Економија
„Пежо“ повторно со акција за систем за сопирање: – 15% на дискови и плочки!

Доколку се спроведуваат редовни проверки и навремена замена на деловите кои се вклучени во системот за сопирање, патувањата со вашето возило ќе бидат уште поопуштени и безгрижни, советуваат од „Пежо“.
Индикатори кои покажуваат дека е време за замена се:
– Чкрипење од делот на сопирачките
– Тресење
– Подолготрајно запирање
– Кај поновите возила свети и индикатор за плочки
Со желба да им излезе во пресрет на своите лојални клиенти, компанијата објавува промотивна цена на сите делови вклучени во системот за сопирање, како и на работната рака.
Акцијата е во важност за промотивниот период во рамките на целата овластена мрежа на „Пежо“ во Македонија и истата е со времетраење до 6 март годинава.
„Еуроимпекс“, генералниот увозник за „Пежо“ во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, им стои на располагање на своите клиенти за сите консултации и совети, како и поправки на нивните возила.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Подаваме рака на домашните и на странските инвеститори не само декларативно, туку суштински

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека Владата води активна и отворена политика кон привлекување инвестиции и градење економски развој базиран на стабилност, доверба и поддршка за стопанството.
На средба со Советот за странски инвестиции, составен од претставници на водечки компании кои веќе имаат присуство во земјава, Мицкоски посочи дека Македонија се наоѓа во нова фаза на економска консолидација и раст.
„Подаваме рака и на домашните и на странските инвеститори. Не само декларативно, туку суштински, низ институционална поддршка, предвидливи правила и директна комуникација. Проблемите ги решаваме заедно,“ изјави премиерот.
Тој истакна дека во првиот квартал од 2025 година, реалниот раст на БДП изнесува 3,2 отсто, а извозот во периодот јануари–мај е зголемен за 3,15 отсто, додека увозот бележи раст од само 1 отсто. Индустриското производство во мај бележи раст од 9,4 отсто во однос на истиот месец лани.
Дополнително, трговскиот дефицит е намален за околу 80 милиони долари во април и мај, што претставува намалување од 13 проценти. Мицкоски потсети и дека минатата година бил постигнат рекорд со странски директни инвестиции во износ од 1,255 милијарди евра.
„Ова е поинаква слика од онаа која ја затекнавме. Некогашната влада не се бореше за инвестиции – се бореше за провизии,“ рече тој, обвинувајќи ги претходниците за економски застој и изгубени можности.
Премиерот најави активни разговори за нови инвестиции во автомобилската индустрија, ИТ секторот, логистиката и агро-преработката, како и можни царински олеснувања за извоз на македонски производи на американскиот пазар.
Економија
Здравковски: Ребалансот на буџетот носи повеќе пари за плати, пензии, образование и здравство

Пратеникот Игор Здравковски од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека со почнувањето на амандманската расправа за ребалансот на буџетот, Владата демонстрира зголемена финансиска дисциплина, раст на приходите и пренасочување на средства кон клучни сектори.
„Со ребалансот обезбедуваме 800 милиони повеќе за плати, 2,5 милијарди повеќе за пензии, 300 милиони денари дополнително за капитални инвестиции,“ рече Здравковски.
Тој нагласи дека значителни средства се наменуваат и за младите, образованието и инфраструктурата.
„Во образованието ќе се слеат 2 милијарди денари за изградба и рехабилитација на кампуси, студентски домови и училишта,“ додаде тој, притоа потенцирајќи дека проектот „Купи куќа за млади“ добива „дури 111% повеќе средства“.
Во делот на јавниот транспорт и инфраструктурата, според Здравковски, се предвидуваат дополнителни 307 милиони денари за локални патишта и зголемени средства за железничка инфраструктура. Исто така, за здравствени установи се одвојуваат 237 милиони денари за изградба, реконструкција, модернизација и дигитализација.
Осврнувајќи се на амандманите од опозицијата, Здравковски изјави дека тие се резултат на „безидејност или едноставно, хронично незнаење“, бидејќи предлагале амандмани за проекти кои веќе биле предвидени со ребалансот.
„Опозицијата наместо да ги поддржи овие реформски чекори, тие преку амандмани се обидуваат покажат вештачка грижа за некој поен плус, па меѓу другото, предлагаат измени за локалните предизвици во Кочани, кои се таложеле во нивното седумгодишно владеење. Период кога не мрднале ниту со мал прст за да сменат нешто на подобро,“ рече тој.
На крајот, Здравковски додаде дека Владата, со поддршка од Собранието, веќе подолг период работи на решавање на проблемите на граѓаните, вклучително и во делот на социјалната политика, како што се зголемување на бројот на вработени во градинките и изградба на нови домови за стари лица.
Економија
Сѐ повеќе граѓани плаќаат преку телефон и со картички

Според податоците од платежната статистика на Народната банка, и во првите три месеци од 2025 година граѓаните сѐ повеќе користат мобилни апликации и картички за да плаќаат, наместо да одат на шалтер и да користат хартиени налози.
Во споредба со истиот период лани, бројот на плаќањата со платни налози пораснал за 2,7%, а вредноста за дури 17,7%. Особено брзо растат електронските плаќања преку интернет или мобилен телефон коишто се зголемени за речиси 13% по број и за над 30% по вредност.
Најголемиот дел од електронските трансакции (над 70%) се направени преку мобилни апликации, што покажува дека телефонот станува омилен начин за плаќање – брзо, едноставно и достапно.
И употребата на платежните картички и натаму расте. Бројот на плаќањата со картички е зголемен за 1,1%, а вредноста за 8,6%. Овој раст најмногу се должи на зголеменото купување преку интернет (7,1%), но има раст и кај плаќањата во продавниците (0,6%).
Овие бројки од платежната статистика покажуваат дека сѐ повеќе граѓани се префрлаат на дигиталните начини на плаќање.