Економија
Ристо Вуков: Благодарност до „Халк Осигурување“ без чија поддршка немаше да ги достигнам резултатите на Порше Карера ГТ3-купот
Ристо Вуков Рико, македонски автомобилист, ја заврши дебитантската сезона во престижниот Порше Карера Куп во Италија. Борбеноста, упорноста и истрајноста му обезбедија одлично место во сезоната во Порше Карера ГТ3-купот и, секако, во својот клуб ГДЛ Рејсинг.
„По повод успешно завршената сезона со одлично постигнати резултати сакам да се заблагодарам за неизмерната поддршка до страна на г-дин Суат Инани „Халк Осигурување АД Скопје“ кои беа покрај мене во текот на целиот период. Како знак на благодарностим подарувам симболични подароци од мојот престој во Италија“, вели Ристо Вуков – Рико.

„Изминатата година започнавме една нова приказна и пријателство на кое сме горди. Брзината и квалитетот на успесите кои Ристо Вуков – Рико ги постигна во својата дебитантска сезона се поистоветуваат и со успесите кои ги достигнува „Халк Осигурување АД Скопје“. Нашето партнерство продолжува и во новата година во која ќе работиме за достигнување на нови и поголеми успеси. Нашата компанија се стреми кон поддржување на млади и талентирани лица кои се пример за посветеност и работа. И се радуваме на новата година, бидејќи искрено веруваме дека како и „Халк Осигурување АД Скопје“, така и Ристо Вуков – Рико ќе ги достигнеме посакуваните цели“, изјави Суат Инани, главен извршен директор во „Халк Осигурување АД Скопје“.

Последната трка на легендарната патека во Монца, Рико ја заврши на одличното 6 место. Со ова Рико докажа дека успесите во европските трки се достигнуваат само со истрајност, упорност, но и со одлично познавање на „својата“ патека. „Халк Осигурување АД Скопје“, исто како и Рико, се искачува високо на позицијата помеѓу најдобрите осигурителни компании кои го нудат само најквалитетното за своите корисници.

„Несекојдневната професија, автомобилизмот и картингот носат ризици сами по себе. Фокусот и вниманието, не само на патеката, се главни и во мојот секојдневен живот. Откога започнав посериозно да се занимавам со овој спорт, решив дека едноставно немам простор за невнимателност. Како на патеката така и во животот. Јас и мојот тим максимално работиме да го минимализираме ризикот на патеката, преку најголемите подготовки пред секоја трка кои се однесуваат на автомобилот Порше, временските услови, па сè до секојдневните вежби на симулаторот. Ваквиот фокус и внимание ги пренесувам и во моето секојдневно возење, без разлика дали е низ нашиот град Скопје или, пак, возење до одредена дестинација. Уште поголема сигурност добивам и од фактот дека ги имам за партнер„Халк Осигурување АД Скопје“. Со полисата за автомобилот, за мојот дом и дополнителното приватно здравствено осигурување се чувствувам сигурен и безбеден“, додаде Рико.

