Економија
Прекинати маратонските разговори на ЕУ за спасувачкиот пакет поради коронавирусот
Разговорите во Европската Унија за тоа како да им се помогне на земјите од јужниот дел на еврозоната, кои се лошо погодени од пандемијата на коронавирусот, запреа по 16 часа.
Европската централна банка соопшти дека на блокот ќе му бидат потребни 1,5 илјади милијарди евра за да се справи со кризата.
Европските министри за финансии беа близу до договор, но пропаднаа поради несогласувањето помеѓу Италија и Холандија за начинот како да се уплати спасувачкиот фонд. Претседателот на состанокот, португалскиот министер за финансии, Марио Чентоно, рече дека ги прекинал разговорите и дека ќе продолжат утре, но сепак бара силна безбедносна мрежа против ефектите на вирусот.
After 16h of discussions we came close to a deal but we are not there yet.
I suspended the #Eurogroup & continue tomorrow, thu.
My goal remains: A strong EU safety net against fallout of #covid19 (to shield workers, firms &countries)& commit/ to a sizeable recovery plan pic.twitter.com/kGHoURgdrv— Mário Centeno (@mariofcenteno) April 8, 2020
Пандемијата на коронавирус предизвика длабока поделеност во Европа, каде Италија и Шпанија ги обвинија северните држави, водени од Германија и Холандија, дека не прават ништо.
Несогласувањата следат по оставката на главниот научник во ЕУ, Мауро Ферари, кој го обвини Брисел поради „разочарувачкиот “ одговор на пандемијата. Италијанецот, кој четири месеци беше прв човек на Европскиот истражувачки совет, во неговата оставка наведува дека неговата специјална програма за надминување на кризата била одбиена од ЕУ. ЕК пак не ги коментираше неговите критики.
Италија, Шпанија, Франција и некои други држави на ЕУ сакаат да го делат долгот предизвикан од коронавирус во форма на „коронансирања“ (или еврообврзници) – меѓусебен долг што сите нации на ЕУ помагаат да го исплатат.
Холандија се спротивставува на предлогот и сака земјите членки да имаат постепено услови за отплата во текот на годините.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Се намалува цената на дизелот, на бензинот останува иста
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,10 отсто во однос на одлуката од 27 ноември.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,220 отсто, кај дизелот за 3,302 проценти, кај екстра лесното масло за 2,323 и кај мазутот намалувањето за 4,403 отсто.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0096%
Од 2.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,963 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,902 ден/кг и сега ќе изнесува 33,963 ден/кг.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 2.12.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Економија
Cyber Monday – експлозија на неверојатни понуди во Mint Store
Ако мислеше дека Black Friday беше спектакл – подготви се, затоа што Cyber Monday во Mint Store доаѓа со уште поголеми изненадувања и најмодерни уреди што ќе ти го направат секојдневието полесно, попаметно и многу повозбудливо!
Cyber Monday во Mint Store е тука за да ја претвори вашата листа со желби во реалност. Заборавете на досадните понеделници, овој е денот кога технологијата доаѓа до вас со цени кои ја кршат границата на разумното!
Телефони што ја освоија 2025: Samsung S25 и iPhone 17 Pro
Кога се работи за премиум смартфони – има два незаменливи шампиони:
- Samsung S25 – за сите што сакаат супер камера, супер брзина и супер дизајн.
- iPhone 17 Pro – за оние што не прават компромис со перформанси, стил и елеганција.
И најдобриот дел?
И двата можеш да ги земаш до 36 рати, така што твојата нова технологија не мора да ја чека следната плата.
Cyber Monday е совршениот ден за техно надградба.
Tesla 50” – Голем екран, поволна цена, 0% камата
Време е за нов телевизор? Или само сакаш подобра слика за твоите серии, филмови или фудбалски дербија?
Во Cyber Monday понудата те чека Tesla 50” телевизор по неверојатна акциска цена од 22.000 денари, но тоа не е сè – можеш да го земеш и на 4 рати со 0% камата!
Тоа значи: нула грижи, нула камата, нула причини да го одложуваш апдејтот во дневната соба.
Лаптопи за секој твој план: MacBook Air 13.6” и HP 8C9Q5EA
Работа, факултет, или креација – што и да правиш, вистинскиот лаптоп секогаш прави разлика.
Овој Cyber Monday, Mint Store носи две врвни опции:
- Apple MacBook Air 13.6’’ – лесен, мощен, идеален за креативци и професионалци.
- HP 8C9Q5EA – супер перформанси по супер цена за секојдневни задачи, учење и работа.
И двата модели може да ги земеш на 4 рати со 0% камата, што значи дека твојот нов лаптоп доаѓа без дополнителни трошоци, само чиста вредност.
Зошто Cyber Monday во Mint Store?
- Ултра поволни услови
- Флексибилно плаќање на рати
- Најнови модели на телефони, лаптопи и телевизори
- Ограничени количини – најбрзите добиваат најдобри зделки!
Не чекај. Cyber Monday е само еднаш годишно!
Cyber Monday започнува и Mint Store е местото каде најдобрите tech deals стануваат реалност. Затоа што Cyber Monday кај нас не е само уште еден ден – туку искуство. Повеќе избор, подобри понуди, лесно плаќање на рати и услуга што е секогаш тука за тебе.
Подготви се. Избери паметно. Уживај во неверојатните понуди овој Cyber Monday.
(ПР)
Економија
Гувернерот Славески во работна посета на Банката на Англија
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари работна посета на Банката на Англија во Лондон, заради засилување на билатералната соработка и за размена на експертски искуства со една од најстарите и најзначајни централни банки во светот.
Во текот на посетата, гувернерот Славески оствари повеќе работни средби со високи претставници на Банката на Англија, меѓу кои и со гувернерот Ендрју Бејли.
„Особено значаен дел од агендата беа активностите поврзани со управувањето со златните резерви. Во тој контекст, беше организирана посета на трезорот на Банката на Англија, каде што Народната банка ги чува резервите во монетарно злато, заради подобро запознавање и увид во оперативните процедури за чување и ракување со монетарното злато, сигурносната заштита и во можностите коишто Банката на Англија ги нуди за пристап до пазарот за злато во Лондон, како најголем светски пазар преку шалтер на овој благороден метал“, соопштија од Народната банка.
Гувернерот одржа и работни средби со главниот економист на Банката на Англија, Хју Пил, и со заменик-гувернерката Сара Бриден. На средбите се разговараше за актуелните предизвици во спроведувањето на монетарната политика и за технолошките иновации во секторот на финансии.
Посетата беше во организација на Центарот за студии од областа на централното банкарство (CCBS) при Банката на Англија.

