Економија
Отворено е аплицирањето за талент-програмата за ИТ-операции и поддршка на „Сеавус“
Софтверската компанија „Сеавус“ веќе петта година по ред организира талент-програма за оние што сакаат да почнат кариера како инженери за ИТ-операции и поддршка.
Кандидатите што ќе се пријават ќе имаат можност да се запознаат со оперативните процеси и да стекнат почетничко знаење во неколку области, како што се: основи на ИТ-операции и поддршка според ИТИЛ-стандардизација, основи на оперативните системи Linux и Windows, вовед во клауд-компјутинг, администрирање и одржување на MS SQL или Oracle-серверите, Shell и Powershell-скриптирање и вовед во ИТ-безбедност.
Талент-програмата е со времетраење од пет недели, почнувајќи од март, три пати во неделата, односно осумчасовна интерактивна и практична програма водена од нашите ИТ-експерти.
По завршувањето на талент-програмата, најдобрите ќе имаат можност за вработување во „Сеавус“, во дивизијата Managed Services, која веќе втора година по ред е вброена во листата на топ-100 Managed Services-провајдери во светот.
„Во изминатите пет години ‘Сеавус’ има вработено триесет и два инженера, кои имаат изградено успешна кариера. Искуството да се работи како дел од тимовите на нашата дивизија е навистина голем предизвик за сите инженери кои тукушто дипломирале или се во завршна година од своите студии. Вообичаено, интересот за талент-програмата е голем и добиваме меѓу 30-50 апликации. По процесот на селекција, 12-15 кандидати се вклучуваат во програмата“, изјави Глигор Добривојевски, technology line-менаџер во дивизијата Managed Services.
Аплицирањето е во тек и сите заинтересирани може да се пријават на следниот линк:
За „Сеавус“
„Сеавус“ е компанија за развој на софтвер и консалтинг-услуги со докажано искуство во успешни софтверски бизнис-решенија. Компанијата брои над 800 ИТ-специјалисти во светот и нуди широк спектар на софтверски производи, решенија и услуги, успешно покривајќи ги европскиот и американскиот пазар преку неколку канцеларии и претставништва во светот. Портфолиото на решенија и услуги вклучува BSS/OSS, CRM, CEM, Business Intelligence-решенија, ALM, Embedded-програмирање, бизнис и потрошувачки производи, мобилни апликации и гејминг-решенија, Managed Services, како и консалтинг и развој на апликации по барање на клиентите. Во портфолиото на „Сеавус“ се вбројуваат над 4.000 клиенти, меѓу кои светски телеком-оператори и производители на мобилни и електронски уреди, организации од банкарскиот и финансискиот сектор, технологија, образование, здравство итн. Денес, „Сеавус“ има петнаесет оперативни канцеларии лоцирани во неколку земји, вклучувајќи ги Шведска, САД, Северна Македонија, Белорусија, Молдавија, Швајцарија, Србија, Босна и Херцеговина, со стратегија за континуиран раст.
За Групацијата Арикома
Најголемиот ИКТ-холдинг во Чешка. Во групата спаѓаат компаниите AUTOCONT, Cleverlance, DataSpring, AEC, Cloud4com и Internet Projekt. Компаниите во Групацијата Арикома обезбедуваат ранг на услуги почнувајќи од дизајнирање ИКТ-архитектура, инфраструктура и cloud-услуги, имплементација на корпоративни апликации, па сè до развој на сопствени сеопфатни софтверски решенија и аутсорсинг. Минатата година вкупниот приход на групата надмина 270 милиони евра, односно 7 милијарди чешки круни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска–Мелинвуд: Започнува најобемната енергетска обнова на јавните згради досега
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со Мелани Мелинвуд, претставник на Француската агенција за развој (AFD), а во врска со реализацијата на Планот за реконструкција на јавните згради – еден од клучните столбови на Реформската агенда на државата.
