Економија
СДСМ: Наместо да измислуваат лаги, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да кажат за нивното раководење со АД ЕЛЕМ
ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со одговорното, транспарентно и домаќинско работење на Владата предводена од СДСМ и државните и јавни институции и претпријатија и затоа секојдневно измислува лажни вести, порачаа од СДСМ.
„Лажни се тврдењата за наводни незаконски постапувања во АД ЕЛЕМ. Според јавно објавените информации од АД ЕЛЕМ, тендерот за избор на фирма за технолошко чистење во РЕК Битола, за кој денеска ВМРО-ДПМНЕ неосновано обвинува, е поништен на шести март откако е утврден пропуст во тендерската документација, а по добивањето на дополнителната документација од службата во рудниците во РЕК Битола, тендерот повторно ќе биде објавен во текот на следната недела“, наведуваат од владејачката партија.
Паралелно со конкретниот тендер, како што велат од СДСМ, во скратена постапка пет компании доставиле понуди по што бил склучен договор со компанијата што понудила најниска цена, а сумата што се исплаќа на оваа компанијата за технолошкото чистење во рудниците во себе ги содржи сите други издатоци, како превоз, исхрана, лични заштитни средства итн., објаснуваат од партијата.
„ВМРО-ДПМНЕ не може да разбере дека наместените тендери, незаконското работење и партизацијата на државните и јавните претпријатија заврши со нивното заминување во опозиција. Заврши периодот кога ВМРО-ДПМНЕ раководеше со АД ЕЛЕМ и РЕК Битола, време кога токму поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ не се чистеа багерите, одлагачите и транспортерите, кога целиот систем во рудникот беше затрпан со пепел и предизвикуваше штети и застој на целокупната работа“, се наведува во соопштението на партијата.
Од таму порачуваат дека ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да измислува, како што се наведува, наводни скандали и да шири лажни вести, а нивниот претседател Христијан Мицкоски по шест денови криење, треба да излезе и да даде одговори на прашањата поврзани со договорите вредни 10.5 милиони евра, склучени во неспоредни спогодби, во период кога токму тој раководел со ЕЛЕМ, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

