Контакт

Економија

Премиера на целосно новата Toyota bZ4X

Објавено пред

• Првото 100% електрично возило (BEV) на Toyota

dobivaj vesti na viber

• Првото 100% електрично возило (BEV) на Toyota

• Првиот модел на Toyota од “Beyond Zero” под-брендот

• Удобно, просторно и автентично теренско возило, достапно со нов систем за погон на сите тркала со теренски можности од светска класа

• Водечки светски квалитет и издржливост на батериите засновани на четвртина век искуство во инженерството на електрифицирани возила на Toyota

• Напредни технологии: Toyota T-Mate системи за безбедност и помош на возачотЦелосно новиот bZ4X, е првиот модел на Toyota од “ beyond zero” семејството на електрични возила (BEV).

Истовремено, покрај тоа што го означува понатамошниот развој на оддамна воспоставените технологии за електрифицирани возила на Тоyota, bZ4X исто така испорачува и важни иновации во безбедноста, системите за помош на возачот и мултимедијалната конекција. Покрај ова, bZ4X ја проширува и улогата на автомобилот, така што тој не претставува само превозно средство од точка А-до-Б, туку нуди и поддршка на нови можности за мобилност.

Новата Toyota bZ4X
bZ4X е просторно и удобно теренско возило, со нов систем за погон на сите тркала кое обезбедува водечко теренско управување и перформанси, со посебни електрични мотори за секоја оска. Ова е првиот модел што Toyota го развива целосно како BEV, но исто така и првиот модел што ја користи новата платформа eTNGA на компанијата која е посветена на BEV. Врз основа на филозофијата на eTNGA (Toyota New Global Architecture), батеријата се вградува како составен дел на шасијата, под подот на возилото. Ова носи повеќекратни придобивки, вклучително и низок центар на гравитација, одлична рамнотежа на предната и задната оска и висока цврстина на каросеријата. Сето тоа дава позитивен придонес за безбедноста, возењето и управувањето.

Надворешен дизајн
Надворешниот дизајн е елегантен, моќен и едноставен. Препознатливите тенки предни светла и акцентот на предните агли ја  отсликува моќноста на автомобилот. Страничниот изглед се одликува со тенки предни столбови и ниска линија на оската што го рефлектира нискиот центар на гравитација. Големите тркала (до 20-инчен дијаметар) доведени до самите агли на каросеријата го изразуваат автентичниот SUV карактер на автомобилот. Дизајнот на задниот дел од автомобилот е со нагласени  агли и препознатливо задно светло.

Аеродинамички карактеристики
Дизајнот вклучува аеродинамички елементи кои управуваат со протокот на воздух над и под возилото и придонесуваат за досегот на возење. Тие вклучуваат отвори на предниот браник, кои придонесуваат да се создадат мазни воздушни завеси. Тенката долна решетка има затворач што се прилагодува се со цел да го канализира протокот на воздух за ладење на батеријата, а воедно помага и да се намали отпорноста на ветерот.

Внатрешен дизајн
Долгото меѓуоскино растојание овозможува пространа, отворена и удобна кабина со пет седишта кој потсетува на пријатен амбиент на дневна соба. Инструмент таблата е ниско поставена, што го зголемува чувството на отвореност и видливост на возачот. Принципот „рацете на воланот, очите на патот“ е поддржан од дизајнот на кабината насочена кон возачот во која  7” TFT екран е сместен директно во предната линија на возачот, над линијата на воланот.Простор за нозете е водечки во класата, за сите патници. Багажниот простор има капацитет до 452 l со исправени задни седишта.

Изведба
Изведбата со погон на предните тркала на bZ4X се напојува со помош на електричен мотор од 150 kW. Тој испорачува 204 DIN КС и 265 Nm вртежен момент, овозможувајќи забрзување од 0-100 km/h за само 8,4 секунди и максимална брзина од 160 km/h. Моделот со погон на сите тркала има максимална моќност од 217,5 DIN КС со 336 Nm вртежен момент; максималната брзина е непроменета, додека забрзувањето до 100 km/h е намалено на 7,7 секунди. Системот нуди опција за „Single pedal drive“ со кој се засилува регенерацијата на енергијата при сопирање што му овозможува на возачот да го забрза и забави возилото користејќи ја само педалата за гас.

