Економија
Поволности за потрошувачки кредити во Халкбанк – што треба да знаете?
Понекогаш човек знае точно што сака да направи, да вложи во нешто важно, да го олесни секојдневието, да поддржи нечија идеја или да создаде поголема удобност во својот дом. Но, исто така знае дека најтешко е да се најде финансиско решение што е стабилно, предвидливо и фер. Во вакви моменти, вистинска разлика прават понудите што носат јасни правила, фиксни услови и чувство на сигурност.
Токму таква е понудата со сет поволности за Промо потрошувачки кредити на Халкбанк кој е наменет за примателите на плата и пензионерите со примања во Банката.
Примателите на плата можат да аплицираат за кредит до 2.500.000 денари, со кредитна способност до 50% од месечните примања. Каматните стапки се фиксни, 5% за отплата до 95 месеци и 5,7% за отплата до 120 месеци, што значи дека месечната обврска останува непроменета во текот на целиот период. Во кредитот е вклучено и осигурување CPI или комбинација Живот + Незгода, како дополнителna безбедност ако се појават неочекувани ситуации.
Пензионерите имаат пристап до посебно прилагодени услови како што е кредит до 600.000 денари, фиксна камата од 5%, кредитна способност до 40% од месечната пензија и рок на отплата до 120 месеци. Овие услови се креирани со цел да создадат сигурност и рамнотежа, без оптоварување на месечниот буџет.
Трошоците се јасно дефинирани и познати уште на почеток, а задолжителното осигурување е дел од вкупната пресметка што дополнително го штити клиентот.
Промотивниот период им дава можност на клиентите да ја искористат стабилноста што оваа понуда ја нуди во време кога фиксните услови се особено вредни. Со вакви производи, Банката продолжува да создава практични и достапни решенија што се усогласени со секојдневните потреби на граѓаните.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Славески: Финтек-иновациите ја обликуваат иднината на македонскиот финансиски сектор
Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на Конференцијата за европска економска интеграција (CEEI 2025) – Финансиската иднина на ЈИЕ: финансирање на растот и иновациите, во организација на Народната банка на Австрија, којашто се одржува во Виена, истакна дека финтек-иновациите значително го олеснуваат пристапот до финансии за граѓаните и за малите и средните претпријатија, ја намалуваат цената на трансакциите и поттикнуваат развој на нови дигитални услуги.
Народната банка веќе создаде платформа за поддршка на финтек-инвестициите, Портата за иновации и Работна група за финтек, како и Стратегија за периодот 2023 – 2027 година, со цел да овозможи поддршка за иновативните компании и компаниите во зародиш (стартап). Законот за платежни услуги и платни системи е усогласен со рамката на ЕУ, овозможувајќи поефикасни и поевтини плаќања и лиценцирање на пет платежни институции и три даватели на електронски пари досега.

Гувернерот Славески посочи дека македонските банки активно инвестираат во дигитализацијата, вклучувајќи биометриска идентификација, технологии во облак и вештачка интелигенција, а соработката со финтек-компаниите расте. Народната банка работи и на регулативни мерки за заштита од онлајн измами и од злоупотреба на личните податоци, како и на подигање на финансиската и дигиталната писменост.
Гувернерот истакна дека довербата во домашната валута е клучот за развојот на локалните пазари на капитал, додека регионалната интеграција и приближувањето кон ЕУ и еврозоната може да донесат пониски трошоци за финансирање, поголема доверба и зголемени инвестиции.
Народната банка и во иднина ќе ги поддржува иновациите во финансискиот сектор, обезбедувајќи стабилност и услови за одржлив економски раст.
Економија
Сетек го отвора Black Friday со рекордни попусти!
СЕТЕК, водечката технолошка компанија со долгорочно лидерство на македонскиот пазар, официјално го стартува најголемиот шопинг настан во годината Black Friday, со досега највисоки попусти и ексклузивни понуди.
Black Friday во Сетек носи вистинска шопинг еуфорија: голем избор, огромни попусти и до 70% и атрактивни понуди на стотици производи од водечките светски брендови.
Купувачите можат да изберат врвна техника од сите категории: бела техника, телевизори, ИТ-опрема, лаптопи, мобилни телефони, гејминг опрема, мали домашни апарати, уреди за климатизација и други производи за модернизација на домот, канцеларијата или деловниот простор.
Со оваа кампања, СЕТЕК уште еднаш ја потврдува својата позиција како прва и најсигурна дестинација за купување техника во периодот на најголемите шопинг активности во текот на годината.
Промотивниот период трае до 1 декември, а сите продажни салони низ државата, заедно со онлајн продавницата www.setec.mk работат со зголемен капацитет за да одговорат на големиот интерес.
Веб-страницата е дополнително оптимизирана за побрзо прегледување и полесно пребарување за време на Black Friday викендот.
„Black Friday е еден од најзначајните настани за нашите клиенти, кои секоја година очекуваат силни попусти и пријатно шопинг искуство. Нашиот тим вложува значителни ресурси за да обезбедиме уште поквалитетна, поконкурентна и попристaпна понуда. Горди сме што континуирано ги надминуваме очекувањата на нашите купувачи“ истакнуваат од компанијата.
Со повеќе од 30 години присуство на пазарот, СЕТЕК е препознаен како еден од најголемите и најреномираните лидери во продажба на технички производи со врвни технологии.
Компанијата нуди напредни услуги креирани да им овозможат на купувачите подобра информираност, сигурност и премиум корисничко искуство, меѓу кои:
• програма за лојалност
• кешбек можности
• премиум достава
• флексибилни опции за кредитирање
• континуирана техничка поддршка
И оваа година Сетек со Black Friday, уште еднаш го зацврстува својот статус како најдоверлив партнер за избор на техника нудејќи уникатна комбинација од висок квалитет, одлични цени и професионална услуга.
ПР
Економија
Македонија и Словачка имаат потенцијал за поголема соработка во енергетиката
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес оствари работна средба со амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова, во насока на унапредување на политичките односи и отворање нови можности за соработка меѓу двете држави.
Разговорите беа со фокус на можностите што постојат во енергетскиот сектор, трансформацијата на енергетските системи и користењето на словачките искуства во зелените технологии и регионалното енергетско планирање. Соговорничките разменија ставови за тековните процеси, регионалната динамика и патеките за понатамошно институционално приближување.
„Нашиот фокус е стабилен енергетски систем, модерен пристап кон реформите и партнерства што ја носат земјата напред. Словачка е важен пријател и соговорник во тие процеси, а двете земји имаат сериозен простор за повисоко ниво на соработка,“ истакна министерката Божиновска.
Амбасадорката Хрицова ја поздрави динамиката на реформите и ја нагласи подготвеноста за продолжување на комуникацијата и продлабочување на соработката во различни области поврзани со енергетската транзиција, модернизацијата и дигиталниот развој.
Во рамки на разговорот беше спомнато дека на почетокот на идната година е предвидена посета на мешовита владина делегација, на која разговорите меѓу Северна Македонија и Словачка ќе продолжат на владинo и институционално ниво, вклучително и темите од енергетиката и инвестициите. Министерката Божиновска ќе биде дел од мешовита владина делегација, што ќе ја пречека висока државна делегација од Словачка. Средбата ќе биде посветена и на разговори за енергетска соработка.
Министерството ја оценува денешната средба како уште еден чекор во градењето стабилно и современо партнерство меѓу двете држави – партнерство што се темели на европските вредности, заемната доверба и заедничките интереси на граѓаните.

