Економија
Претставена новата ŠKODA FABIA: Поголема, побезбедна и поефикасна
› Четвртата генерација на популарниот градски автомобил за првпат е основан на модуларната матрица на Volkswagen групацијата MQB-A0
› Најпросторно возило во сегментот
› Емотивен дизајн, најнова технологија и нови Simply Clever решенија
Дваесет и две години по првото деби на ŠKODA FABIA, чешкиот производител официјално ја претстави четвртата генерација на популарното градско возило. Основано на модуларната матрица MQB-A0 на Volkswagen групацијата, новата FABIA е најпросторното возило во сегментот, и вклучува бројни функционалности, како и напредни системи за безбедност. Класичните бренд карактеристики на ŠKODA, како одличната вредност за пари, високото ниво на функционалност и бројните Simply Clever решенија, ја прават новата FABIA вистинска ŠKODA.

Thomas Schäfer, извршниот директор на ŠKODA AUTO, изјави: „FABIA е составен дел од нашето портфолио повеќе од 20 години и ги отелотворува основните вредности на нашиот бренд како никој друг модел. Најновата генерација има сè што е потребно за беспрекорно да се надоврзе на успехот на своите претходници. Нуди повеќе простор од неговите конкуренти, совршена поврзаност, напредни системи за безбедност и емотивен дизајн – со други зборови, сè што ви треба, и малку повеќе“.
За првпат, ŠKODA FABIA се базира на модуларната платформа MQB-A0 од групацијата Volkswagen, што овозможи да се направи ентериерот уште поголем. Сега надминувајќи ја границата од четири метри, на 4.108 mm, новата FABIA е значително подолга од претходникот. Багажникот кој со 330 литри веќе беше најголем во сегментот – доби дополнителни 50 литри до капацитет од 380 литри. Со преклопување на задните седишта, капацитетот на багажникот може да се зголеми на 1,190 литри. Бидејќи се заснова на MQB-A0, новата FABIA сега може да се пофали и со многу системи за помош кои претходно беа резервирани за возила од повисоко ниво. Во комбинација со уште поцврстото тело, малиот автомобил нуди одлична активна и пасивна безбедност.

Емотивен дизајн, најдобра аеродинамика во класата и досег од повеќе од 900 км со еден резервоар на гориво
Новиот емотивен дизајн и самоуверените пропорции ја прават новата FABIA многу привлечна. Предните светла со остри линии, како и задните светла со модерна LED-технологија и кристални структури го истакнуваат динамичниот изглед. Редизајнираниот ентериер се одликува со симетрична табла со централен дисплеј, опционална група на дигитални инструменти и хоризонтални украсни ленти. Од лансирањето на пазарот, достапни ќе бидат нивоата на Active, Ambition и Style. Спортската варијанта Monte Carlo ќе следи подоцна. Пет бензински мотори од сегашната генерација EVO на групацијата Volkswagen испорачуваат моќност во опсег од 48 kW (65 КС) до 110 kW (150 КС). Со коефициент на воздушен отпор (cd) 0,28, FABIA е најаеродинамичен автомобил во својот сегмент, што – заедно со опционален резервоар за гориво од 50 литри – овозможува опсег од повеќе од 900 км според циклусот WLTP.

Внатрешност: повеќе простор, поголем комфор и многу технологија
Внатрешноста на FABIA воспоставува совршена рамнотежа помеѓу емотивноста и ергономијата. Визуелно, се карактеризира со централен инфозабавен систем до 9,2 инчи. Покрај најсовремените системи за инфозабава, кај FABIA за првпат може да се вгради и 10,25-инчна дигитална инструмент-табла. Карактеристиките за комфор, кои вообичаено се наоѓаат во возилата од повисоко ниво, како што се греење на ветробранско стакло и греење на волан, се дополнителни опции што го имаат своето деби кај FABIA. Останати детали во внатрешноста кои претставуваат новост кај Fabia е амбиенталното осветлување и за првпат, двозонска автоматска клима.


Конективност: секогаш онлајн со безжично поврзување
ŠKODA ја опреми новата FABIA со инфозабавни системи кои имаат екрани до 9,2 инчи. Малиот автомобил е секогаш онлајн благодарение на вградениот eSIM. Ова овозможува да добиете интернетрадио или да пристапите до широкиот спектар на мобилни мрежни услуги на ŠKODA Connect и најновите апликации за инфозабава. Паметните телефони можат да се поврзат со автомобилот преку безжична SmartLink конекција без потреба од кабел и индуктивно да се полнат во Phone Box. Amundsen, врвниот систем за инфозабава, може да се управува и со контрола на гестови и со помош на дигиталниот асистент Laura.



