Економија
Промовирана веб-платформа за споредба на цените на струјата
Регулаторната комисија за енергетика ја промовира првата веб-платформа за споредба на цени на македонскиот пазар на мало со електрична енергија, Switch.mk.
Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, рече дека Северна Македонија е првата држава во рамки на Енергетската заедница која воведува ваква функционална алатка. Тој посочи дека обврската за овозможување на ваков вид на веб-базирани алатки наменети за потрошувачите е наведена во новиот пакет на ЕУ легислатива за електрична енергија, усвоен во мај оваа година.
„Switch.mk е наменета пред сé за малите потрошувачи и домаќинствата и има за цел да им помогне при нивниот избор на снабдувач со електрична енергија. Веб-платформата е достапна на три јазици, македонски, албански и англиски јазик. Тука потрошувачите може да направат споредба на достапните понуди од страна на активните снабдувачи на пазарот на мало со електрична енергија, односно да добијат јасни, сеопфатни и ажурирани информации за цените на електрична енергија, периодот на траење на договорот за снабдување, фактурирањето, како и другите услуги поврзани со снабдувањето со електрична енергија“, појасни Бислимоски.
Додаде дека платформата нуди и други корисни информации за потрошувачите, со цел подобро разбирање на тоа како функционира пазарот на електрична енергија, кои се нивните права и обврски, како да се заштеди енергија и др.
Бислимоски истакна дека снабдувачот не може да склучи договор со потрошувачот по цена и под услови понеповолни од објавените на платформата.
Платформата овозможува прикажување индикативна крајна цена за електрична енергија од секој снабдувач и за секоја објавена понуда, а во прикажаната индикативна крајна цена за електрична енергија, заради поедноставување на пресметката, не е вклучен надоместокот за јавно осветлување утврден со закон.
Од моментално објавените понуди за оваа категорија на потрошувачи може да се забележи дека разликата од најниската до највисоката понуда е дури 28%, што, како што рече Бислимоски, укажува дека постои значителен потенцијал за заштеда на средства за компаниите, средства кои може да ги алоцираат за други развојни потребни на својот бизнис, за отворање на нови работни места, за зголемена ефикасност и конкурентност.
„Сепак, тука би истакнал дека слободата на пазарот подразбира дека двете страни треба да поседуваат волја и интерес за да влезат во одреден договорен однос. Снабдувачите со електрична енергија на слободниот пазар имаат право да изберат со кој потрошувач ќе склучат договор, односно тоа значи дека за одредени потрошувачи можно е да нема соодветни понуди на слободниот пазар.
За домаќинствата на пример, кои исто така со новиот Закон за енергетика од минатата година се стекнаа со правото за избор на снабдувач, до овој момент, освен од универзалниот снабдувач, не се објавени други понуди“, кажа директорот на РКЕ.
Појасни декатоа е од причина што во оваа фаза од реформата, снабдувачите на слободниот пазар сè уште не можат да понудат пониски цени од регулираната цена на електричната енергија за домаќинствата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ИТ компаниите веќе со конкретни активности и подготовки за програмата студентски ваучери 2025
Со најавените над 50.000 студентски ваучери и релативно краткиот временски рок за нивно искористување, целиот ИТ сектор се соочува со голем предизвик да обезбеди доволно лагер на квалитетна опрема.
Разбирајќи го ова, и со цел да им излезе во пресрет на студентите, компанијата Анхоч е прва што го креираше и лансираше системот за предрезервации на уреди.
Со најавата на Владата за доделување студентски ваучери во вредност од 15.300 денари, Анхоч, како лидер во технолошката поддршка на студентите, лансира ексклузивна понуда со фокус на брза и едноставна предрезервација.
Понуда креирана според гласот на студентитe
По успешно спроведената анкета во која учествуваа илјадници студенти од целата земја, Анхоч подготви специјална понуда која ги опфаќа најбараните уреди за студирање, креативност и продуктивност:
· Лаптопи: Од ултра-тенки модели за брзи белешки и предавања, до моќни гејминг ѕверови за кодирање и креација – ја нудиме целата палета на перформанси за секој буџет и амбиција.
· Таблети: Флексибилни уреди, идеални за читање, дигитални белешки и гледање предавања, буквално се што ти треба во еден ранец.
· Десктоп Компјутери: Mоќни и продуктивни, составени од врвни компоненти од најпознатите светски брендови, за оние кои бараат максимален перформанс и долгорочна сигурност.
