Економија
Рехабилитацијата на пистата на скопскиот аеродром почнува на 28 март и ќе трае 50 дена
Како дел од инвестицискиот план за проширување и реновирање на македонските аеродроми, почнувајќи од 28 март до 16 мај годинава, во период од 50 дена, „ТАВ Македонија“ ќе врши рехабилитација на пистата на Меѓународниот аеродром „Скопје“.
Од компанијата информираат дека за оваа цел авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром „Скопје“ во текот на тој период ќе се одвива од 17 часот попладне до 9 часот наутро, секој ден.
Градежните работи за рехабилитацијата ќе се изведуваат без затворање на аеродромот и со минимално влијание врз авиосообраќајот.

„Рехабилитацијата на пистата значи дека практично ќе го обновиме горниот слој на асфалтот на пистата, па затоа во текот на овој период, меѓу 9 и 17 часот, од 28 март до 16 мај, на пистата ќе се изведуваат градежни работи. Секој ден во споменатиот временски период ќе се рехабилитира дел од вкупната должина на полетно-слетната патека, со цел аеродромот да остане оперативен, односно да можеме нормално да ги опслужуваме летовите во текот на преостанатиот период од денот. Би сакал да го нагласам следново: скопскиот аеродром нема да биде затворен за време на рехабилитацијата на пистата. Аеродромот ќе биде отворен за патници 24/7, како и секогаш. Како и во текот на целиот период за време на ковид-пандемијата, ги советуваме патниците да пристигнуваат на аеродромот 3-4 часа пред закажаното време на нивниот лет, подготвени со потребните документи за патување во однос на Ковид-19, во консултација со авиокомпанијата со која патуваат и со амбасадата на странската земја каде што ќе патуваат“, вели генералниот директор на ‘ТАВ Македонија’“, Метин Батак.
Пистата на Меѓународниот аеродром „Скопје“ е долга 2.950 метри и широка 45 метри. Последната реконструкција на пистата на скопскиот аеродром е направена во 1996 година кога градежните работи се изведувале во поголема длабочина на асфалтот за разлика од сега кога само горниот, површински слој од асфалтот, ќе се рехабилитира. Тогаш аеродромот бил затворен 2 и пол месеца, а целокупниот сообраќај бил префрлен на охридскиот аеродром.
„ТАВ Македонија“ ги советува патниците редовно да ги следат и проверуваат веб-страниците на авиокомпаниите со цел да ги видат најновите ажурирања за летовите за нивната сакана дестинација од Меѓународниот аеродром „Скопје“ во периодот од 28 март до 16 мај 2022 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

