Економија
Продажбата на нови куќи во САД опадна за 12,8 проценти
Продажбата на нови куќи и станови во Соединетите американски држави (САД) во јули падна за 12,8 проценти, што е еден од главните показатели за состојбата со американската економија.
Причината за падот на продажбата се високите цени и намалената понуда, што ги одбива потенцијалните купувачи. Претставници на Министерството за трговија соопштија дека продажбата на нови куќи и станови по сезонски прилагодена стапка за период од 12 месеци изнесува 635.000 единици, што е намалување во однос на годишната стапка од 728 илјади.
Досега годинава продажбата вкупно пораснала само за 4,1 процент.Недостигот на расположиви куќи, предизвикан од забавената изградба, ги крена цените и ја намали продажбата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Од полноќ поевтини горива
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,86 % во однос на одлуката од 20.01.2025 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,341%, кај дизелот за 3,439%, кај екстра лесното масло се намалуваат за 3,649% и кај мазутот намалување е за 2,054%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,8331%.
Од 28.1.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 45,631 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,50 ден/лит
Малопродажните цени на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,042 ден/кг и сега ќе изнесува 45,631 ден/кг.
Економија
Ангеловска-Бежоска – Ле Риголер: Добрата капитализарност на банкарскиот систем овозможи забрзување на кредитниот раст
Добрите политики на Народната банка имаат суштинско значење за стабилизирањето на инфлацијата и за одржувањето и зајакнувањето на финансиската стабилност, вклучително и денаризацијата, беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорот на Француската Република во земјава, Кристоф ле Риголер.
Во изминатите години финансиската стабилност беше зајакната, што се согледува преку јакнењето на капиталот на банките коешто овозможи забрзување на кредитната активност. Имено, минатата година кредитната активност забрза искачувајќи се на околу 11%, од 5% во 2023 година, со што обезбеди значителна поддршка за стопанството и за граѓаните. Овој солиден кредитен раст беше поддржан и од солидниот раст на депозитите којшто достигна околу 12%. Притоа беше истакнато дека растот на денарските депозити е многу побрз од растот на девизните депозити, односно тие се зголемија за 22%, наспроти 5 % кај девизните депозити. Ова укажува на високо ниво на доверба во банкарскиот систем и политиките коишто ги води Народната банка.
На средбата стана збор и за сегашните макроекономски состојби и предизвици, при што беше забележано дека инфлацијата од високи 20% е сведена на 3,5%, сепак е потребно внимателно водење на макроекономските политики за нејзино одржливо стабилизирање на среден рок.
Гувернерката и амбасадорот искажаа заемно задоволство од спроведувањето на проектните активности на Народната банка со поддршка од ЕУ за усогласување со највисоките европски стандарди и регулативи и изразија цврсти заложби за продолжување и продлабочување на соработката во иднина.
Економија
Акција 48 рати без камата, само во „Нептун“, на сè, ама баш на сè
Само во НЕПТУН, купувајте со неверојатни услови, акција 𝟰𝟴 РАТИ БЕЗ 𝗞𝗔𝗠𝗔𝗧𝗔, НА СÈ АМА БАШ НА СÈ!
Остварете ги вашите желби со брз, лесен и поволен шопинг! Достапно за сите производи од целиот асортиман.
ИНСТАНТ ОДОБРУВАЊЕ И ПОДИГНУВАЊЕ! Финансирањето никогаш не било полесно – купувајте сега, плаќајте подоцна – акцијата трае до 31 јануари!
Аплицирајте веднаш и добијте ја најдобрата понуда!
НЕПТУН – живеј подобро секој ден.
ПР текст