Економија
Нов јавен клуч на УЈП за потпишување на МПИН пресметките
Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност дека генерираше нов јавен клуч со важност од 27 мај 2025 година кој треба да се користи за криптирање на МПИН пресметките изготвени преку Клиентскиот софтвер.
Даночните обврзници кои имаат активен код за идентификација треба задолжително да го преземат новиот јавен клуч на Управата за јавни приходи, од веб – страницата на УЈП (види линк http://ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/257).
„Напомeнуваме дека новиот јавен клуч треба да се ископира на работната машина на која е инсталиран Клиентскиот софтвер за подготовка на МПИН пресметки, на патека C:\MPPP-Prijavi\kod. Новите даночни обврзници на кои по прв пат им се генерира код за идентификација треба истиот да го инсталираат заедно со новиот клуч на УЈП, кои ќе ги добијат на USB (доколку барањето за код го имаат доставено во хартиена форма до шалтерите на УЈП), односно ќе ги преземат преку системот е-Даночни услуги (доколку барањето за нов код за идентификација го доставиле во електронска форма)“, велат од УЈП.
Истово важи и за постоечките даночни обврзници кои го менуваат кодот за идентификација.
„Сите даночни обврзници кои сѐ уште немаат поднесено МПИН пресметка за мај 2025, како и оние кои во текот на вчерашниот ден добија порака дека МПИН пресметката нема да им биде обработена, по преземањето на новиот јавен клуч, да изготват МПИН пресметка и да ја поднесат до Управата за јавни приходи“, велат од Управата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

