Економија
Преку субвенционирање плати вработени се 922 лица, од кои 516 млади
Преку мерката субвенционирање плати, која претставува финансиска поддршка за креирање нови работни места, вработени се 922 лица во 717 фирми, а од нив 516 се млади лица до 29 години, соопшти Агенцијата за вработување.
За вработување на овие лица исплатени се 204.573.000 денари од потсметката на Агенцијата за вработување наменет за активни програми и мерки за вработување.
Мерката субвенционирање плати е дел од оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот 2019 година – шанса за сите. Со неа годинава е предвидено да бидат вработени 1.000 лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот. За оваа мерка се издвоени најмалку 228.000.000 денари од потсметката за активни мерки на АВРСМ.
Во тек е потпишување договори помеѓу АВРСМ и работодавците за вработување на 80 нови лица што ги исполнуваат критериумите за учество во мерката. Мерката субвенционирање плати овозможува финансиска поддршка од 19.000 денари месечно како субвенција на платата на вработеното лице за период од 3, 6 или 12 месеци, за вработување на лица што потешко се вклучуваат на пазарот на трудот, како: долгорочно невработени лица, млади лица до 29 години, лица постари од 50 години, жртви на семејно насилство, лица со попреченост, родители на деца на улица итн.
Вкупната финансиска поддршка за едно лице за период од 3 месеци изнесува 57.000 денари; за 6 месеци изнесува 114.000 денари и за 12 месеци изнесува 228.000 денари.
Средствата се исплаќаат еднократно за целиот период на субвенционирање по реализацијата на вработувањето со полно работно време, во согласност со одредбите и условите наведени во договорот за субвенција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

