Економија
Прима изненадува со најголем салон за мебел во Македонија
12.6.2025 година е денот кога ќе се случи ексклузивното отворање на најновиот салон на Прима во GОDI Retail Park Mall на ул. Перо Наков, бр. 108, во населбата Гази Баба. Една од екслузивностите на овој простор е што ова е досега најголемиот салон за мебел во Македонија кој се простира на 4000 м2 каде што ќе ве пречекаат најновите колекции на мебел дизајниран и изработен во Хрватска како и многубројни изненадувања, попусти и подароци.
За овој настан Прима на првите 50 посетители ќе им подари ваучери за идните купувања во вредност од 50 евра, а и на првите 100 купувачи ваучери во вредност од 50 евра.
Прима веќе долги години е водечки бренд на овие простори со сопствен дизајн и производство на мебел. Големиот број салони го докажуваат она во кое сите вработени на Прима силно веруваат – дека само вистинскиот квалитет и одличниот дизајн може да биде препознаен од многумина. Прима е фирма во која идеите на дизајнерските тимови го добиваат својот конечен изглед во фабриките, а мебелот се изработува со внимание и од квалитетни материјали. Во Прима веруваат дека темелот на успехот лежи во вработените, во нивниот постојан личен и професионален развој, на следењето на светските трендови во дизајнот и навремениот пласман во продажните места и домовите на клиентите.
Во новоотворениот салон на Прима сите клиенти, ќе можат да ја видат најновата колекција кујни и гарнитури и декорации, како и да ја добијат услугата Дизајн на ентериер со 3Д-рендер, од страна на дизајнерски тим. За време на свеченото отворање, сите заедно ќе уживаат во вкусните закуски што ќе ги подготвува шефот Марк де Јонг.













Со ова Прима уште еднаш ја докажува својата вредност и покажува зошто е меѓу најпопуларните брендови за мебел на овие простори. Ве очекуваме!
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

