Економија
Одблокиран железничкиот сообраќај, возовите тргнуваат во четврток од 16 часот
Железничкиот сообраќај од денеска, четврток, во 16 часот ќе почне да функционира, откако вработените во МЖ Транспорт го прекинаа протестот, по договорот со в.д. директорот, Игор Коруновски јануарската плата да биде целосно исплатена идната недела, а до крајот на месецот да биде исплатена февруарската плата.
Договорено е од април да почне редовна исплата на платите.
Од машинскиот персонал во железницата, предходно побараа средба со менаџментот со барање да им бидат исплатени по 10.000 денари од вториот дел од платата. Утрото вработените во работилницата за оспособување на локомотивите на МЖ Транспорт одлучија да го прекинат протестот откако добвија ветување од менаџментот дека платите ќе почнат редовно да се исплаќаат.
Вработените во Македонски железници го почнаа протестот пред две недели поради неисплатени две плати. Декемвриската плата им беше исплатена уште на почетокот на протестот, а се проблематизираше јануарската плата. во меѓувреме поранешниот генерален директор на МЖ Транспорт Никола Костов даде оставка, а Владата го назначи за в. д. директор Игор Коруновски.
Во четврток, стигна соопштение и од фирмата „Арцелор Митал’, од каде се пожалија дека 22.000 тони репроматеријали чекаат да стигнат од Грција и од Србија, но поради тоа што македонските возови не сообраќаа, тие не стигнуваа до Скопје.
„Досега, последици беа регистрирани со доцнење на планираната кампања за производството како и големи трошоци и пенали за лежарина, но доколку штрајкот не прекине веднаш, ќе следува целосен прекин на производството. Загубите ќе влијаат не само на АрцелорМиттал туку и на голем број крајни корисници низ регионот на целиот Балкан кои ќе ги добијат нарачаните ладновалани, пластифицирани и поцинкувани лимови со значителни задоцнувања. Оттука, за компанија која е во голема мера ориентирана на извоз, по повеќе години на успешен раст постои сериозен ризик од негативни последици на пазарот“, се вели во соопштењнието од фирмата./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

