Економија
Промовирани двојните дипломи на АУЕ – ФОН со меѓународни универзитети од Германија, Франција, Бугарија и Израел
Американскиот универзитет на Европа – ФОН денеска на свечен настан, на кој присуствуваа високи претставници од државниот врв ги промовираше новите студиски програми кои на студентите им овозможуваат стекнување двојни дипломи со меѓународни универзитети од Германија, Франција и Бугарија. Како резултат интензивната меѓународна соработка, студентите на АУЕ – ФОН можат да добијат двојна диплома од областа на бизнис-економија, менаџмент и финансии за прв и за втор циклус студии на Државниот универзитет за применети науки од Митведа, Германија, како и на Високата школа за осигурување и финансии – приватен универзитет од Софија, Бугарија. Заедно со Европскиот центар за меѓународно образование од Ница, Франција (Centre International de Formation Européenne – CIFE), универзитетот овозможува и заедничка студиска програма за напредни последипломски студии за интеграција во Европската Унија.
Во делот на неформалното образование пак, АУЕ – ФОН во соработка со ThriveDX од Израел, од оваа академска година почнува со специјализирани обуки за дигитални вештини од областа на кибербезбедност, базирани на единствена електронска платформа за обука и дизајнирани за успешно подготвување кадри за различни работни позиции во област на кибербезбедноста. Американскиот универзитет на Европа – ФОН денеска на свечен настан, на кој присуствуваа високи претставници од државниот врв ги промовираше новите студиски програми кои на студентите им овозможуваат стекнување на двојни дипломи со меѓународни универзитети од Германија, Франција и Бугарија.
Како резултат интензивната меѓународна соработка, студентите на АУЕ – ФОН можат да добијат двојна диплома од областа на бизнис-економија, менаџмент и финансии за прв и за втор циклус студии на Државниот универзитет за применети науки од Митведа, Германија, како и на Високата школа за осигурување и финансии – приватен универзитет од Софија, Бугарија. Заедно со Европскиот центар за меѓународно образование од Ница, Франција (Centre International de Formation Européenne – CIFE), универзитетот овозможува и заедничка студиска програма за напредни последипломски студии за интеграција во Европската Унија.
Во делот на неформалното образование пак, АУЕ – ФОН во соработка со ThriveDX од Израел, од оваа академска година почнува со специјализирани обуки за дигитални вештини од областа на кибербезбедност, базирани на единствена електронска платформа за обука и дизајнирани за успешно подготвување кадри за различни работни позиции во област на кибербезбедноста.
Ректорката на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, проф. д-р Билјана Пулеска Јанушевска пред присутните гости истакна дека иако меѓународната академска соработка спаѓа во редовна активност на универзитетот, овој пат приоритетот бил целосно посветен на создавање дополнителни можности за пристап до квалитетно учење и личен развој на студентите согласно потребите на пазарот на трудот. Обезбедувањето квалитет на образовниот процес и создавање конкурентни знаења и вештини е врвен приоритет на АУЕ – ФОН.
„Договорите за заеднички, односно двојни дипломи, не само што ќе ги прошират знаењата и компетенциите, туку се креирани да создадат дополнителни можности за поединците и да се надминат долгите процедури за признавање на високообразовните квалификации во рамки на Европскиот образовен простор. Двојните програми се непроценливо корисни од академска перспектива, но да не ја заборавиме и можноста која младите најмногу ја сакаaт: да научат за новите култури и да се стекнат со практична работа во странство“, истакна ректорката на АУЕ – ФОН, Пулеска Јанушевска.
![]()
Серџ Велеско, деканот за меѓународна образовна соработка, од Универзитетот за применети науки во Митведа, Република Германија во своето видеообраќање пред присутните истакна дека во последните 10 години имаат регистрирано над 200 дипломирани студенти од 8 различни земји од Европа токму како резултат на меѓусебната соработка со различните универзитети.
