Економија
Претставени новите Turbo S-верзии на Porsche 911!
Porsche ги претставија Turbo S верзиите на новата генерација на 911. Повеќе моќ, подобра динамика и подобар комфор. Turbo S верзиите ни доаѓаат во купе и кабрио верзии со новиот 3,8 литарски боксер мотор со двојни турбини и моќност од 650 коњски сили! Што претставува дури 70 коњски сили повеќе од претходната генерација. Максималниот вртежен момент сега изнесува 800nm. Во оваа варијанта на 911, менувачот е уникатен за Turbo (Porsche Doppelkupplung – PDK), доаѓа со 8 брзини и резултира со време од 2,7 секунди до 100 км/ч – за 0,2 секунди побрзо, додека максималната брзина е иста и изнесува 330 км/ч. Мислиме дека е доволно.
Димензиите на новиот 911 Turbo S се минимално зголемени и тие вишок центиметри одат во корист на аеродинамиката. 45мм поширок на предната оска и 20мм повеќе во задниот дел. Новите рас-пар гуми (потесни напред, пошироки во задниот дел) ги зголемуваат возните карактеристики на овој супер-автомобил.
Адаптивната еродинамика и контролира отворите за воздух во предниот дел, додека големиот заден спојлер е дизајниран за уште повеќе downforce. За прв пат во 911, моќта се пренесува на патот на тркала во различни димензии, 20 инчни 255/35 напред и 21 инчни 315/30 позади. Новата опрема само го истакнува дополнително квалитетот на перформансите кои Turbo S ги нуди. Погонот за пренос на сите тркала воден од Porsche Active Suspension Management (PASM) кој е задолжен да ја контролира шасијата, е спуштен за 10мм и спортскиот издувен систем со варијабилно отворање гарантира дистинктивен звук кој искрено недостасуваше во „обичните“ Carrera S и 4S.
Комплетно новиот мотор во 911 Turbo S е варијација на моторот кој го видовме во Carrera. Целосно е редизајниран начинот на воздушно ладење, нови, поголеми VTG турбини и симетрична поставеност со електронски контролирани издувни клапи, гарантираат висока респонзивнот, моќност и вртежен момент, додека емисиите на штетни гасови се значително намалени.
Дизајнот прави одличен баланс помеѓу задоволството на возење, динамиката и спортските карактеристики, кои се идеални за секојдневното возење, како и возењето на патека. Подобрувањето на перформансите на новата генерација 911 Turbo S е значителна во спринтот до 200 км/ч за кое се потребни 8,9 секунди или цела секунда побрзо од претходната генерација. Благодарение на Porsche Traction Management (PTM) системот за погон на сите тркала има поголема моќност и подобра тракција со тоа што до 500Nm се пренесуваат на предната оска при лансирањето. Новата генерација на PASM шасијата е уште поспортска. Шасијата прецизно и брзо ги регулира дамперите за добивање на значителна предност во динамиката на возењето и стабилноста при свиоците, додека системот за управување станува „ласерски“ кога ќе го насочите воланот во саканата насока.
Страничните големи отвори за воздух се главна карактеристика на 911 Turbo, кои во новата генерација се поголеми, додека светлата се LED Matrix со два модула. Задниот спојлер пневматски се отвора и дава 15% повеќе downforce. Мускулниот спојлер е интегриран во деловите на воздушните отвори, со што се нагласува целиот дизајн на Turbo S. Новите издуви се четвороаголни со што Turbo дизајнот завршува, барем во надворешниот дел.
Внатре, Porsche 911 Turbo S очекувано ни доаѓа со високо квалитетни материјали од кожа, јаглеродни влакна или сребрени акценти. Новиот дизајн на дво-тонски ентериер го нагласува прелевањето на боите, материјалите и целиот карактер коj со Sport Chrono пакетот доаѓа со часовник за мерење на вашите кругови на патеката поставен во центарот на конзолата го постигнува ефектот. Turbo!
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Николоски: Се работи на нов просторен план на Македонија, стратешки документ за развој на државата
Изработката на новиот просторен план на Македонија треба да ги даде насоките за просторниот развој на државата со што ќе се овозможат бенефити за целокупното општество. Планот кој го изработува Агенцијата за просторно планирање, а во соработка со надлежни институции треба да понуди нов инфраструктурен концепт за развојот на Македонија, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на настанот по повод 20 години постоење на Агенцијата за просторно планирање.
Како што потенцира тој, Агенцијата има централна улога во обликување на идниот развој на државата.
