Економија
Пратениците на Левицата поднесоа барање до претседателот да го суспендира законот за ГА-МА

Пратениците на Левицата, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, поднесоа барање до претседателот на државата, Стево Пендаровски, како еден од носителите на извршната власт, да го употреби своето уставно право на суспензивно вето, гарантирано во чл. 75 ст. 3 од Уставот (1991) и да не го потпишува указот за прогласување на законот за решавање на спорот помеѓу Владата и „Макпетрол“ АД Скопје по пат на спогодба, кој беше донесен на 28.12.2020 година по скратена постапка.
„Причините поради што го бараме ова од вас се следниве: законот е спротивен на амандманот XXV од Уставот, кој вели дека судската власт ја вршат судовите и дека се забранети вонредни судови – при што во случајот парламентот е ставен во позиција на ‘преки суд’, кој по брза постапка решава судски спор, кој трае над 15 години – со закон надвор од своите уставни надлежности, што е без преседан во досегашната државно-правна историја на Македонија, од АСНОМ до денес. Законот е привилегирачки и е спротивен на чл. 55 од Уставот бидејќи воведува партикуларен режим на решавање стопански спорови меѓу една приватна компанија и државата, спротивно на уставно загарантираната ‘еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот’. Станува збор за исклучително штетен и сомнителен закон, кој е спротивен на јавниот интерес бидејќи за стар и амортизиран гасовод, кој има номинална вредност од речиси 18 милиони евра, државата ќе треба да исплати речиси 33 милиони евра – и тоа во време на економска и здравствена криза од сериозни размери“, се наведува во барањето на пратениците.
Тие се надеваат дека претседателот Пендаровски ќе ги искористи уставните ингеренции и нема да го потпише овој контроверзен закон за коj пратениците дебатираа цели 22 часа без прекин на една од најдолгите маратонски пленарни седници во поновата парламентарна историја на земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица за предадени јаболка

Денеска се исплатија 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица од подмерка 1.9 за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети, од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, извести Министерството за земјоделство.
Од таму најавуваат дека продолжува поддршката кон производителите на јаболка.
Економија
УЈП со повик: Платете го веднаш достасаниот данок по ДЛД-ГДП и избегнете присилна наплата

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници, кои во законскиот рок не ја платиле даночната обврска по ДЛД-ГДП 2024, да го исполнат својот даночен долг.
Во согласност со евиденцијата на УЈП, 3.155 даночни обврзници ја немаат намирено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во годишната даночна пријава за данокот на личен доход (ДЛД-ГДП) за 2024 година, што требаше да се исполни во законскиот рок до 30 јуни.
„Во следниот период УЈП ќе премине кон опоменување и присилна наплата на достасаните неплатени долгови по овој основ, што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03 % дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата“, информира УЈП.
Дополнителни информации се објавени на страницата на УЈП, во делот плаќање даноци на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje.
Економија
Меџити: Поддршка со 227 милиони денари за 43 проекти во 33 општини

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ги потпиша договорите за реализација на 43 капитални проекти во 33 општини во државата.
За овие проекти се обезбедени над 227 милиони денари директна финансиска поддршка од Министерството, со што се овозможува имплементација на конкретни решенија во областа на канализацијата, водоснабдувањето и управувањето со водните ресурси.
„Убеден сум дека ова е најправилниот и најефикасен модел на соработка – директно партнерство меѓу Владата и општините, со цел да им донесеме на граѓаните конкретни придобивки“, изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Тој исто така ја потенцира важноста од навремената и квалитетна реализација повикувајќи на одговорност и посветеност од страна на сите општини.
„Немаме време за губење. Секој ден што ќе го добиеме во овој процес е еден ден повеќе во служба на граѓаните“, изјави Меџити нагласувајќи дека преку ова партнерство се поставуваат нови стандарди во справувањето со инфраструктурните и еколошките предизвици.