„Нашето неодамнешно истражување покажа дека сите студени кои добиле двојни дипломи од нашиот универзитет се вработени и имаат богати кариери. Продолжете во сопствениот развој и иницирајте нови студиски програми, со цел на студентите да им овозможите нови перстективи“, порача Велеско.
Ректорот на Високата школа за осигурување и финансии (ВУЗФ) од Софија, проф. д-р на правни науки, Борис Велчев говорејќи за соработката со Американскиот универзитет на Европа – ФОН изрази верување дека преку образованието, науката, културата и деловните односи ќе изградат мост во развојот на добрососедските односи меѓу Бугарија и Северна Македонија и ќе ги зближи народите.
„Се погриживме во лицето на АУЕ ФОН да имаме партнер кој обезбедува највисок стандард на образовни програми. Како резултат на тоа, се отвори можност нашите студенти со минимален дополнителен напор да добијат две дипломи – македонска и бугарска. Во широкиот асортиман на економски дипломски и магистерски програми што ги нудиме, секој македонски студент може да се стекне со бугарска диплома, која е и европска диплома признаена во ЕУ и да ја најде својата професионална иднина. Преку нашите блиски деловни партнерства и контакти со големи бугарски компании, ќе им понудиме можност на студентите од Македонија да имаат практика во ново деловно опкружување. За возврат, ние исто така ќе ги охрабриме нашите студенти од Бугарија да ги одберат програмите од АУЕ – ФОН и да го дополнат своето знаење“, истакна Борис Велчев, ректорот на ВУЗФ универзитетот од Софија.
Рој Зур, основачот и главниот извршен директор на ThriveDX од Израел изрази задоволство од соработката со АУЕ – ФОН кој станува регионален центар за кибербезбедност за Западен Балкан.
„Нашата заедничка мисија со АУЕ-ФОН е да го премостиме јазот со недостаток на професионалци од областа на кибербезбедноста. Соработката со универзитетот е дел од нашите глобални активности и напори да ги споиме заедно образовните институции, владините агенции, безбедносните системи и компаниите, за заштита на дигиталниот свет. Убедени сме дека нашето партнерство ќе има значајно позитивно влијание на регионот, заштитувајќи ги општествата, економиите и компаниите од кибернапади, додека во исто време креираме кариерни можности за талентирани индивидуалци“, изјави извршниот директор на ThriveDX, Рој Зур.
Покрај промоцијата на двојните дипломи, денеска се оддржа и дебата на тема „ Младите и образованието како клуч за посилно евроатланско сојузништво“. Заеднички заклучок на дебатата од страна на учесниците беше дека потребно е лидерство, мудрост и визија со во процесот на донесување одлуки со цел да се обезбеди подобра заедничка иднина на сите граѓани во нашата држава, но и во регионот. Неопходно е да се помогне процесот на европеизација преку долгорочна стратегија и инвестиција во образованието.
На дебатата присуствуваа Кира Рудик, пратеничка во Врховната рада на Украина и потпретседателка на АЛДЕ, Соломон Паси претседател на Атлантскиот клуб на Бугарија, Исмет Рамадани поранешен пратеник и претседател на Евро-атлантскиот совет на Македонија, Моника Зајкова пратеничка и претседателка на Клуб на млади во Собранието на РСМ, потоа Четин Казак поранешен член на Европскиот и професор на Нов бугарски универзитет, како и Нано Ружин – поранешен амбасадор во НАТО и професор на АУЕ-ФОН.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Директна авиолинија Скопје – Прага, за Божиновска таа е реална врска меѓу двете економии
Со првиот лет на новата директна авиолинија Скопје – Прага, земјава прави значаен исчекор во унапредувањето на меѓународната поврзаност, економската соработка и мобилноста на граѓаните, истакнуваат во соопштението од Министерството за енергетика.
На настанот по повод воспоставувањето на авиолинијата се обрати министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, генералниот директор на TAV Македонија, Неџат Курт, како и претставници на Wizz Air.
