Економија
Одлична акција од Tigo.mk за сите нови и повторни клиенти; Само до 31 август: 0% камата за целиот период на отплата

Понудата која ги освои симпатиите на илјадници граѓани, се приближува кон крајот. Остануваат уште само неколку дена до кога сите заинтересирани нови и постојни клиенти на Tigo.mk да можат да земат кредит со 0% камата за целиот период на отплата до 24 месеци.
За потсетување, клиентите кои сакаат да аплицираат за атрактивната понуда, треба да посетат некоја од филијалите на Тиго или пак да ја посетат веб страницата www.tigo.mk и да аплицираат за кредит со код 0КАМАТА во опцијата Tigo Multi. Понудата 0% камата за целиот период на отплата е достапна за сите нови или постојни Tigo клиенти, без разлика дали ќе одберат отплата на 3, 6, 12, 18 или 24 месеци.
Процесот на апликација за кредит е многу едноставен, разбирлив и брз – одговор на бесплатната апликација за кредит се добива за само 30 секунди, а исплатата во готово во филијала се врши за помалку од 15 минути.
Речиси 7 години, Тigo.mk посветено работи во насока на пресретнување на потребите на клиентите, и на одговорен и транспарентен начин нуди пристап до финансии. Оттука, произлегува и слоганот Немаш пари? Нема проблем!, кој на јасен и недвосмислен начинја доловува мисијата на компанијата – Прв избор за Финтек кредитирање.
Повеќе информации за понудата и Tigo.mk се достапни на веб страницата www.tigo.mk, во било која Tigo.mk филијала или на телефонскиот број 13 700.
*Репрезентативен пример: Износ на кредит од 10.000 ден. издаден на 01.08.2024 и рок на отплата 12 месеци, износ на камата: 12% 0%, износ на административен трошок: 3,40% месечно од остатокот од главницата; провизија за трансформација на начинот на отплата во еднакви месечни ануитети: 25% одглавница. Вкупно за враќање: 15.252 ден. износ на СВТ 49.50%. Повеќе информации за понудата се достапни на следниот линк>>> итарифата.
За Tigo . m k
Tigo.mk е дел од македонската компанија ФД Финмак ДОО. Со своите два бренда, Tigo.mk и Bongo, Финмак обезбедува високи етички и професионални стандарди и култура каде клиентот е секогаш во главниот фокус. Финмак ДОО е член на Групацијата на финансиски друштва во рамките на Стопанската комора, чии членови се залагаат за одговорно кредитирање и обезбедување на повисоко ниво на заштита на клиентите. Финмак ДОО е дел од Eleving Group, водечка Финтек групација која обезбедува одржливи финансиски решенија на глобално ниво. Уште од нејзиното основање во 2012 г. во Латвија, Eleving Group е двигател на иновациите во финансиската технологија низ целиот свет. Eleving Group опслужува 16 пазари на 3 континенти, промовирајќи финансиска инклузија и зајакнување на општествената мобилност низ целиот свет. Две последователни години, Eleving Group се вбројува помеѓу првите 1000 најбрзо растечки компании во Европа според реномираниот Financial Times во 2020 и 2021. Повеќе информации зa Eleving Group се достапни на www.eleving.com
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Славески: Народната банка останува цврсто посветена на ценовната стабилност и на стабилноста на девизниот курс

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, учествуваше на 24. Конференција на Македонска берза, каде што говореше за растечката глобална неизвесност и нејзините импликации врз малите и високо отворени економии, како што е македонската.
Тој истакна дека во постпандемискиот период трговската отвореност на нашата економија во просек достигна околу 150% од БДП, што ја зголемува чувствителноста на промени во надворешното опкружување. Според него, во моментов најизразени се неизвесностите поврзани со новите трговски политики на САД и потенцијалните реципрочни мерки од големите светски економии. Иако директната изложеност кон американскиот пазар е мала, индиректните ефекти преку намалување на побарувачката во ЕУ не се занемарливи. Дополнителна загриженост отвараат можните ефекти врз глобалната инфлација преку синџирите за снабдување и инфлациските очекувања.
„Трговските тензии се надоврзуваат на постојната неизвесност поврзана со геофрагментацијата, политичките нестабилности и состојбата во германската автомобилска индустрија. Дополнително, брзиот развој на технологијата и вештачката интелигенција, кои нудат огромни можности, истовремено можат да предизвикаат и зголемени ризици за монетарната политика во иднина“.
Во однос на одговорот на монетарната политика на ваквите предизвици, тој подвлече дека е неопходно одлучувањето да се темели на широк спектар на податоци и анализи, изготвување алтернативни сценарија и пред сè –посветеност на ценовната стабилност на среден рок и стабилноста на девизниот курс.
„Народната банка останува подготвена да одговори на евентуални непредвидливи предизвици, потпирајќи се на искуството од справувањето со екстерни шокови во минатото. Од суштинско значење е одржувањето на независноста на централната банка и кредибилитетот на нејзините политики. Солидното ниво на девизни резерви е гаранција за стабилноста на девизниот курс на националната валута“, истакна гувернерот.
Славески посочи дека Народната банка ќе продолжи да ги унапредува своите капацитети за справување со предизвиците и дека, иако сите неизвесности не можат да се отстранат, навремено поставување на вистинските прашања е клучно за пронаоѓање на појасна насока за иднината.
Економија
Народната банка: Финансиската стабилност е задржана