„Нашата цел беше да создадеме понуда која навистина одговара на реалните потреби на студентите – уреди што ќе им помогнат да учат, создаваат и се развиваат. Затоа велиме: Твој ваучер, твој избор, наша технологија,“ – изјавија од тимот на Анхоч, нагласувајќи ја посветеноста на компанијата кон образованието и иновациите.
Разбирајќи ја потребата од брзо и ефикасно користење на ваучерите, и со цел да се избегнат гужвите и хаосот, Анхоч го лансира системот предрезервација на уреди.
Мотото на оваа кампања е едноставно и директно: Не се нервирај – Предрезервирај: Обезбеди го посакуваниот модел на време!
Со предрезервацијата, студентите го обезбедуваат токму моделот што го посакуваат кога државната програма ќе започне.
Понудата е осмислена така што секој студент може да го искористи својот ваучер брзо, едноставно и без непотребни процедури.
Дополнително, сите студенти кои ќе направат предрезервација исто така ќе добијат и специјален подарок, како знак на благодарност за довербата и интересот.
Како и досега, Анхоч останува посветен на поддршка на младите и негува препознатлив пристап -технологија со човечко лице, достапна за сите што сакаат повеќе.
Затоа не ризикувај – предрезервирај го својот уред и уживај во бенефитите за рана предрезервација!
Повеќе информации за предрезервациите, каталогот и понудата, веднаш на овој линк.
Економија
Народната банка го задржува внимателниот пристап − каматните стапки остануваат непроменети
Вчера се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за состојбите во домашната и светската економија, најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари, како и согледувањата од најновите макроекономски проекции на среден рок, во контекст на поставеноста на монетарната политика. Најновиот Квартален извештај во чии рамки се вклучени и макроекономските проекции на Народната банка беше разгледан и усвоен на седницата на Советот на Народната банка.
„Во согласност со тековните економски услови, најновите макроекономски проекции и со оценетите ризици од надворешното и домашното окружување, на седницата на Извршниот одбор беше одлучено каматните стапки да останат непроменети. Каматната стапка на благајничките записи и понатаму изнесува 5,35%, додека каматните стапки на депозитите преку ноќ и на седум дена остануваат на нивоата од 3,95% и 4%, соодветно. Понудата на благајничките записи на редовната аукција исто така е непроменета и ќе изнесува 10 милијарди денари. Со тоа, Народната банка го задржува внимателниот пристап во водењето на монетарната политика. Ваквата поставеност е дополнително поддржана од неодамнешните измени кај задолжителната резерва, затегнувањето на макропрудентните мерки во делот на критериумите за квалитетот на кредитната побарувачка, како и од одлуките поврзани со управувањето со системските ризици. Комбинираното влијание на овие мерки ќе придонесе за одржување на стабилноста на девизниот курс и на ценовната стабилност на среден рок, како и за ограничување на потенцијалните системски ризици. Доколку продолжат позитивните движења со намалување на стапката на инфлација и во наредните месеци, и во отсуство на административни интервенции во утврдувањето на платите, Нaродната банка е подготвена соодветно да реагира во насока на натамошно нормализирање на монетарната политика“, се наведува во соопштението.
Во него се додава дека инфлацијата и натаму е во фокусот на монетарната политика. „Годишната стапка на инфлација во септември и натаму забавува и изнесува 4%. Ваквото движење главно произлегува од релативно инертната базична инфлација, движењата кај цените на храната, а во помала мера и од цените на енергијата. Најновите проекции за берзанските цени на примарните производи за наредниот период се променети во надолна насока, што укажува на помали увозни ценовни притисоци за домашните цени во следниот период. Според најновите проекции, се очекува дека инфлацијата за целата 2025 година ќе изнесува 3,9%, во просек, а во понатамошниот период на проекциите ќе следи патека на надолно приспособување и враќање кон историскиот просек. Следствено, инфлацијата ќе се сведе на 2,5% во 2026 година и 2,0% на среден рок. Постепеното стабилизирање на инфлацијата на среден рок би произлегло од закотвените инфлациски очекувања и ограничените притисоци од домашната побарувачка и увозните цени“, соопшти Народната банка.
Од таму соопштија дека состојбата на девизниот пазар и натаму е стабилна. „На крајот на октомври, нивото на девизните резерви изнесува 4.842,9 милиони евра, што според сите меѓународни показатели за адекватноста на девизните резерви се оценува како соодветно ниво. Последните проекции за надворешната позиција укажуваат на дефицит на тековната сметка од 4,2% од БДП во 2025 година, што претставува одредено продлабочување во споредба со претходната година. На среден рок, за периодот 2026 ‒ 2028 година, се предвидува постепено стеснување на дефицитот и негово сведување на 2,6% од БДП во 2028 година. Се очекува дека финансиските текови ќе бидат солидни во текот на периодот на проекциите, обезбедувајќи целосно финансирање на дефицитот и раст на девизните резерви“, соопштија од Народната банка.