Безбедност: нови системи за асистенција и до 9 воздушни перничиња
Патувањето секогаш е лесно со Travel Assist, поудобно со Park Assist, и за првпат кај FABIA, напредна верзија на Travel Assist системот кој нуди автоматска поддршка со лонгитудинално и латерално управување на возилото. Овој систем се активира едноставно, со притискање на копче и системот комбинира неколку системи за асистирање во исто време. До брзина од 210 км/ч адаптивниот темпомат (ACC) автоматски ја приспособува брзината со возилото пред него. Lane Assist системот ја одржува FABIA на средина на коловозната лента и врши корекции кога се потребни. Користејќи го Hands-On Detect системот, Travel Assist проверува дали возачот го држи воланот постојано. Напредниот Blind Spot Detect (Side Assist) е достапен опционално. Овој систем го предупредува возачот за возила до 70 метри и се активира доколку возачот започне маневар на претекнување додека возило се наоѓа во слепата точка. FABIA исто така активно помага при паркирање. Park Assist системот работи на брзини до 40 км/ч и бара соодветно паралелно или стандардно паркинг место, кое откако ќе биде пронајдено, возачот единствено ракува со педалите, додека управувањето се контролира автоматски. Maneuver Assist системот ги користи сензорите за детектирање на препреки пред или зад возилото при паркирање и ги активира сопирачките автоматски. Traffic Sign Recognition (систем за препознавање на сообраќајни знаци) и Front Assist системот со Predictive Pedestrian and Cyclist Protection (предвидлива заштита на пешаци и велосипедисти) се исто така нови системи достапни кај FABIA.
Мотори: пониска потрошувачка, поголем досег
Многу повеќе варијанти на погонски систем достапни за избор во четвртата генерација на ŠKODA FABIA. Пет мотори од најновата генерација EVO на групацијата Volkswagen, сите мотори се во согласност со строгиот стандард за емисии Euro 6d. Излезната моќност се движи од 48 kW (65 КС) до 110 kW (150 КС). Четири од пет мотори, заедно со опционалниот резервоар за гориво од 50 литри, можат да поминат повеќе од 900 км во циклусот WLTP.
Сите мотори го исполнуваат стандардот за емисии на Euro 6d. 1.5 TSI со излезна моќност од 110 kW (150 КС) и 7-брзински DSG како стандард e врвот на погонската понуда. Моделите што испорачуваат до 70 kW (95 КС) се опремени со 5-степен мануелен менувач, додека избор помеѓу 6-степен мануелен менувач или автоматски 7-степен DSG е достапен кај 1.0 TSI со моќност од 81 kW (110 КС).

Simply Clever: Пет нови решенија кај новата FABIA
Со пет комплетно нови карактеристики и осум дебитанти кај FABIA, чешкиот производител на автомобили ја продолжува својата традиција да нуди Simply Clever решенија во четвртата генерација на својот популарен мал автомобил. Во зависност од спецификацијата, новата ŠKODA FABIA нуди вкупно до 43 практични детали што го прават возилото полесно за употреба во секојдневниот живот – тоа е повеќе од кога било досега. Опсегот се протега од класиците на ŠKODA, како што се стругалка за мраз во капакот за полнење гориво со мерач за длабочина на шарата на гумата, држач за билети за паркинг на A столбот и чадор во вратата на возачот, до нови паметни детали што го прават ентериерот и багажникот многу поуреден со многу малку напор.


