Економија
САД побараа од Јапонија да пренасочи дел од гасот кон ЕУ доколку е потребно
Американската администрација побара од Јапонија да пренасочи дел од течниот природен гас во Европа во случај на евентуален прекин во снабдувањето со гас од Русија, објави јапонската новинска агенција „Џиџи“.
Јапонија, клучен увозник на течен природен гас (ЛНГ), ќе ги разгледа начините како може да ѝ помогне на меѓународната заедница во случај проблем со резервите поради украинската криза, изјави министерот за индустрија, Коичи Хагиуда.
Тој одби да ги потврди медиумските извештаи дека САД побарале од Јапонија да пренасочи дел од својот гас во Европа доколку Русија го прекине снабдувањето велејќи дека не може да коментира за дипломатската кореспонденција.
Хагиуда на прес-конференција рече дека Јапонија со години е движечка сила во развојот на пазарот на течен гас додавајќи дека Токио сака да размисли како може да придонесе за меѓународната заедница.
Во исто време, сепак, тој предупреди дека Јапонија, чии енергетски ресурси се сиромашни, прво ќе мора да обезбеди доволно енергија за себе за да избегне недостиг на електрична енергија бидејќи синоптичарите предвидуваат постудено време.
„Ќе видиме дали може да се направи нешто откога ќе се осигуриме дека нема да се влијае на секојдневниот живот на луѓето“, рече тој.
Ситуацијата во Украина значително се одрази на стабилното снабдување со енергија на Јапонија, така што земјата внимателно ќе ја следи состојбата, додаде Хагиуда.
Зголемените тензии меѓу Русија и Западот во врска со Украина ги зголемија стравувањата дека снабдувањето со енергија на Европа може да биде нарушено.
Соединетите Американски Држави, водечки светски производител на течен природен гас, минатата недела побараа од Катар и другите големи производители на енергија да ја истражат можноста за снабдување на Европа доколку испораките од Русија бидат прекинати како резултат на украинската криза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.