Економија
СДСМ: Мицкоски промаши сѐ, нема рестрикции, има 40 отсто поголемо производство на струја

Христијан Мицкоски промаши сè што предвиде во делот на енергетиката, ниту едно негово црно сценарио не се оствари, велат од СДСМ.
„Мицкоски ја плашеше јавноста дека енергетскиот систем бил пред колапс, дека ќе има рестрикции на електричната енергија. Лажеше Мицкоски дека цената на струјата ќе поскапи над 50 отсто, дека во државата нема доволно гас и енергенти. Сите овие лаги на Мицкоски паднаа во вода.
Со одговорните мерки и политики на СДСМ, денес енергетскиот систем функционира беспрекорно. Сите домашни капацитети за производство на струја се во функција, што резултира со зголемено производство на електрична енергија за 40 отсто, само на почетокот на оваа година.
Тоа придонесе 72.000 компании да плаќаат значително пониски сметки за струја, а за домаќинствата цената на струјата не само што не се зголеми туку и благо опадна.
СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи продолжува да вложува во енергетскиот сектор и да ја зајакнува енергетската независност на државата, Мицкоски останува докажан непознавач на енергетските политики“, додаваат од владејачката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Ристески: Пријавени повеќе од 6.000 лица за самовработување, од вчера објавена мерка за вработување и раст на правните субјекти

Во Радовиш и Гевгелија денеска се одржаа информативни денови за мерките од Оперативниот план за вработување за 2025 година.
Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески изрази задоволство од големиот интерес за мерката за самовработување, на која до Агенцијата за вработување се пристигнати пријави на повеќе до 6.000 лица. Тој се осврна и за најновата мерка која е достапна од вчера, а тоа е директна помош за компаниите.
– Станува збор за мерката „Поддршка за креирање на нови работни места“, подмерка – Вработување и раст на правни субјекти, преку која се дава поддршка во креирање на нови работни места во микро, мали и средните претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации. Со мерката на претпријатијата им се дава грант за вработување на невработени лица, каде истата се движи од 160.000 до 220.000 денари, во зависност од целната група, а работодавачот е должен да го задржи нововработеното лице на работа од 9 до 15 месеци (во зависност од целната група). Сите заинтересирани работодавачи кои сакаат да ги искористат поволностите од оваа мерка, можат да аплицираат до Агенцијата за вработување до 04.07.2025 година – кажа Ристески.
Градоначалниците на Радовиш, Ацо Ристов, на Конче, Златко Ристов, и на општина Гевгелија, Андон Сарамандов ги поздравија мерките од Оперативниот план за вработување и искажаа задоволство од покажаниот интерес за самовработување во нивните општини. Тие упатија апел до сите компании да се запознаат со деталите од јавниот повик за Вработување и раст на правни субјекти во било која од 30-те подрачни центри за вработување на АВРМ и да аплицираат со цел да ги искористат поволностите кои се нудат.
Економија
Одмор од соништата со туристички кредит без камати и трошоци