Советот на Народната банка ја одржа својата редовна седница на која го усвои Извештајот за финансиската стабилност за 2024 година. Во Извештајот се оценува дека во текот на 2024 година финансискиот систем ја одржа стабилноста, добро се справи со предизвиците и е отпорен на шокови.
„Сите сегменти на пазарот – од банкарскиот систем, преку приватните пензиски и инвестициски фондови, осигурителниот сектор, до помалите институции како штедилниците и друштвата за лизинг – ја задржаа својата стабилност, покажувајќи добра отпорност на шокови и способност за приспособување на промените во економското и регулаторното окружување. Финансиските институции работеа во услови на умерено забрзан економски раст и постепено намалување на инфлацијата, додека геополитичкото опкружување остана нестабилно, носејќи со себе неизвесност и зголемени ризици“, соопштија од Народната банка.
Во Извештајот се оценува дека банкарскиот систем ја задржал стабилноста, зголемувајќи ја адекватноста на капиталот до највисокото ниво досега, ликвидносната позиција уште повеќе се подобрил, а се одржал и добриот квалитет на кредитното портфолио. Макропрудентните мерки што ги донела Народната банка помогнале за понатамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот сектор.
„Приватните пензиски фондови го сочинуваат вториот по големина сегмент од финансискиот систем. Нивните остварувања се подобрија во 2024 година, остварувајќи повисоки номинални и реални стапки на принос. Ризиците за финансиската стабилност од приватните пензиски фондови засега се ограничени поради сѐ уште младото членство на фондовите и минималните исплати врз основа на пензии. Ограничени се и ризиците од осигурителниот сектор, кој одржува соодветна солвентност и ликвидност и солидна профитабилност. Останатите сегменти на финансискиот систем се значително помали, а во 2024 година се издвојуваат отворените инвестициски фондови, кои остварија висок раст на средствата од над 60%, кој се должи на привлекувањето нови инвеститори и/или нови средства во отворените инвестициски фондови, но и на управувањето со средствата“, се наведува во соопштението.
Во Извештајот се оценува дека ризиците од нефинансискиот сектор се умерени со оглед на добрата финансиска позиција на домаќинствата и на корпоративниот сектор и ниската стапка на нефункционални кредити во кредитното портфолио на банките. Иако задолженоста на двата нефинансиски сектора расте во 2024 година, и е во рамки на праговите на ранливост и на двата сектора, сепак со долгот треба внимателно да се управува за да се одржи во истите рамки и во следниот период, се вели во соопштението.
Економија
Амазон ќе ја плати најголемата трговска казна во историјата

Амазон се согласи да плати 2,5 милијарди долари за да реши тужба од страна на американската федерална влада, која ја обвини дека измамила милиони луѓе да се регистрираат на Prime, а потоа им го отежнала откажувањето.
Според спогодбата објавена од Федералната трговска комисија (FTC), 1,5 милијарди долари ќе им бидат исплатени на клиентите кои биле измамени да ја користат услугата. Тоа е најголемата трговска казна што FTC некогаш ја обезбедила.
Спогодбата беше постигната неколку дена откако започна судењето пред порота во Сиетл. Амазон ниту ги призна ниту ги негираше обвиненијата и не одговори на прашањата на медиумите.
Prime нуди бесплатна достава, стриминг на филмови и други бенефиции. Услугата чини 139 долари годишно (или 14,99 долари месечно) во САД и 95 фунти годишно во Велика Британија, а ја користат стотици милиони луѓе ширум светот.
ФТЦ тврди дека Амазон користел агресивни скокачки прозорци за време на плаќањето за да ги охрабри клиентите да се регистрираат за Prime, честопати без јасно објаснување на условите или опцијата за одбивање на понудата.
Бесплатните едномесечни пробни периоди беа исто така проблематични бидејќи клиентите не беа јасно предупредени дека автоматски ќе им биде наплатено членството по завршувањето на пробниот период.