На седницата е утврдено дека во првата половина од 2025 година, економскиот раст достигна 3,2% покажувајќи дека е поотпорен во однос на очекувањата за првата половина од 2025 година. Расположливите високофреквентни податоци за третиот квартал од 2025 година упатуваат на понатамошен, умерено забрзан раст, поддржан од високиот раст кај градежништвото и солидниот раст во индустријата и угостителството, при послаби остварувања кај трговијата. Согласно подоброто остварување во првата половина на годината, новите проекции упатуваат на забрзување на растот на БДП, односно негово искачување на 3,5% во 2025 година и на 4% на среден рок, при непроменети оцени за фундаменталните фактори од кои зависи растот. Во услови на јавен инфраструктурен циклус и подобрување на надворешните услови, се очекува дека инвестициите ќе бидат главниот фактор за растот, којшто ќе биде дополнително поддржан од домашната потрошувачка и извозната активност.
Стапките на раст на депозитите и кредитите на банките, заклучно со септември, упатуваат на натамошно јакнење на депозитната база на банките и на нивна солидна кредитна поддршка за економската активност. Врз основа на тековните движења, до крајот на 2025 година, се очекува раст на депозитите од 9,5% и раст на кредитите од 11,6%. На среден рок, за периодот 2026 − 2028 година, се предвидува умерено забавување на просечниот раст, којшто ќе изнесува околу 7,6% кај депозитите и 7,3% кај кредитите, односно стабилна поддршка на економијата преку банкарскиот сектор.
„Општо земено, со последната одлука на Народната банка се задржува внимателниот пристап во водењето на монетарната политика, во согласност со најновите движења кај клучните макроекономски показатели, нивните очекувани трендови во наредниот период и со проценетите ризици. Надворешните ризици и понатаму постојат, а внимателно се следат и домашните фактори коишто влијаат врз доходот и побарувачката. Народната банка и во иднина ќе биде подготвена да ги користи сите расположливи инструменти и доколку е потребно, ќе преземе соодветни мерки за одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и за обезбедување на ценовната стабилност на среден рок“, се наведува во соопштението.
Економија
Андоновски: Е-трговијата веќе не е алтернативен, туку доминантен економски модел
Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на електронската трговија како двигател на економијата, преку спроведување на јасна стратегија за дигитална трансформација, зајакнување на интероперабилноста и намалување на административните пречки за граѓаните и компаниите, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на отворањето на 8-та Регионална Е-комерц конференција во Скопје.
Тој истакна дека е-трговијата веќе не е алтернативен, туку доминантен економски модел, кој бара силна поддршка од државата преку модерни дигитални платформи, регулаторна предвидливост и иновации ориентирани кон пазарот.
„Интероперабилноста што ја бесплатно ја овозможивме за повеќе од 76 институции и компании – со повеќе од 2.6 милиони безбедни трансакции месечно и раст од 260% – претставува не само успех на администрацијата, туку можност за приватниот сектор. Таа отвора простор за дигитални услуги, безбедна размена на податоци, брз пристап до потребните административни податоци и нови бизнис-модели што ја поврзуваат државата и компаниите во еден заеднички дигитален екосистем“, изјави министерот Андоновски.
Во рамки на поддршката за мали и средни претпријатија, Министерството за дигитална трансформација преку Европскиот дигитален иновациски хаб – INNOFEIT EDIH, им овозможува на компаниите пристап до лаборатории, дигитални алатки и експертска поддршка за тестирање нови технологии пред инвестирање. Овој хаб нуди и обуки за дигитални вештини во областа на вештачка интелигенција, сајбер-безбедност, автоматизација и интернет на нештата, со цел да ја зголеми конкурентноста на домашните компании на европскиот пазар.
Во истата насока, Националниот центар за вештачка интелигенција – Везилка, развива АИ решенија применливи и во приватниот сектор, со што создава услови електронската трговија да стане поефикасна, попаметна и побезбедна.
„Намалувањето на бирократијата и отворањето на податоците за бизнис-заедницата се клучни за модерна држава. Владата создава инфраструктура каде иновацијата е во центарот, а граѓаните и компаниите се вистинските корисници на дигиталната трансформација“, додаде Андоновски.
Тој најави дека во следниот период Владата ќе продолжи да инвестира во дигитална инфраструктура, унапредување на екосистемот за иновации, како и во програми за поддршка на стартапи и претприемачи во дигиталната економија.

