Економија
Петров: 5.350 фирми аплицирале за финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен
Досега 5.350 фирми аплицирале за финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, информираше Коста Петров, потпретседател на СДСМ.
Тој рече дека од нив 4.197 веќе се трансферирани во системот на УЈП.
„Апелирам до сите компании кои сè уште немаат аплицирано за оваа финансиска поддршка, да го направат тоа што побргу преку системот за е-даноци на УЈП. Апликациите за месец април, треба да се достават најдоцна до 7 мај“, рече Петров.
Како што додаде, од почетокот на годината, заклучно со април, фирмите добиле поврат на ДДВ од 145 милиони евра. Тоа е за 16,7 проценти повеќе во однос на претходната година. Само за месец април повратот на ДДВ кон компаниите е 38 милиони евра или за 23 отсто повеќе во однос на истиот месец лани.
Во однос на 2018 година повратот на ДДВ за периодот јануари април е зголемен за 19,4 отсто, додека во однос на 2017 за високи 67,6 процени повеќе, изјави Петров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Продолжен рокот за аплицирање за субвенции за 2024 година
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за да излезе во пресрет на земјоделците кои до денес сѐ уште го немаат остварено своето право за поднесување на апликација за субвенции за 2024 година го продолжи рокот за аплицирање за субвенции за 2024 година.
Согласно oдлуката на vлада од првата седница, точка 13, рокот за аплицирање за субвенции за основните мерки за растително и сточарско производство се продолжува за период од 1 месец, односно крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции од Програмата за директни плаќања за 2024 година е 31 Јули 2024 година.
„Ги повикуваме сите земјоделци кои го немаат реализирано оваа право, доколку не можат сами да креираат апликации да се јават во pодрачните единици на МЗШВ каде од страна на вработените ќе им биде креирана и поднесена апликацијата или самостојно да си поднесат апликација за субвенции за 2024 година согласно Програмата и Уредбата за директни плаќања за 2024 година“, се истакнува во соопштението од ресорното министерство.
Економија
Од полноќ се зголемува цената на мазутот
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,52 % во однос на одлуката од 24.6.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,061%, кај дизелот 0,419%, кај екстра лесното масло за 0,400% и кај мазутот зголемувањето е за 3,489%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,008%
Од 29.6.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 47,928 (денари/килограм)
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,208 ден/кг и сега ќе изнесува 47,928 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Економија
Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во првото тримесечје годинава
Народната банка го објави редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција, во првото тромесечје од 2024 година.
На 31 март, нето надворешниот долг изнесува 4.350 милиони евра (или 29,9% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во првиот квартал од 2024 година, е намален за 109 милиони евра, или за 2,4%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 62%.
Во текот на првиот квартал од 2024 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 6 милиони евра и изнесува 8.506 милиони евра, односно 58,4% од проектираниот БДП за 2024 година.
Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција е достапно на следната врска.