Економија
„Нeптун“ за Денот на планетата Земја со одлична понуда, попусти и до 60 рати!
Денот на планетата Земја, 22 април, е интернационален празник кој се одбележува со низа активности кои имаат за цел подигање на свесноста кај луѓето за зачувување на животната средина. Преку укажувања на негативните влијанија поради загадувањето на воздухот, водата и почвата, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично, честитките по повод празникот содржат препораки за инвестирање во ефикасни и обновливи извори на енергија со цел да се забават климатските промени предизвикани од човекот. Денот на планетата Земја претставува можност секој жител на планетата да размисли за своето однесување кон планетата и да придонесе истата да биде почиста и поубава. Само здрава и чиста животна средина може да ни овозможи квалитетен и здрав живот на сите. Со заеднички сили треба да се работи на подигање на свеста за потребата за заштита на животната средина и одговорно однесување на секој поединец.
„Нептун Македонија“, компанијата која е лидер во продажбата на апарати за домаќинство, ИТ и комуникациска опрема, и уреди за ладење и греење – по повод Денот на планетата Земја, месецот април го посвети на заштитата на животната средина. Преку кампањата„Се грижиме заедно”, „Нептун Македонија“ промовираше производи со висока енергетска ефикасност. Целта на компанијата е да се мотивираат луѓето во државава да учествуваат директно кон заштитата на животната средина преку порационално искористување на енергетските ресурси. Притоа, купувачите на новите уреди би оствариле двојни заштеди – попуст и пониски сметки.

Нептун оваа среда, 22 април, организира голема еднодневна акција со цел да се одбележи овој интернационален празник, со попусти и супер понуди. Акцијата „Нови енергетско поефикасни уреди за заштеди и грижа за животната средина” нуди примамливи попусти и одличен избор на производи од сите продуктни категории. Потрошувачите ќе може да купат производи по супер цени, со одлични услови и можност за плаќање до 60 рати. Застапени ќе бидат одлични модели на: смартфони, телевизори, лаптопи, смарт-уреди и аксесоари, бела техника и мали апарати за домаќинство. Акцијата ќе важи за купување во Нептун продажните салони, но и за онлајн продажба преку веб-сајтот Neptun.mk и преку нивната мобилна апликација за онлајн шопинг NEPTUN достапна на Play Store и App Store. Не ја пропуштајте оваа идеална прилика за шопинг по супер услови! Погледнете го летокот на овој линк.
„Нептун Македонија“ е дел од „Балфин“, една од најголемите приватни инвестициски групации во регионот и е позната по своите инвестиции во трговски центри, резиденцијални и комерцијални објекти, туристички проекти, како што Green Coast Resort и Vala Mar Residences, активности во модната и во рударската индустрија, како и во сферата на малопродажбата со „Нептун“, „Џамбо“, SPAR и други. „Балфин“ лани заедно со Комерцијална банка АД Скопје го комплетираше купувањето на Тирана банк. Под капата на „Балфин“ се голем број претпријатија кои функционираат во различни сфери, а сместени се во седум држави и бројат речиси 6.000 вработени. Покрај во Албанија, каде што е централата и нашата земја, групацијата е присутна со различни типови на проекти, и во: Австрија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Холандија.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Биткоинот силно паѓа
Биткоинот денес падна на најниско ниво за повеќе од шест месеци, бидејќи инвеститорите ја намалуваат изложеноста на ризични средства поради неизвесноста околу следниот потег на Федералните резерви на САД. Водечката криптовалута во светот падна на 86.325,81 долари, што е најниската вредност од 21 април. Цената подоцна се стабилизираше на околу 86.690 долари.
XRP падна за 2,3%, додека етерот изгуби повеќе од 3% од својата вредност и се тргува далеку под нивото од 3.000 долари.
Во исто време, главните индекси на Волстрит забележаа падови, откако почетниот ентузијазам предизвикан од импресивните резултати на технолошкиот гигант Nvidia брзо исчезна.
Веројатноста дека биткоинот ќе ја заврши годината под 90.000 долари се зголеми на 50%, според податоците од платформата за опции Derive.xyz, бидејќи трговците сè повеќе се заштитуваат од понатамошни падови, објавува „Ројтерс“.
Биткоинот е во опаѓачка траекторија од почетокот на октомври, кога достигна рекордно високо ниво од 126.223,18 долари. Изгуби повеќе од 7% од својата вредност од почетокот на годината и е на пат да го забележи својот прв годишен пад од 2022 година.
Една од главните причини за падот на биткоинот е попретпазливиот став на неколку претставници на Федералните резерви на САД, кои предупредуваат на сè уште превисока инфлација во САД и советуваат воздржаност во понатамошните намалувања на каматните стапки. Ова ги намали пазарните очекувања и изврши притисок врз биткоинот и другите ризични средства како што се акциите.
Економија
Бислимоски – Сјаојен: Енергетската транзиција е приоритет број еден
Над 55 % од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори и определбата на земјава е јасна дека енергетската транзиција е приоритет број еден – е пораката што претседателот Марко Бислимоски и членовите на РКЕ ја истакнаа на средбата со амбасадорката на Народна Република Кина, Џианг Сјаојен.
Соговорниците ги споделија искуствата во секторот, истакнувајќи дека полето на соработка може да се прошири, ако се земе во предвид дека материјали со кинеско производство се повеќе се употребуваат при реализација на значаен дел на инвестициите во енергетиката.
„Инвеститорите се добредојдени во земјава, но соработката мора да биде базирана на законските прописи кои се синхронизирани со европските правила што подразбираат јавни и транспарентни тендерски постапки “ посочи Бислимоски.
На средбата се разговараше и за тоа како новите технологии – паметните мрежи, батериите за складирање на електрична енергија, можат да придонесат за побрза енергетска транзиција
Економија
Минималните семејни трошоци во ноември 65.173 денари, со изнајмен стан надминуваат 80 илјади
Минималните месечни трошоци што едно четиричлено семејство ги има во ноември достигнуваат 65.173 денари, додека доколку семејството живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, вкупните потребни средства се искачуваат на 80.548 денари.
За храна и пијалоци се издвојуваат 23.534 денари, додека 6.130 денари се потребни за режиски трошоци, соопшти Сојузот на синдикатите, кој ја изработува синдикалната минимална кошница.
Во однос на минатиот месец, кога за покривање на основните трошоци биле потребни 65.544 денари, сега е забележано намалување од 371 денар.