Нови Simply Clever решенија кај FABIA:
Преклопувачко совозачко седиште
Два џеба за смартфон на задниот дел од предните седишта
Мултифункционален простор за работи
USB-C приклучок на ретровизорот
Преклопувачки флексибилен отвор за работи во багажникот*
Светло за читање во задниот дел кое се активира од напред
Отстранувачки држач за чаши*
Две куки за закачување на кеси на горниот дел од
системот за прицврстување во багажникот
Мапа и држач за пенкало во фиоката пред рачката од менувачот*
Држач за картички и монети во отворот на фиоката пред совозачот
Остава за работи во тунелот пред задните седишта со држач за чаши*
Отстранлив визир за сонце со панорамски кров *
Заштита на отворот од браникот
*За прв пат кај ŠKODA
ŠKODA носи 22-годишно искуство во сегментот на мали автомобили на четвртата генерација на FABIA. Од неговото лансирање на пазарот во 1999 година, хечбекот FABIA и FABIA COMBI се важни темели на успехот на чешкиот производител на автомобили, со повеќе од 4,5 милиони произведени единици. Тој е втор најпродаван модел ŠKODA по OCTAVIA и едно од најпопуларните возила во неговиот сегмент.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Понудивме зголемување на платите на административните службеници за околу 40 проценти, ССМ го одбија покачувањето
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање на денешната собраниска седница, вели дека на вчерашниот протест на ССМ се изнесени многу лаги и невистини, бидејќи како што рече тој, до ССМ понудиле покачување на платата на административните службеници 8 проценти до 2028 година, со што истата ќе порасне од прилика од околу 40 проценти, додека пак во однос на минималната плата истакна дека таа согласно закон ќе порасне во март со платата во април, но кога ќе постигнат договор работодавачите и работниците, Владата е подготвена да го поддржи и прифати договореното.
„Прво и најважно е дека Владата е таа која што посредува во оној бипартитен дијалог помеѓу работодавачите и работниците и тоа е принципиелно и зрело однесување и така треба да се однесува секоја влада.
Второ, принципиелно ја поддржувам секоја иницијатива на секој работник кој што демократски излегува и го бара своето право за повисока плата. И тука треба да сме сите натпартиски сложни дека секој работник кој што сака повисока плата, треба да се поддржи.
Трета работа, раководството на ССМ и неколкумина вчера изнесоа многу невистини, лаги, конструкции, но и невистини кои што се резултат претпоставувам на нивната бујна фантазија, но и фрустрација која што ја имаат во своите соништа. И тоа не заслужува коментар, ние не треба да го коментираме.
Јас сум сериозно разочаран од тие кои што треба да се авангарда и водачи и пред се луѓе со интелектуална самосвест. Но вчера видовме на отворена сцена дека се целосно политизирани, инструментализирани и водени од гнев и омраза, најмногу кон мене и оваа влада“, истакна Мицкоски.
„Четврта работа, велат оваа Влада треба да ни помогне во остварување на нашите права, бидејќи е најголем работодавач. Точно е, владата е најголем работодавач и затоа владата бидејќи е влада која што е одговорна кон своите колеги, кон граѓаните, уште на почетокот на својот мандат потпиша Колективни договори за периодот кој што пледира да биде влада 2024-2028 година. Потпишавме Колективен договор со синдикатите од областа образованието, науката и културата за период од 4 години, со синдикатите од областа на здравството, за лекарите и здравствените работници. Повисока плата добија вработените во Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, центрите за социјална работа, голем дел институции, агенции, регулаторни тела итн., што ќе рече некаде од прилика 95 проценти од вкупниот број на вработени. Значи ние со нашите вработени, со нашите колеги сме имале дијалог и тој дијалог сме го заокружиле со Колективен договор за 4 години. Ние не преземавме обврски за после 2028 година. Така што да сумирам ние како работодавач сме одговорни и заедно со претставниците на нашите колеги сме си ги регулирале односите“, изјави тој и додаде:
„Повисоки плати треба да се бараат и треба секој што бара повисока плата да се поддржи. Но, не е таа адреса Владата, бидејќи ние сме ги регулирале односите со нашите колеги. Тоа треба да бидат работодавачите, но и оние кои што 7 години беа влада и ја крадеа и опустошува оваа држава, вклучително и работниците, го рекетираа бизнисот, го уценуваа бизнисот. Тие се тие кои што се вистинската адреса за протест. И кога таква ќе биде траекторијата на друга адреса, тогаш јас ќе речам во ред, овие не се инструментализирани и политизирани. Но, оние пораки кои што вчера ги слушнав немаа никаква врска со вистината, а тоа го знаат членовите на мојот кабинет кои што беа присутни на тие состаноци.
Петто, околу административните службеници, ние им понудивме уште минатата година која што се уште е на маса, сега за периодот од март, односно платата во април 2026 до март, април 2028, тоа се 2 години и 2, 3 месеци. Што е тоа кое што го понудивме? Моменталната плата да биде основица која што сега секако ќе се зголеми за минималната, и тој збир да се зголеми за 8 проценти, сега во април 2026, следната година повторно да се зголеми за минималната плата и тој збир со нови 8 проценти. Повторно во 2028 година да се зголемат со минималната плата и повторно тој збир да се зголеми за 8 проценти. Што ќе каже дека од април оваа година до април 2028 зголемувањето ќе биде околу 40 проценти, со потпишување на индивидуални или гранкови колективни договори. Имаме еден услов, општиот Колективен договор е истечен, но факт е дека и покрај тоа што е истечен до носење на нов, овој останува во сила. Барем само делот кој е збунувачки и нејасен за плати, да го избришеме и да преговараме нова формулација која ќе биде унифицирана, затоа што сега имаме 4-5 документи кои што административните службеници се повикуваат. Доволен период имаме 3 години да испреговараме и после 2028, односно 2029 година да биде сето тоа унифицирано. Од ССМ го одбија, затоа што тие се потписници кога имаа монопол во репрезентативноста на синдикатите со поранешната влада. И велеа како ние сме го потпишале, како сега ние ќе се бришеме. Ете ова е вистината“, нагласи Мицкоски.
