Економија
Петар Денковски е нов генерален директор на „Веро“
Од 2 декември Петар Денковски е назначен за нов генерален директор на „Веропулос“ ДООЕЛ Скопје, кој доаѓа на местото на досегашниот генерален директор Лукас Бисијас.
Петар Денковски, дипломиран економист, е дел од „Веропулос“ уште од самиот почеток, односно од отворањето на првиот маркет „Веро“ во населбата Аеродром во Скопје во мај 1997 година. Тој ја градеше својата професионална кариера поминувајќи ги речиси сите скалила во Веро“, почнувајќи од секторот финансии, менаџер на маркет, регионален менаџер, менаџер за набавки, менаџер за комерцијала и маркетинг, а последните 10 години беше главен комерцијален директор на „Веро“ во Република Србија.
Досегашната професионална кариера на Денковски ја одбележаа многубројни постигнати успеси како на македонскиот така и на српскиот малопродажен пазар. Тој одигра значајна и клучна улога во развивањето на брендот „Веро“ во Македонија и неговото позиционирање како водечки синџир супермаркети на македонскиот пазар со препознатлива врвна услуга, широк асортиман на домашни и увозни производи и конкурентни цени.
Успешниот начин на работење во Македонија, Денковски успеа да го пренесе во работењето и на маркетите „Веро“ во Република Србија, каде што благодарение на неговото лидерство компанијата го зголеми пазарниот удел на многу конкуретниот малопродажен пазар, на кој функционират големи интернационални синџири маркети, и оствари рекордни резултати во работењето за што сведочат голем број освоени награди и признанија.
„Со долгогодишното професионално искуство на Денковски во малопродажбата и неговите извонредни резултати, во комбинација со неговата експертиза и уникатниот стил на управување, длабоко веруваме дека развојот и унапредувањето на нашата компанија ќе биде подигнато на уште повисоко ниво, со цел остварување на уште подобри резултати, креирање нови проекти и реализација на амбициозни бизнис-планови“, истакнуваат од „Веро“.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

