Економија
Путин: „Газпром“ го испита местото на експлозијата во „Северен тек“, многу бргу ќе биде готов центарот за гас во Турција

Компанијата „Газпром“ изврши увид на местото каде што се случи експлозијата, во која беа оштетени цевките на гасоводот „Северен тек“, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
„Добив извештај од (директорот на ‘Газпром’, Алексеј) Милер дека направиле инспекција. Патем, на ‘Газпром’ му е дозволено да ги испита местата на експлозијата“, рече Путин. Тој додаде дека се пронајдени два кратера – еден длабок три метри и друг длабок пет метри.
Путин оцени дека е бесмислено да се обвинува Русија дека е одговорна за експлозијата на гасоводот.
Нападите на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ беа извршени на 26 септември.
Руското Министерство за одбрана ги обвини претставниците на британската морнарица за учество во планирањето и спроведувањето на, како што тврди Москва, „терористички напад“ во Балтичкото Море на 26 септември кога беа оштетени гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“, потсетува „РИА вести“.
Путин рече дека центар за природен гас во Турција може да биде воспоставен прилично бргу и предвиде дека многу купувачи во Европа ќе сакаат да потпишат договори. Тој ја предложи Турција како база за снабдување со гас претходно овој месец кога гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ под Балтичкото Море беа оштетени во експлозиите во септември. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека се согласува со таа идеја.
Путин изјави дека е многу тешко да се работи директно со европските трговски партнери.
„Полесно ни е да работиме со Турција. Претседателот Ердоган е човек од збор… и полесно ни е да го контролираме Црното Море“, рече Путин на прес-конференција.
„Ова е многу реален проект и можеме да го направиме доста бргу, а ќе има доволно луѓе што сакаат да склучат договор… Не се сомневам дека има многу луѓе во Европа што го сакаат тоа“, заклучи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
МЗШВ: Во четвртиот квартал од 2025 година ќе биде објавен јавниот повик за претприемачите во прехранбената индустрија

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека во четвртиот квартал од оваа година ќе биде објавен Јавниот повик 02/2025 за користење на средства од ИПАРД Програмата 2021-2027, мерка 3 – „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”.
Оваа мерка претставува исклучителна можност за македонските претприемачи во прехранбената индустрија да ги унапредат своите капацитети и да станат поконкурентни на домашниот и меѓународниот пазар.
Мерката 3 – „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”од ИПАРД Програмата овозможува финансиска поддршка за модернизација на преработувачките капацитети, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи, како и усогласување со европските стандарди. Преку оваа мерка се поддржува зголемувањето на конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор во целина.
Средствата за оваа мерка се обезбедени преку Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата за периодот 2021 – 2027 година).
Министерството ги повикува сите заинтересирани да започнат со навремена подготовка на потребната документација и да ги следат официјалните објави на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Економија
Издадени првите лиценци за батериски систем за складирање на електрична енергија од обновливи извори

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ги издаде првите лиценци за батериски систем за складирање на електрична енергија од обновливи извори на компанијата ЕНЕРГО СОЛАР СИСТЕМИ.
Станува збор за два батериски системи со вкупна инсталирана моќност од 2 600 kW, што се инсталирани во склоп на две различни фотонапонски електроцентрали кои се веќе изградени и во функција.
„Издавањето на овие лиценци во кои се вклучени батериски системи за складирање на електрична енергија, всушност го означува почетокот на еден нов инвестициски циклус во енергетиката. Воведувањето на батериите во пракса значи забрзана енергетска транзиција преку создавање на одржлив, ефикасен и еколошки енергетски систем во земјава. Во РКЕ очекуваме голем број сопственици на ФЕЦ да поднесат барање за инсталирање на “сториџи“, но исто така очекуваме интерес да појават и компании кои би биле самостојни оператори на складишта само со батериски системи. Употребата на батериите ќе придонесе за сигурно и доверливо функционирање на системите, а едновремено и за економски посигурен и поефикасен енергетски пазар. Истите можат да даваат услуги на операторот на електропреносниот систем за балансирање на истиот, како и одржување на одредени параметри на мрежата во пропишани граници. Складирањето на енергија во периоди кога има вишок и нејзино користење во периоди кога потребите од електричната енергија се зголемуваат се очекува дека ќе влијае и врз намалување на вкупните трошоци во системот.“ посочи Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.
Условите, постапката и потребната документација за добивање на лиценца за складирање на електрична енергија се уредена во Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, .
Економија
Владата усвои измени: Се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра

Со цел зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места, Владата усвои измени и дополнувања на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра. Законските измени веќе се во собраниска процедура, а нивното спроведување се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и работењето на домашните компании.
Со оваа мерка, околу 4 милиони денари месечно, колку што во одредени периоди изнесува прометот кон странските онлајн платформи, ќе се пренасочат кон домашното стопанство. Овие средства ќе придонесат за развој на локалните компании, отворање нови работни места и исплата на повисоки плати на вработените.
Ова претставува значаен чекор во заштита и поддршка на домашната економија, особено во услови на зголемена глобализација и дигитална трговија.
Дополнително, измените ќе помогнат во намалување на сивата економија, имајќи предвид дека досегашниот систем овозможуваше злоупотреби – односно увоз на стоки ослободени од данок кои понатаму се продаваат на домашниот пазар.
Со оваа измена, државата испраќа јасен сигнал на поддршка за домашните компании кои создаваат додадена вредност и вработуваат граѓани во земјата, велат од Министерството за финансии.