„Ова стои на маса до сите административни службеници 7700 се во моментот. Кога ова ќе се реши 99 проценти од нашите колеги ќе имаат регулиран однос со нас како влада, како работодавачи. Ова стои на маса, подготвени сме веднаш да го потпишеме и прифатиме“, дециден е Мицкоски.
„А во дел на минималната плата, согласно закон, бидејќи ние мораме по закон да постапуваме ќе има сега зголемување. И првиот момент кога работниците и работодавачите ќе се договорат ние како странка тоа ќе го поддржиме и примениме“, заклучи Мицкоски.
Економија
„Партнерство за енергетската иднина“: Потпишан Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УНДП“
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува јасна и долгорочна рамка за заедничко делување во областа на енергетиката, енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија и одржливиот развој.
Меморандумот го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Северна Македонија, Армен Григорјан. Со Меморандумот се зајакнува институционалната соработка меѓу двете страни и се отвора простор за координирани активности насочени кон праведна и инклузивна енергетска транзиција, зајакнување на енергетската независност и отпорност на државата, како и исполнување на националните и меѓународните климатски цели.
„Овој Меморандум претставува силна потврда на нашата заложба за модерна, одржлива и праведна енергетска транзиција. Преку партнерството со УНДП добиваме дополнителна експертиза и поддршка за креирање и спроведување политики кои носат конкретни придобивки за граѓаните, економијата и животната средина“, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.
Соработката ќе се реализира во согласност со националните приоритети и Програмскиот документ на УНДП за Република Северна Македонија за периодот 2026–2030, со посебен фокус на добро управување, транспарентност и активно вклучување на јавноста во процесите на донесување одлуки поврзани со енергетиката.
„УНДП останува посветен партнер на институциите во Северна Македонија во унапредувањето на одржливиот развој. Овој Меморандум создава силна основа за заедничка работа во енергетскиот сектор, со фокус на чиста енергија, намалување на емисиите и инклузивен јавен дијалог“, истакна постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан.
Меморандумот предвидува заеднички активности во развојот на енергетскиот сектор, рударството и управувањето со минералните ресурси, намалување на емисиите на стакленички гасови преку зголемена примена на обновливи извори и мерки за енергетска ефикасност, како и поддршка во изработката и спроведувањето на национални стратегии, законодавство и акциски планови во областа на енергетиката.
Особено значаен сегмент од соработката е насочен кон јакнење на институционалните, техничките и човечките капацитети, преку градење експертиза и подобрување на процесите за креирање и спроведување јавни политики, како и кон унапредување на транспарентноста и инклузивниот јавен дијалог, со посебно внимание на младите, жените и ранливите групи граѓани. Во рамки на партнерството е предвидена и заедничка организација на национални и меѓународни настани, форуми и иницијативи посветени на одржливиот развој и енергетската транзиција.
Меморандумот е склучен на период од четири години, со можност за продолжување, и претставува значаен чекор кон продлабочување на соработката меѓу Министерството за енергетика и УНДП во насока на одржлива и сигурна енергетска иднина за Северна Македонија.
Економија
Новата Ford Puma Gen-E финалист на европскиот натпревар AUTOBEST 2026!
Ford Puma Gen-E е избрана за финалист на престижниот избор AUTOBEST 2026 – признание што ја потврдува визијата на Ford за иновативна, ефикасна и достапна мобилност.
Како нова електрифицирана генерација на омилениот кросовер, Puma Gen-E комбинира динамичен дизајн, напредни технологии и практичност создадена за секојдневието. Со фокус на одржливост и паметни решенија, моделот нуди возбудливо искуство во градот и надвор од него, без компромис во удобноста и перформансите.
Ова признание од AUTOBEST е уште една потврда дека Ford Puma Gen-E поставува нови стандарди во својата класа.
👉 Вашиот глас е важен!
Поддржете ја Ford Puma Gen-E и гласајте во изборот AUTOBEST 2026 на https://autobest.org/.
AUTOBEST е еден од најрелевантните и највлијателни европски автомобилски избори, основан со цел да ги претставува интересите на реалните возачи низ целиот континент. Жирито на AUTOBEST го сочинуваат реномирани автомобилски новинари од повеќе од 30 европски земји, кои заедно претставуваат над 90% од европскиот автомобилски пазар.
Финалистите и победниците на AUTOBEST се сметаат за репер во европската автомобилска индустрија, а самото учество во финалната селекција претставува значајно признание за квалитетот и визијата на еден модел.
(ПР)