Загарантиран квалитет на батеријата
Тоyota го искористи повеќе од 25-годишното искуство во технологијата за електрифицирани возила се со цел да се осигура дека новата литиум-јонска батерија во bZ4X има светски квалитет, издржливост и доверливост. Ваквата доверба во технологијата се рефлектира во програмата за продолжена грижа, која гарантира дека батеријата сè уште ќе работи со минимум 90% од нејзиниот оригинален капацитет, по изминати најмногу 10 години или поминати 240.000km, под услов клиентот да го носи своето возило во овластен Toyota сервисен центар за годишна проверка на состојбата.

Ова ниво на квалитет и перформанси е поддржано со повеќекратно следење на напонот, струјата и температурата на батеријата, на ниво на поединечни ќелии. Ако се открие какво било абнормално создавање топлина, контролите автоматски се активираат. Воведени се контрамерки за да се ублажи секаква деградација на материјалот и постојат заштитни мерки во процесот на производство со цел да се спречи влегување на туѓа материја во батеријата.

Изведба за ладно време
Благодарение на ефикасниот и ефективен топлотен систем, перформансите и досегот се одржуваат дури и во ладна клима. bZ4X користи топлинска пумпа, односно црпи топлина од надворешниот воздух за да го загрее автомобилот, што е поефикасно и користи помалку енергија од стандардните системи за климатизација.За дополнителна топлина во кабината, како опционална опрема се нуди и систем за греење за возачот и совозачот, кој е инсталиран под воланот и таблата со инструменти, а чија цел е загревање на долниот дел од нозете и стапалата. Во комбинација со грејачите на седиштата како една од опциите, се обезбедува многу побрзо загревање на кабината, за само една минута.

Досег
Батеријата има капацитет од 71,4 kWh и се очекува да овозможи досег на возење повеќе од 450 km (применувајќи ги параметрите за тестирање WLTP). Батеријата може брзо да се полни без да се загрози безбедноста или рокот на траење: полнење од 80% може да се постигне за околу 30 минути со систем за брзо полнење од 150 kW (CCS2).

Погон на сите тркала
Системот користи посебни мотори со моќност од 80 kW за придвижување на предната и задната оска. XMODE му овозможува на возачот да избере режим на возење што одговара на условите на патот. Благодарение на водечките способности во овој сегмент, возачите можат да го носат својот bZ4X каде и да ги води патот со целосна доверба, без разлика на условите.

Сеопфатни еколошки перформанси
Позитивниот еколошки профил на bZ4X не е ограничен само на перформансите со нулта емисија на штетни гасови. Тоyota прави широка употреба на рециклирани материјали во конструкцијата на автомобилот и работи со програма за повторна употреба и рециклирање на батеријата, обезбедувајќи максимален животен циклус на неговите компоненти и материјали.Системи за безбедност и помош на возачот од новата генерација на T-MatebZ4X е опремен со напредни Toyota T-Mate системи за активна безбедност и помош на возачот.Третата генерација на Toyota Safety Sense носи нови и подобрени функции за да се заштитите од уште поширок опсег на ризици од незгоди. Најновите безбедносни системи ги зајакнуваат способностите како партнер на возачот, напредувајќи поблиску до крајната цел на општеството за мобилност „нула жртви и повреди во сообраќајни незгоди“.

Благодарение на надградената предна камера и радар; проширена е способноста на автомобилот да препознава опасности и пречки во уште повеќе сценарија за возење.

• „Системот за избегнување судир“ (Pre-Collision System) може да открие возила и мотоцикли кои доаѓаат од спротивната страна.

• „Помош за свртување на крстосницата“ (Intersection Turn Assistance) сега може да идентификува сообраќај што се приближува преку две соседни ленти наместо само една, како и да детектира сообраќај што се приближува од страната на раскрсницата.

• „Системот за помош при управувањето за итни случаи“ (Emergency Steering Assist) обезбедува дополнително благо сопирање со цел да го задржи автомобилот во сообраќајната лента кога возачот се движи за да избегне опасност како што е пешак, велосипедист или паркиран автомобил.

• „Системот за предупредување при наидување на возила на раскрсница од напред“ (Front Cross Traffic Alert) предупредува при наидување на возила на крстосница, а новиот систем „Асистенција за безбедно излегување од возилото“ (Safe Exit Assist) може да помогне да се избегне судир помеѓу отворена врата на возилото со возила или велосипедисти кои се приближуваат одзади.

