Економија
Поблиска соработка помеѓу Народната банка и Фискалниот совет за севкупна стабилност на економијата
Соработката и координацијата помеѓу централните банки и фискалните совети, кои се независни институции што ја надгледуваат фискалната политика, се од суштинско значење за постигнување севкупна економска стабилност. Усогласеноста на макроекономските политики, размената на податоци и постигнувањето долгорочна одржливост се придобивките од соработката помеѓу овие две институции. Оттука, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, и вицегувернерите Ана Митреска и Фадил Бајрами, на средбата со Фискалниот совет, сочинет од претседателот на Советот, Глигор Бишев, и членовите, академик Абдулменаф Беџети и Марина Трпеска, професорка на Економскиот факултет при УКИМ, се заложија за непречена размена на информации и соработка заради одржување на стабилноста на економијата и на финансискиот систем.
Како што информира Народната банка, на средбата било истакнато дека споделувањето информации и анализи помеѓу централната банка и Фискалниот совет е предност при донесувањето одлуки засновани на податоци и факти и придонесува за подобро толкување на целокупниот економски пејзаж. Двете институции имаат цел да обезбедат долгорочна стабилност на економијата, при што фискалните совети би го постигнале тоа преку оцена на одржливоста на јавните финансии, а централните банки се засегнати од влијанието на фискалните политики преку ценовната и финансиската стабилност.
Фискалниот совет е избран од страна на Собранието, а по еден член предлагаат Народната банка, Македонската академија на науките и уметностите и Државниот завод за ревизија. Целта на Советот е да дава независни стручни мислења за фискалните политики и стратегиските документи и извештаи, како и да го надгледува спроведувањето на фискалните правила, заради обезбедување макроекономска стабилност и фискална одржливост, се додава во соопштението на Народната банка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

