Економија
Рекорден пад на цената на нафтата поради коронавирусот
Цената на нафтата за само едeн ден падна повеќе од 30 проценти на глобалниот пазар како резултат на коронавирусот, предизвикувајќи вистински хаос на светските берзи.
Според „Фајненшал тајмс“, на самиот почеток на тргувањето цената на барелот на лондонскиот пазар падна за повеќе од 14 долари, или од 31,5 проценти на 31,02 американски долари.
На американскиот пазар цената на барел се намали за 32 проценти на 28 американски долари.
Во петокот денот се затвори со цена од 45,27 долари, а од неделата до понеделникот цената се спушти во просек на 32 американски долари, што претставува пад од над 30 проценти за една ноќ. Во исто време, нафтата падна од 55 долари на 32 долари за седум дена.
Ваков драматичен дневен пад на цените на нафтата не е регистриран уште од јануари 1991 година, кога почна првата војна во Заливот и кога цените паднаа за 33 проценти.
Драстичниот пад на цената на нафтата на најниско ниво од февруари 2016 година е резултат на одлуката на Саудиска Арабија, најголемиот светски извозник на нафта, да ја казни Русија, вториот најголем светски производител на нафта, што не се согласи во петокот на предлогот на ОПЕК за понатамошно намалување на производството.
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините доскорешни сојузници, предводени од Русија, долго време се придржуваа кон договорите за намалување на производството за 1,7 милиони барели на ден со што би се поддржале цените на нафтата, кои се под притисок поради преголемото производство.
Во последниве недели тие беа под дополнителен притисок поради стравувањата дека ширењето на коронавирусот ќе ја забави глобалната економија и со тоа и побарувачката за нафта.
Но, Русија не се согласи на дополнително намалување, туку побара да се остане на постоечкиот договор за ограничување на производството за 1,7 милиони барели на ден.
Поради ова, Саудиска Арабија почна да ја намалува продажната цена на нафтата за испораката во април, на сите купувачи за 6 до 8 долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)

