Економија
СДСМ: ДПМНЕ е гробарот на македонското земјоделство
СДСМ реагира на трибината на ВМРО-ДПМНЕ. Нивното соопштение во целост:
„ДПМНЕ е последна што може да зборува за земјоделството. ДПМНЕ е гробарот на македонското земјоделството, додека за разлика од нив СДСМ на дело покажа искрена грижа и поддршка за секој еден земјоделец.
Да ги потсетиме ДПМНЕ на најголемата земјоделска измама СВЕДМИЛК, на узурпираното земјиште на земјоделците кое беше дадено на Субрата Рој, на пропаѓањето на Повардарие и неисплатените лозари, на селективниот пристап во делење на субвенции, на делење опрема со партиски списоци за селектирани партиски земјоделци.
Узурпираните 5.000 хектари дадени на Субрата Рој што 6 години не беа обработени денес се вратени на земјоделците.
Во 2017 година владата на СДСМ исплати 2 милиони евра долг кон лозарите за неисплатеното винско грозје во винариите Повардарие и Стефани.
Владата предводена од СДСМ подготви и донесе Национален план за производство на храна преку кој се дава поддршка за секој еден земјоделец и ги расчисто и исплати сите заостанати обрвски кон земјоделоелците наследени од ДПМНЕ.
Подготвен е нов модел за субвенции кој дава поголема поддршка на стратешки значајните култури и го насочува домашното производство во домашните капацитети за преработка. Тоа е нов модел кој, покај тоа што гаранита навремена исплата за прв пат дава и авансна исплата на дел од субвенциите.
Оваа 2023 година кога започна примената на новиот модел, е прва година во земјодлеството, каде во рок се исплатени сите основни субвенции за 2022 година, а до крајот на годината исплатена ќе биде и авансната исплата за 2023.
СДСМ гради и вложува во водоводни мрежи. Се гради браната Консо најглем капитален проект, се градат мали состеми за наводнување, се гради јужно вардарската долина, потоа систеомт Равен Речица.
Домашното производство е стабилно со СДСМ а со мерките и за интервентна поддршка во 2022 за вештачко ѓубриво производството на житни куктури е стабилизирано и зголемено во услови на криза.
Оризарите во последните 3 години имаат за 300% зголемени субвенции, а оризот станува старетшка култура со Законот за стокови резерви. Со СДСМ оризарите за прв пат имаат мерка за поддршка при набавка на специјални комбајни и мобилни сушари.
Земјоделците знаат дека СДСМ води искрена грижа за нив, а лагите на ДПМНЕ повторно ќе ги казнат на следните парламентарни избори.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