„Халк Осигурување АД Скопје“ како посветена компанија и во иднина ќе продолжи со својата мисија вокреирање на посебни индивидуални и корпоративни решенија за осигурување, во согласност со потребите на клиентите и со цел олеснување и чувство на сигурност и безбедност на своите осигуреници. Подобрувањето на квалитетот на услугите кон клиентите, обезбедување на сигурноста и квалитетот на живот на своите клиенти, како и продолжувањето во поддршката на млади лица, кои се добар пример и претставуваат поттик за идните генерации, се веќе дел од новогодишните цели на „Халк Осигурување АД Скопје“.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со грантовите во вкупен износ од 25 милиони евра
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе се обезбедат грантови за адаптирање на компаниите кон зелена трансформација и заштита на животната средина, изјави:
„Да работиме, практично Инова агенцијата, околу овозможување и обезбедување грантови за компаниите, посебно во делот на енергетската трансформација. Имав и таму едно многу интересно обраќање. Да, за енергетската трансформација, но треба да сме многу внимателни. Затоа што не сум сигурен, а тоа се сложија и голем број од учесниците на тие панели, дека со таа енергетска трансформација, ние можеме на долг рок да генерираме базна енергија којашто е потребна на индустријата за потребите на самата индустрија. Тоа треба да се одвива чекор по чекор, затоа што секоја избрзана постапка може да направи штета по индустријата и по државата. Но, колку за информација за компаниите, некаде околу 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра и наскоро ќе има и за тоа објава во јавноста и јавен повик.“
Економија
Комисија за заштита на конкуренцијата: Лани се изречени казни во вредност од над 53 милиони денари
Комисијата за заштита на конкуренцијата информира дека во текот на 2025 година се изречени казни за повреди на одредбите од Законот за заштита на конкуренцијата и за повреди на одредбите од Законот за забрана на нефер трговски практики, во вкупна вредност од 53.044.555,00 денари.
„Со овие санкции, Комисијата испраќа јасна и недвосмислена порака дека картелските договори, забранетите договори, злоупотребата на доминантна позиција, непријавените концентрации и нефер трговските практики нема да се толерираат. Казните имаат изразена превентивна улога и претставуваат ефикасен механизам за одвраќање од идни повреди на пазарните правила“, велат од Комисијата.
Од таму најавуваат дека ќе продолжат со активен надзор и доследна примена на законските овластувања, со цел обезбедување фер и транспарентни пазарни услови, еднаков третман на економските оператори и ефективна заштита на конкуренцијата и интересите на потрошувачите.
Економија
Македонија2025 објави повик за компании: Аплицирајте за користење на бесплатна експертска поддршка од канадски советници
Македонија2025 објавува повик за апликации од македонски компании за Битов – Програмата за претприемачи.
Битов – Програмата за претприемачи е основана во соработка со Catalyste+ (поранешна CESO – Canadian Executive Service Organization). Catalyste+ е канадска организација со 50 годишнo искуство во меѓународниот економски развој. Организацијата работи на развој на приватниот сектор односно бизниси кои ќе просперираат на национално и меѓународно ниво.
Македонија2025 има заедничка мисија со Catalyste+ да влијае на подобрување и зајакување на конкурентноста на македонските компании и ја спроведува оваа програма во Македонија од 2018 година. Досега, преку оваа програма се поддржани над 30 македонски компании. Советниците на Catalyste+, кои се професионалци со богати професионални кариери, ќе ја донесат својата експертиза директно во Македонија, и ќе работат на конкретни предизвици со кои се соочуваат македонските компании, согласно нивните барања и потреби.
Македонија2025 целосно ја покрива тарифата за советникот, како и доаѓањето до Македонија. Компаниите имаат обврска да обезбедат сместување, оброци и локален транспорт за советникот (доколку е потребно).
Кој може да се пријави?
Програмата е наменета за микро, мали и средни компании* кои ги исполнуваат следните услови:
· Минимум една година од постоење на компанијата;
· Сопственик и управител на компанијата е македонски државјанин и жител;
· Лице од компанијата кое ќе биде постојано достапно на консултантот, најтесно ќе соработува со него за време на посетата и има добро познавање на англиски јазик;
· Високо ниво на посветеност од страна на менаџментот на компанијата;
· Во добра финансиска состојба (има можност за спроведување на промените и препораките од консултантот);
· Ги исполнуваат критериумите за микро, мали и средни компании.
По можност да работат во следните дејности: туризам и угостителство, финансии, агро-бизнис, ИКТ, менаџмент на природни ресурси, обновливи извори на енергија, прехранбена индустрија итн.
*Предност ќе имаат компании кои се извозно ориентирани и нудат иновативни решенија.
Повеќе за програмата, начинот на аплицирање и потребна документација ќе ги најдете ТУКА.
За искуствата, и придобивките на компаниите кои учествувале во програмата погледнете ТУКА.
Краен рок за пријавување: 15.03.2026 год.