И за максимална удобност, целосно новиот „Напреден систем за паркирање“ (Advanced Park), кој користи четири камери за мониторинг со панорамски поглед и 12 ултразвучни сензори околу автомобилот, може дури и да влезе и да излезе од паркингот без возачот да биде на возачкото седиште – целосно од далечина!
Toyota Safety Sense, исто така, го мониторира однесувањето на возачот со внатрешен монитор кој ја снима неговата вообичаена положба на возење и активира предупредување доколку открие какво било отстапување што може да сигнализира опасно одвлекување на вниманието или дека возачот не се чувствува добро или заспива.

Мултимедијален систем
bZ4X ја користи најновата, помоќна мултимедијална платформа на Toyota со интуитивен екран на допир од 12” , овозможувајќи пристап до навигација базирана на облак (cloud) која овозможува планирање на патувањето, како и пренесување на најновите информации за сообраќајот и паркирањето. Исто така, обезбедува информации специфични за BEV, како што се досегот на возење, поддршка за возење и детали за станицата за полнење.

Возачот може да комуницира со возилото преку контролите на допир и гласовни команди. Функцијата за  препознавање на гласовни команди вклучува опции кој може да ги активира функциите на возилото, како што се прилагодување на климатизацијата или отворање/затворање на прозорците, вклучувајќи и мултимедијални услуги како аудио и навигација.

bZ4X е веќе достапен во продажниот центар на Toyota и е во понуда со почетна цена од 50.990 Евра.

ПР – текст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари

Објавено пред

Од

Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

dobivaj vesti na viber

Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.

Прикажи повеќе...

Економија

Отворен Економскиот бизнис форум помеѓу Северна Македонија и Словачка

Објавено пред

Од

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје, заедно со министерот за финансии на Словачката Република, Ладислав Каменицки, го отвори Економскиот бизнис форум помеѓу Република Северна Македонија и Словачката Република, на кој присуствуваа голем број домашни и словачки компании.

dobivaj vesti na viber

„Настанот, организиран од двете министерства со вклученост на повеќе економски институции, беше одлично посетен од претставници на стопанските комори и бизнис-заедницата. Присутните имаа можност за директни средби и вмрежување со словачките компании од секторите енергетика, градежништво, здравство и медицина, туризам, ИКТ, трговија и други услужни дејности“, соопштија од Министерството.

Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува потврда не само на политичката блискост меѓу двете држави, туку и на заедничката верба во силата на економското партнерство.

„Економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика – таа е нејзино јадро. Силните политички односи мора да бидат придружени со силни економски темели“, нагласи Муцунски, изразувајќи благодарност до словачките партнери и компании за нивното присуство, кое, како што посочи, претставува знак на доверба.

Тој истакна дека Северна Македонија нуди стабилност, отвореност и предвидливост како основа за инвестирање, при што континуираното усогласување со европското законодавство претставува заложба за транспарентност и правна сигурност. Посебно ги нагласи потенцијалите во автомобилската индустрија, производството на компоненти, ИКТ-секторот, обновливите извори на енергија и агробизнисот.

Министерот посочи дека достигнувањата на Словачка во автомобилското производство, иновациите и енергетската транзиција создаваат природна основа за продлабочување на партнерството преку заеднички инвестиции, интеграција на синџирите на снабдување и трансфер на технологии.

Во рамки на форумот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Северна Македонија и словачката агенција SARIO, со што се отвора дополнителен простор за директна институционална соработка и заедничка промоција на економските потенцијали.

Муцунски истакна дека Владата останува цврсто посветена на поддршка на бизнис-заедницата преку дипломатската мрежа, институциите за промоција на инвестиции и механизмите за олеснување на трговијата, со цел идентификување нови можности и отстранување на административните пречки.

Форумот, како што беше оценето, претставува конкретен чекор кон продлабочување на економската соработка и создавање нови можности за инвестиции, иновации и одржлив раст во интерес на двете држави.

Прикажи повеќе...

Економија

Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со донација за погодените семејства од поплавите во Кичево

Објавено пред

По поплавите во Кичево што доведоа до евакуација на околу 250 луѓе од 63 домаќинства, компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност преку донација на средства за лична хигиена за лицата кои се привремено згрижени во градската спортска сала „Христо Узунов“.

dobivaj vesti na viber

Пакетите, кои содржат основни производи за секојдневна хигиена, како и вода и храна се наменети за најзагрозените домаќинства со цел да им помогнат полесно да се справат со последиците од природната непогода.

