Економија
Објавен нов јавен повик за зајакнување на дигиталните вештини и отворање нови е-продавници
Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – AETM, во рамките на проектот „Дигитално подготвени за е-трговија“, објавува јавен повик за учество на заинтересирани компании во програмата за поддршка на микро, мали и средни претпријатија и регистрирани индивидуални производители, кои доаѓаат од следниве три сектори:
– агропроизводство (производи од свежи или процесирани овошја и зеленчук);
– лесно производство – облека и текстил и преработка на дрво и производство на мебел;
– влезен туризам за следните видови туризам: екотуризам, рурален туризам и авантуристички туризам.
Проектот „Дигитално подготвени за е-трговија“, поддржан од проектот на УСАИД за економски развој, управување и раст на претпријатијата (EDGE), а спроведуван во соработка со Албанската асоцијација за е-трговија, има цел да ги унапреди дигиталните вештини на вкупно 60 избрани учесници од двете земји, кои доаѓаат од избраните три сектори и да им помогне да отворат дополнителен канал за продажба преку поврзување со локалните веб-платформи за е-трговија.
Избраните кандидати ќе имаат можност да присуствуваат на три едукативни тренинг-сесии со физичко присуство, кои ќе бидат адаптирани според нивните специфични потреби, а по завршување на сесиите, учесниците ќе имаат можност да бидат поврзани со локалните постојни веб-платформи за е-трговија и да започнат со онлајн-продажба на нивните производи и услуги преку отворање е-продавница.
Аплицирањето е бесплатно и се одвива онлајн преку веб-страницата на АЕТМ на следниот линк. Аплицирањето за учество во програмата ќе трае до вторник, 24 октомври 2023, 23.59 часот. Учесниците ќе бидат избрани од страна на тричлена комисија, составена од експерти за е-трговија, која индивидуално ќе ги оценува апликациите.
Оваа иницијатива им дава можност на избраните учесници да го зајакнат своето онлајн-присуство и да ги унапредат своите вештини, знаења и компетенции потребни за раст во дигиталната ера.
АЕТМ преку овој проект ги потврдува своите интензивни заложби за раст на е-трговијата во Македонија и регионот преку соработка со домашните и регионалните бизниси помагајќи им да стекнат квалитетна едукација, воспоставување онлајн-присуство и размена на најдобри практики сè со цел зголемување на нивната продажба и искористување на целосниот потенцијал за раст.
Сите подетаљни информации поврзани со јавниот повик се достапни овде.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Нова ТВ-кампања на Tigo.mk: Немаш пари? Нема проблем!
Пионерот и иноватор на термините “0% трошоци и бесплатен кредит” во финансиската терминологија, Tigo.mk, започна со нова маркетинг и ТВ кампања, каде повторно во фокусот е клиентот и решението на неговите потреби.
Мотивирана од различните животни ситуации, каде недостатокот на финансиски средства може да претставува предизвик во остварување на идеите и задоволување на потребите, кампањата на духовит и интересен начин ја пренесува понудата со која граѓаните, кои за првпат аплицираат за кредит во Tigo.mk, можат да ги ползуваат придобивките на кредит без трошоци, односно, колку клиентот зема – толку и враќа. Без никакви дополнителни трошоци, 0% камата и 0% провизии.
Се што треба граѓаните да направат е да ја посетат страницата на Tigo.mk или некоја од 29-те филијали ширум земјата и да аплицираат за кредит само со важечки документ за лична идентификација, без дополнителни процедури или жиранти. Одговор на бесплатната апликација за кредит се добива за само 30 секунди, а исплатата во готово во филијала се врши за само 15 минути. И тоа е сѐ! „Немаш пари? Нема проблем!“ Погледнете ја рекламата.
Тigo.mk, дел од Финмак ДОО, е водечки бренд во индустријата на небанкарски кредити, кој на македонските граѓани во изминатите, речиси 7 години, на одговорен и транспарентен начин, нуди пристап до финансии и обезбедува финансиска инклузија на неопслуженото население на пазарот.
До услугите на Tigo.mk клиентите можат едноставно да пристапат онлајн на www.tigo.mk или во некоја од нашите филијали ширум земјата, а аплицирањето и на обете места е подеднакво брзо и едноставно – одговор на апликацијата се добива за 30 секунди, a исплатата во кеш се врши за само 15 минути.
Повеќе информации за понудата и Tigo.mk се достапни на веб страницата www.tigo.mk, во било која Tigo.mk филијала или на телефонскиот број 13 700.
(ПР текст)
Економија
Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст
Биткоинот поскапе за 0,53 отсто на 61.710,57 евра денеска во 15:30 часот на најголемата светска берза за криптовалути Binance.
Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 21,42 милијарди евра, што е значително повеќе од вчера.
Инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст на Биткоин.
Економија
Нови цени на дизелот и бензините од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,27 % во однос на одлуката од 16.5.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,601 %, кај дизелот 0,751 %, кај екстра-лесното масло 1,310 % и кај „мазутот“ намалувањето е 2,450 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,368 %.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се намалува 1,50 денар/л.
Малопродажните цени на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98, како и на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 1,00 денар/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,306 денари/кг и сега ќе изнесува 42,629 денара/кг.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 21.5.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.