„Би сакал да ја потенцирам важноста на новиот просторен план од следните причини: Македонија како природна крстосница меѓу Југоисточна и Централна Европа, има геостратешка важност која произлегува од положбата на коридорите Исток–Запад и Север–Југ, односноа Коридорите 8, 10 и 10 – д. Понатаму близината на јужните пристаништа и улогата како транзитна земја за транспорт, енергија и трговијата. Гледаме во овие глобални предизвици колку е важно Македонија енергетски да се поврзува и во таа насока изградбата на интерконекторот кој не поврзува со Грција како и планираниот интерконектор со Србија, ќе значи дека Македонија ќе стане и енергетска раскрсница. А во меѓувреме интензивно се работи и на далноводно поврзување и со Албанија преку далноводот Охрид-Елбасан. Тука се автопатите, железничките поврзувања, логистичките центри, мултимодуларните јазли особено јазолот со вкрстувањето на коридор 10 со коридор 8, подобрување на меѓуграничната поврзанот и др. И затоа сметам дека треба да постои добра соработка со сите институции на изработка на тој документ кој ќе се почитува и со кој ќе се следи развојот на државата”, кажа Николоски.
Тој го потенцира институционалното партнерство со Министерството за транспорт во спроведување на стратешките политики на Владата, а најави дека министерството работи на изработка на софтвер за развој и управување со геопросторни податоци. Вицепремиерот упати честитки за јубилејот на Агенцијата.
Економија
Минт кредит – роденденска акција што носи подарок
Време е за нови можности и убави изненадувања, затоа што Минт Кредит слави роденден, а кога се слави роденден – подароците се задолжителни. Овој пат, Минт Кредит те изненадува со специјален роденденски Mint Store ваучер покрај брзата финансиска поддршка
Избери износ што ти одговара и добиј подарок::
• Кредит до 30.000 МКД – ваучер од 1.000 МКД
• Кредит до 60.000 МКД – ваучер од 2.000 МКД
• Кредит до 300.000 МКД – ваучер од 3.000 МКД
Брзо, едноставно и без компликации:
✔️ Минимум 12 рати рок на отплата
✔️ Онлајн апликација од каде било
✔️ Одобрување за само 10 минути
Искористи ја роденденската акција и добиј повеќе вредност со секоја апликација – финансиска поддршка плус Mint Store ваучер за шопинг.
Минт Кредит – Кога вредноста е двојна, изборот е јасен.
Аплицирај на Минт Кредит За повеќе информации јави се контактирај се на 15 107, или во една од нашите канцеларии.
*Подарокот важи за одобрени и исплатени кредити.
ПР
Економија
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
Д-р Фатих Шахбаз е назначен за нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје. По успешно спроведените законски и регулаторни процедури, Народната банка даде одобрение за назначување на новиот ГИД, кој банката ќе ја води во следниот период. Со оваа одлука Халкбанк продолжува со стратегиски ориентиран и стабилен развој под раководство на искусен професионалец, кој зад себе има повеќе од две децении богато искуство во банкарскиот сектор.
Д-р Шахбаз својата кариера ја градел во рамките на Türkiye Halk Bankası A.Ş., каде последователно извршувал различни значајни функции, од специјалист, внатрешен инспектор, директор и раководител на филијала, до менаџер на оддел и директор на група. На 1 декември 2022 година бил назначен за заменик генерален директор задолжен за Управување со човечки ресурси и Секторот за поддршка, а од 17 јули 2025 година ја извршувал функцијата заменик генерален директор задолжен за Управување со поддршка и Дигитална трансформација.

Неговото академско образование, богато професионално портфолио и долгогодишната експертиза како и искуството во менаџирање со клучни сегменти од банкарското работење, претставуваат силна основа во понатамошниот развој и водење на Халкбанк во Македонија.
Халкбанк АД Скопје е стабилна и високо позиционирана банка на македонскиот пазар, еден од најзначајните двигатели на економијата во државата и стабилен партнер на македонските компании и граѓани, со континуиран раст и силни финансиски показатели. Банката ја заврши 2024 година со актива од 1,852 милијарди евра, кредитно портфолио од 1,17 милијарди евра, депозитна база од 1,325 милијарди евра и нето добивка од над 30 милиони евра. Веќе во вториот квартал од 2025 година активата порасна на 1.922 милиони евра, што е раст за шест месеци од речиси 71 милион евра, депозитната база достигна 1.443 милиони евра, додека кредитирањето вкупно се зголеми за речиси 158 милиони евра, резултати кои ја потврдуваат довербата на клиентите, професионалноста на тимот и стабилната улога на Банката во економијата.
Со поставувањето на Д-р Фатих Шахбаз за Главен извршен директор, Банката продолжува со јасна визија, стратегиски развој и посветеност во унапредувањето на финансиските услуги, дигиталните решенија и поддршката на економскиот раст и развојот на македонскиот пазар.
ПР