Со оваа хуманитарна иницијатива, компанијата испраќа силна порака за солидарност и поддршка во моменти кога заедништвото е најпотребно, останувајќи доследна на својата општествено одговорна мисија.

 

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

По 100 дена мандат, Ѓорѓиевски порача: „Скопје повторно почна да дише“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави отчет за првите 100 дена од мандатот, наведувајќи дека ја презел функцијата во...

Македонија8 часа

Донесени пресуди за случајот „Премин“, обвинителството најави жалба

Денеска, во Основниот кривичен суд Скопје, беше објавена неправосилна пресуда во предметот со кодно име „Премин“, застапуван од Специјализираното одделение...

Македонија8 часа

Поранешен градоначалник на Росоман исплатил личен долг од 500.000 денари од општинскиот буџет

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Н.(29) од Росоман поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената...

Македонија10 часа

Сиљановска – Давкова: Имаме најмало и најстаро владино авионче во регионот, секогаш имам дилема дали да летам со него

Претседателката, Гордана Сиљановска – Давкова, призна дека секогаш има дилема кога треба да се вози со владиниот авион затоа што...

Македонија13 часа

Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион, ама затоа Заев бил со семејството на одмор во Амстердам, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Семејството на премиерот Христијан Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион. Но, очигледно е дека работи фројдовскиот елемент кај СДС,...

Македонија13 часа

Кривични против претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип, си присвоиле над 300.000 денари

Полицијата поднесе кривични пријави против поранешни претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип за сторени продолжени...

Македонија15 часа

Сопствениците на кучиња да го почитуваат законот и да ги микрочипираат милениците, апелира АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици – кучиња за исполнување на законската обврска за...

Економија15 часа

Николоски: Воведовме 23 нови линии во авиосообраќајот, имаме рекордна бројка на патници, а годинава очекувам да порасне над 4 милиони патници

Од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови, охридскиот и скопскиот аеродром поминаа 3,5 милиони патници, оваа...

Европа16 часа

(Видео) Зеленски: Десетици илјади Украинци загинаа за Донбас, не се работи за земјата, туку за луѓето

Претседателот Володимир Зеленски вчера повтори дека Украина нема да отстапи територија на Русија, ниту да се повлече од областите што...

Регион16 часа

(Видео) Дете висеше од ски-лифт на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат

Вчера, дете падна од жичницата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето....

Свет16 часа

Утре прв состанок на Одборот за мир на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп утре ќе претседава со првиот состанок на Одборот за мир, во сенка на нерешени прашања за...

Свет17 часа

Една третина од американската морнарица е во близина на Иран: објавено кога би можел да започне нападот

Американската војска е подготвена да го нападне Иран уште овој викенд, иако претседателот Доналд Трамп сè уште не донел конечна...

Македонија18 часа

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти

Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на...

Свет18 часа

(Видео) Една од најсмртоносните лавини во историјата на САД: oсум скијачи загинаа, еден е исчезнат

Осум скијачи загинаа, а еден е исчезнат во лавина во планините Сиера Невада во Калифорнија, соопштија властите во среда, во...

Македонија1 ден

Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование....

Македонија1 ден

Гоце Наумовски стана нов уставен судија

Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по...

Македонија1 ден

Владата нема да купува нов авион: ќе се повлечеме од набавката и ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Владата се откажа од набавка на нов авион на што се одлучи оти стариот е дотрајан и претставува голем трошок...

Македонија2 дена

(Видео) За Мицкоски контролата на цените не е популизам, туку заштита на граѓаните, најави праведност и кон оние што се обидуваат да профитираат од кризите и кон оние што избегнуваат обврски

Денешната конференција за формализирање на неформалната економија не е само експертска расправа. Таа е разговор за праведност во општеството. За...

Македонија2 дена

(Фото) Изгореа викендица и куќа, се запали оџак: три интервенции на струмичките пожарникари

Струмичките пожарникари денеска уште во раните утрински часови имаа три интервенции. Во 06.55 часот, во излетничката населба Суви Лаки, запалена...

Македонија2 дена

„Парите за боледувања доцнат – дали Клековски манипулира дека се редовни или фондот е празен“, прашува Левица

„Изминатиот период сѐ повеќе граѓани нѐ информираат дека одреден период Фондот за здравствено осигурување не врши навремена исплата на средства...