Дали ви треба туристички кредит за патување до Грција, Италија, Малта или можеби пак егзотична дестинација како Малдиви? Со Mint Credit, повеќе нема потреба да го одложувате одморот од соништата поради недостиг на средства.
Ние Ви овозможуваме да патувате веднаш, а да платите подоцна, до дванаесет месечни рати без камата и трошоци преку Mint App.
Туристичкиот кредит е идеалното решение за незаборавно патување кога финансиите не ви одат во прилог или сакате одложено плаќање за Вашето патување.
Што е туристички кредит?
Туристичкиот кредит е безкаматен потрошувачки кредит наменет за покривање на трошоци поврзани со патувања. Ова вклучува патнички трошоци како што се:
· Туристички аранжмани (ЈК Travel и Mint Travel)
· Хотелски сместувања
· Авионски билети · Патничко осигурување (Mint Ins)
Со други зборови сè што Ви треба за незаборавно искуство – без веднаш да ги почувствувате трошоците, без камати и други трошоци.
Зошто туристички кредит преку Mint Credit?
Понекогаш животот нè става во ситуација кога имаме желба, можност за патување – но не и веднаш достапни финансии. Токму затоа е наменет туристичкиот кредит од Mint Credit: безкаматен, брз и без непотребни компликации.
Повеќе не мора да правите компромис со одморот или да одложувате за “неопределено”. Сега можете:
· Да резервирате туристички аранжман веднаш
· Да платите на рати, до 10 месеци или до 12 рати преку MintApp.
· Да аплицирате онлајн, без губење време преку нашата one-stop-shop Mint апликација.
· Да бидете дел од Mint Bonus, нашата програма за лојалност.
Собирајте Mint Coins и искористете ги во Mint Store за летна опрема или ваучери за Вашиот одмор.
Како функционира?
Mint Credit го направи процесот за добивање туристички кредит исклучително едноставен. Еве како изгледа:
1. Контактирајте нè или посетете нè лично: на нашата веб-страница, преку Mint App директно од Вашиот телефон, или во некоја од нашите филијали низ државата.
2. Поднесете документи, важечка лична карта и Вашиот туристички аранжман
3. Брзо одобрување.
4. Средствата се исплаќаат директно на туристичката агенција.
5. Вие заминувате на патување, а кредитот го враќате по претходно договорени месечни рати, без дополнителни камати и трошоци.
Сè што треба да направите е да знаете каде сакате да патувате, а за финансиите се грижиме ние.
Карактеристики на туристички кредит од Mint Credit
Брза апликација и одобрување
Нема долги процедури, непотребни формулари или банкарска бирократија. Процесот за аплицирање и одобрување е брз и едноставен и целосно онлајн. Mint Credit значително го олеснува аплицирањето за кредит.
Само неклоку клика Ве делат од одморот од соништата. Ваше е само да го одберете одморот од соништата во еден од нашите туристички партнери – Mint Travel или JK Travel.
Флексибилна отплата
Изберете период на отплата што Ви одговара – од 2 до 12 месеци. Месечните рати се однапред пресметани. Со безкаматниот туристички кредит враќате онолку колку што ќе земете без дополнителни трошоци.
Приспособено на Вашите потреби
Туристичкиот кредит од Mint Credit се прилагодува на секој тип на патување – од еднодневни екскурзии до интерконтинентални авантури. На Вас е само да си ги спакувате своите куфери за патување и да се спремите за возбудлива авантура.
Директна соработка со туристички агенции
Нашиот туристички кредит се однесува за аранжмани и патувања кои се во рамките на организација на JK Travel и Mint Travel. Аплицирањето за кредит како и одбирање аранжман за летување е достапно онлајн на веб страните.
Дополнително, доколку арнжманот Ви е преку Mint Travel, можете целиот процес да го завршите преку Mint App, вклучувајќи:
· Аплицирање за кредит (Mint Credit))
· Одбирање аранжман (Mint Travel))
· Патничко осигурување (Mint Ins)
Кога е идеално време за туристички кредит?
· За летни одмори и годишни одмори
· Во пресрет на празници, продолжени викенди и изненадувачки патувања
· За свадбени и романтични патувања
· За семејни летувања
· Кога не сакате да го намалите месечниот буџет, но сепак сакате да уживате
Како да го искористите туристичкиот кредит максимално
За да го извлечете максимумот од туристичкиот кредит, ви ги препорачуваме овие совети:
· Резервирајте рано – раните резервации често значат подобри цени
· Изберете пакет-аранжман – вклучени услуги значи помалку изненадувања
· Патувајте вон сезона – уживајте со помалку туристи и пониски трошоци
· Комбинирајте го со осигурување – бидете безгрижни за време на патувањето
· Следете го планот за отплата – изберете план за отплата што реално Ви одговара
Време е да ги спакувате куферите за патување!
Туристичкиот кредит од Mint Credit е совршен избор за секој кој сака да ужива во патувања без да го оптоварува својот буџет однапред. Ние Ви нудиме брзо, флексибилно и безбедно решение, така што Вие може да патувате кога сакате, а да платите кога можете.
Со туристички кредит од Mint Credit, не Ви треба магична формула за да патувате, Ви треба само желба! Ние се грижиме за финансиите, Вие грижете се за спомените.
За повеќе информации контактирајте не на телефон 15 107, или посетете не во најблиската филијла до Вас.
ПР
Економија
Објавени позначајните промени кај надворешниот долг, побарувањата и меѓународна инвестициска позиција во првото тримесечје од 2025 година

Според редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција, на 31.3.2025 година, нето надворешниот долг изнесува 4.630 милиони евра (или 28,4% од проектираниот БДП), и не бележи значителна – промена во однос на минатиот квартал.
Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67,9%, соопшти НБРМ.
Во текот на првиот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) изнесува 8.960 милиони евра, што претставува 54,9% од проектираниот БДП за 2025 година.