Економија
Памуков: Редовна исплата на субвенции и откупно загарантирана цена, се најважните сегменти за земјоделците
Имам многу примери да ви кажам, но ќе ви набројам неколку, еве го првиот пример во задругарството еве мерка 131 изминатите три години кој е за плати, придонеси, за агроном за сите тие поддржувања во задругарството само го изјавуваат огласот и на сред оглас пак го укинуваат, не знам колку е тоа развојно. За жал тоа е ни најмалку развојно, само да има во етерот на страницата дека мерка 131 е пласирана во јавноста. Еве мој личен пример 2020 година во декември месец со ЕУ потпишав договор од грант од 74 илјади евра за градење за дистрибутивен центар или пост бербени активности кои требаше самата задруга 35.000 евра да вложи и да направиме еден откупен дистрибутивен центар каде што внатре имаме 20 сопственици, 2 земјоделци и 45 кооперанти, тоа е количина од 8.000-9.000 тони. За жал го зедовме, потпишавме договор, ги направив сите физибилите студии, 2016 година од МЗШВ земав земјиште каде што на договорот пишува дека на ова земјиште треба да се гради дистрибутивен откупен центар и расадо производство. За жал дојде до ситуацијата за градење, една година не знам кој врата ја отворив, каде не тропнав, не знам колку пари потрошив за сето тоа да го спроведам не ми дадоа дозвола за градба. Суштината ми беше дека не најдовме никаков јазик да ми дадат да градиме и на крај 74.000 евра вратив во Европа, Драги Памуков, земјоделец на денешната дебата насловена „Важно е македонските земјоделци да ја хранат Македонија“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ .
Во врска со овој случај земјоделецот Драги Памуков потенцираше дека нема никаква средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
-За жал со министерот сеуште се немам сретнат, го викнав да дојде на седница за жал сигурно човекот нема време, има други обврски, вели тој.
Во однос на планот за идната влада кој ќе биде имплементиран во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата предводена од претседателот Христијан Мицкоски, редовна исплата на субвенции и откупно загарантирана цена на земјоделските производи, Памуков истакна дека овие сегменти се нај важни за нив земјоделците.
„Еден од најважните сегменти е навреме да ни бидат исплатени субвенциите. Можеби субвенциите се еден мал сегмент каде што на нас ни прави дополнително олеснување во процесот на одгледување на земјоделските култури. Значи сите сегменти кога ќе ги собереме правиме целина, но редовната и навремена исплата на субвенциите значително ни го олеснува производството“, заклучи Памуков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