Фокусот на средбата беше ставен на имплементацијата на Планот за реконструкција на зградите што ги користат институциите на јавниот сектор на државно ниво за периодот 2025–2028 – стратешки документ што поставува јасна, тригодишна рамка за најмасовната и најсистемска енергетска обнова на јавни објекти во земјата досега.
Станува збор за План што веќе е усвоен од Владата по сеопфатен процес на усогласување со вкупно 33 институции, што ја потврдува неговата институционална тежина и стратешко значење за модернизација на јавниот сектор.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, како носител на оваа стратешка реформа, интензивно работи на обезбедување финансиски средства за реализација на обврските што произлегуваат од Реформската агенда, како и од постојните законски обврски. Согласно законската рамка, секоја година е предвидено да се реконструираат најмалку 3% од вкупната корисна подна површина на јавните згради, при што мерките за енергетска ефикасност се задолжителен и нераздвоен дел од секоја реконструкција, истакнуваат од таму.
На средбата беше истакнато дека во моментов е во подготовка таканаречената scoping студија (студија за определување на опфат), со која детално ќе се утврдат параметрите за рехабилитација и обнова на зградите, како и јасни критериуми за приоритизација на објектите што први ќе влезат во процесот на реконструкција.
Со ова, е нагласено во соопштението, државата прави крупен исчекор кон намалување на потрошувачката на енергија, пониски трошоци за јавниот сектор, подобри услови за работа во институциите и значително намалување на емисиите на штетни гасови, во согласност со европските климатски политики.
„Оваа реформа претставува конкретен чекор кон позелена, поекономична и поодржлива јавна администрација – со директни придобивки за граѓаните и за државниот буџет“.
Економија
Трипуновски: Досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун во вредност од 170 милиони евра
Денес, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство и претседателот на Сојузот, посетивме неколку откупни пунктови со цел да се направи увид во завршната фаза од откупот на тутунот, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
„Според последните податоци, досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун од последната реколта, просечната цена е 419,15 денари за килограм“, посочи тој.
Министерот Трипуновски додаде дека вкупната вредност на откупениот тутун изнесува околу 170 милиони евра, од кои 95,6% веќе се исплатени на тутунопроизводителите кои го имаат предадено својот род.
„Останува уште мала количина тутун која согласно предвидената динамика, ќе биде откупена во наредниот период. Секоја откупна компанија ќе има отворен пункт до крајниот рок за откуп, кој трае до крајот на месец февруари“, појасни министерот.
Економија
COMBO.mk – Новата онлајн дестинација за алат, апарати за домаќинство и многу повеќе
COMBO официјално ја пушта во употреба својата нова онлајн продавница, со цел купувањето да стане побрзо, поедноставно и подостапно за сите корисници низ државата. Со новата платформа, COMBO ја пренесува својата богата понуда во дигитално искуство што овозможува лесна нарачка, преглед на производи и безгрижна набавка од дома.
COMBO е современо продажно одредиште со продажен простор од 6.000 м² и асортиман од над 15.000 производи, внимателно селектирани за секојдневни потреби и професионална употреба. Понудата опфаќа девет главни категории: машини и алат, градинарски алат, апарати за домаќинство, автокозметика, лепила и силикони, електрика, оков за мебел, чешми и туш системи, како и производи за домашни миленици. Компанијата посветува внимание на брза достава и професионална услуга, со фокус на практичност и доверба при секоја нарачка.
Што добиваат купувачите
- Онлајн купување со широк избор на производи во девет различни категории.
- Практична набавка од едно место – од професионални алати и градинарска опрема, преку апарати за домаќинство и електрика, до чешми, туш системи и производи за домашни миленици.
- Брза достава и флексибилни опции за испорака низ цела Македонија.
- Стручна поддршка и советување при избор на производи.
- Сервисна поддршка и гаранција за производите.
- Услуга насочена кон лесно, сигурно и безгрижно корисничко искуство.
За повеќе информации и новитети, посетете ја веб-страницата на Combo.
(ПР)

