Економија
Препораки од НБРМ во врска со исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита
По известувањето дека сите банки се подготвени да ја реализираат исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита, притоа водејќи грижа за заштита на јавното здравје, НБРМ апелира:
-При посета на филијалите и експозитурите на банките, корисниците на парична помош од социјална и детска заштита коишто досега не поседуваат дебитна картичка, да го поднесат барањето за изработка на картичка поврзана со нивната сметка. На тој начин, од следниот месец, паричната помош од социјална/детска заштита ќе им биде достапна без да треба да ги посетуваат филијалите и експозитурите на банките за да подигнат готовина.
-При посетата на филијала/експозитура да се реализираат и другите банкарски услуги за коишто корисникот на паричната помош смета дека во овој период е потребно физичко присуство, со цел да не мора неколкукратно да ја посетува банката во краток период.
-Корисниците на парична помош од социјална и детска заштита, коишто поседуваат дебитна картичка и од вторник, 2 јуни 2020 година, ќе располагаат со средствата, заради заштита на јавното здравје да настојуваат секогаш кога имаат потреба од готовина, за таа цел да ги користат банкоматите. Со тоа ќе придонесат за помало физичко присуство во банките и ќе им дадат предност на корисниците коишто во моментот не поседуваат дебитна картичка. Во трговската мрежа, секогаш кога е можно, најсоодветно е плаќањата да се вршат безготовински – со употреба на картичката.
-При посета на филијалите и експозитурите да се почитува обврската за носење лична заштитна опрема (респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба и слично).
-Да се почитуваат насоките за задолжителна дистанца од другите лица, пред и во објектите на банките.
-Да се почитуваат насоките за дезинфекција на рацете при влез во објектите на банките.
Од НБРМ потсетуваат дека според веќе објавениот распоред, исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита, за корисниците коишто не поседуваат дебитна картичка ќе се спроведе во три групи, по азбучен ред, според првата буква од презимето:
· во вторник, 2 јуни – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
· во среда, 3 јуни – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
· во четврток, 4 јуни – П Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Оттука апелираат за придржување до распоредот, со што ќе се овозможи бројноста на лица пред филијалите и експозитурите на банките да биде помала, во корист на здравјето.
И при оваа исплата, Народната банка ќе биде во интензивна комуникација со банките, заеднички настојувајќи сите активности поврзани со исплатата да се остварат на начин којшто е најсоодветен за да се заштити јавното здравје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

