Економија
СДСМ: Извезуваме струја како резултат на енергетските политики на Ковачевски, Мицкоски покажа големо незнаење
Успешните енергетски мерки и политики на СДСМ и претседателот Димитар Ковачевски во услови на глобална криза даваат резултати. Обезбедена е сигурна испорака на електрична енергија за сите, како и ценовна стабилност на струјата, соопшти СДСМ.
„Христијан Мицкоски покажа големо незнаење за енергетиката. Сите негови предвидувања излегоа неточни. Мицкоски велеше дека нема да има доволно струја, а првпат среде зима се врши и извоз на вишоци електрична енергија од домашно производство.
Мицкоски ги плашеше граѓаните дека ќе има рестрикции, а првпат во 70 години со полна пареа работат сите енергетски капацитети во државата и задоволуваат 100 проценти од потребите. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа страв и паника кај граѓаните со тврдењата дека струјата енормно ќе поскапи.
Напротив, цената на струјата е намалена 20 проценти за околу 70.000 мали компании, кои се на регулираниот пазар, а 99,2 проценти од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија.
Во време кога цената на гасот соборуваше рекорди на берзите, Мицкоски бараше да се набави гас одеднаш за целата грејна сезона, со што државата ќе беше во загуба од стотици милиони евра. Сè што кажа Мицкоски – промаши“, порачаа од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

