми и иницијативи посветени на одржливиот развој и енергетската транзиција.
Меморандумот е склучен на период од четири години, со можност за продолжување, и претставува значаен чекор кон продлабочување на соработката меѓу Министерството за енергетика и УНДП во насока на одржлива и сигурна енергетска иднина за Северна Македонија.
Економија
Новата Ford Puma Gen-E финалист на европскиот натпревар AUTOBEST 2026!
Ford Puma Gen-E е избрана за финалист на престижниот избор AUTOBEST 2026 – признание што ја потврдува визијата на Ford за иновативна, ефикасна и достапна мобилност.
Како нова електрифицирана генерација на омилениот кросовер, Puma Gen-E комбинира динамичен дизајн, напредни технологии и практичност создадена за секојдневието. Со фокус на одржливост и паметни решенија, моделот нуди возбудливо искуство во градот и надвор од него, без компромис во удобноста и перформансите.
Ова признание од AUTOBEST е уште една потврда дека Ford Puma Gen-E поставува нови стандарди во својата класа.
👉 Вашиот глас е важен!
Поддржете ја Ford Puma Gen-E и гласајте во изборот AUTOBEST 2026 на https://autobest.org/.
AUTOBEST е еден од најрелевантните и највлијателни европски автомобилски избори, основан со цел да ги претставува интересите на реалните возачи низ целиот континент. Жирито на AUTOBEST го сочинуваат реномирани автомобилски новинари од повеќе од 30 европски земји, кои заедно претставуваат над 90% од европскиот автомобилски пазар.
Финалистите и победниците на AUTOBEST се сметаат за репер во европската автомобилска индустрија, а самото учество во финалната селекција претставува значајно признание за квалитетот и визијата на еден модел.
(ПР)
Економија
Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со грантовите во вкупен износ од 25 милиони евра
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе се обезбедат грантови за адаптирање на компаниите кон зелена трансформација и заштита на животната средина, изјави:
„Да работиме, практично Инова агенцијата, околу овозможување и обезбедување грантови за компаниите, посебно во делот на енергетската трансформација. Имав и таму едно многу интересно обраќање. Да, за енергетската трансформација, но треба да сме многу внимателни. Затоа што не сум сигурен, а тоа се сложија и голем број од учесниците на тие панели, дека со таа енергетска трансформација, ние можеме на долг рок да генерираме базна енергија којашто е потребна на индустријата за потребите на самата индустрија. Тоа треба да се одвива чекор по чекор, затоа што секоја избрзана постапка може да направи штета по индустријата и по државата. Но, колку за информација за компаниите, некаде околу 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра и наскоро ќе има и за тоа објава во јавноста и јавен повик.“