Како претседател на Мешовитата комисија за економска соработка, министерката информираше дека иницијативата за директна авионска линија била покрената на Заедничкиот македонско-чешки состанок во Прага, во март годинава, како дел од пошироката агенда за продлабочување на билатералните односи и олеснување на бизнис-комуникацијата.
Божиновска истакна дека воспоставувањето на директната линија не е случаен потег, туку резултат на јасна визија и конкретна иницијатива.
„Оваа авиолинија е реална врска меѓу две економии, два пазара и две општества. Поврзаноста е предуслов за развој, за мене, оваа линија има и силна лична димензија. На 20 август 1998 година се иселив во Прага, во време кога немаше директен лет меѓу нашите две земји. Поврзаноста беше комплицирана, скапа и временски исцрпувачка. Од 2005 до 2012 година постоеше директна линија и од лично искуство знам колку директната авионска врска значи – не само симболично, туку реално, за животот, за бизнисот и за секојдневната комуникација меѓу луѓето. Затоа, уште од првиот ден како министерка, силно се залагам за продлабочување на врските меѓу Македонија и Чешка и за создавање реални услови што ќе ја олеснат таа поврзаност“ , нагласи Божиновска.
Според надлежните, директната авиолинија Скопје – Прага ќе придонесе за зголемен туристички и деловен сообраќај, подобра мобилност на граѓаните и посилно вклучување на Македонија во европските економски текови.
Авиосообраќајот е важен сегмент од целокупната стратегија за модерна инфраструктура, економски раст и регионална интеграција, при што ваквите проекти се реализираат преку координирана соработка меѓу институциите и приватниот сектор.
Министерката Божиновска ја поздрави соработката меѓу TAV Македонија и Wizz Air, оценувајќи дека таа е пример за ефикасно партнерство кое носи конкретни резултати за граѓаните и економијата.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09% во однос на одлуката од 12.12.2025 година.
Од 16.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 32,635 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,248 ден/кг и сега ќе изнесува 32,635 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,932%, кај дизелот за 4,357%, кај екстра лесното масло за 1,790% и кај мазутот намалувањето е за 1,013%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1167%.
Економија
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
СЕТЕК го обои овој декември во сино – симбол на блискост, доверба и на вредноста на желбите што си ги упатуваме едни на други. Декември е месец кој поттикнува поврзување и ја истакнува магијата на споделената радост. Денес, многу од тие желби се поврзани со технологијата која го прави животот поедноставен, порадосен и поубав.
Веќе 32 години, СЕТЕК ја следи мисијата – да ги поврзува луѓето и технологијата, да креира успех и да инспирира радост.
Годинава, роденденот на СЕТЕК се поврзува со кампањата Blue December, која ја слави моќта на дарувањето и можноста за блискост со техниката. Поволностите што ги нудиме – роденденски и во текот на целиот месец – не се само обични попусти. Тие се внимателно осмислени решенија за сите кои сакаат да израдуваат некој свој близок, со вистинска вредност, значење и впечаток.
“Упатуваме искрена благодарност до сите кои низ годините се дел од нашата мисија – заедно растеме, се усовршуваме и го приближуваме светот на технологијата до секој човек. Вашата поддршка и доверба ни овозможуваат да продолжиме и да го подобруваме секојдневието на луѓето” – изјавија од Сетек.
Нека овој декември биде исполнет со топли моменти, споделена радост и остварени желби – вистински празнично син. Нека секој подарок, секоја насмевка и секое внимание, поттикне искрена поврзаност што ќе нѐ потсетува колку е важно да бидеме тука едни за други.
Сетек нуди голема палета на улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање.
Промотивните попусти ќе бидат достапни во сите салони на Сетек низ земјата, како и онлајн преку веб-страницата www.setec.mk
Придружете ни се во прославата со специјални роденденски попусти!
ПР

