Економија
СДСМ: Сите пакети на антикризни мерки ги даваат предвидените резултати

Сите пакети на антикризни мерки ги даваат предвидените резултати, поддршка од Владата предводена од СДСМ добиваат илјадници граѓани и компании, велат oд владејачкиот СДСМ преку сооопштение.
„Владата предводена од СДСМ во услови на здравствена и финансиска криза предизвикана од светската пандемија, создаде економски пакети коишто се состојат од низа мерки со цел полесно справување со последиците од корона-кризата врз стопанството, населението, работниците, младите и многу граѓани од други категории.
Со досегашните мерки, стотици илјади луѓе ги задржале работните места, а поддршка добиле илјадници компании.
Владиниот одговор на фискалната политика на пандемијата беше експресен и далекосежен за претпријатијата и вработените во најпогодените дејности, како и за најранливите категории граѓани.
Владините економски мерки директно придонесоа за ублажување на негативните последици врз доходот и потрошувачката на домаќинствата, како и активноста на деловните субјекти.
Фискалниот стимул на досегашните мерки изнесува 704 милиони евра, односно 6,5% од БДП.
Оттука, се проценува дека преку овој фискален импулс падот на економската активност е ублажен, односно без овие мерки падот на економската активност би бил повисок за 3,9 процентни поени во 2020, односно би изнесувал -8,4% , наспроти реализираниот пад од 4,5%.
Четирите сета економски мерки дадоа значителен придонес и за ублажување на последиците во однос на стапката на невработеноста“, се наведува во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
„Lucky Days“ во НЕПТУН – Попустите се толку големи што ќе купиш сè што ти треба!

Од 09.06.2025, „Lucky Days“ во НЕПТУН носат промени што ќе го трансформираат вашиот дом! Влегувате по еден производ, а излегувате со сшто ви треба – од ефикасен клима-уред до голем телевизор за домашно кино, сите по цени што ќе ве изненадат!
Летото е тука, а со него и идеалната можност да го освежите домот со уреди што ќе го направат секојдневниот живот поудобен. Попустите се дизајнирани со грижа за вашиот семеен буџет: од клима-уреди што ја победуваат жештината до фрижидери што штедат струја, секој избор е осмислен да ви го олесни животот на долг рок.
Твојата желба е јасна – да добиеш врвен производ по фер цена. Нашите флаери ги прикажуваат најдобрите понуди од врвни брендови. Замислете колку е лесно да изберете уред што ја штеди електричната енергија, а сепак нуди врвни перформанси или да го надоградите вашето работно катче со лаптоп или десктоп што ќе ве чини многу помалку отколку што мислевте.
За да ви ја олесниме вашата шопинг-патека, во последните неколку месеци ги реновиравме и унапредивме дел од нашите најпосетени продажни салони. Ве чека модерен, разубавен простор со пријателска атмосфера, создаден да ја направи вашата посета пријатна и инспиративна.
Нашиот стручен тим секогаш се на располагање да ви помогнат да го најдете токму она што ви треба – без да губите време или да се двоумите дали е вистинска инвестиција.
Твоја е желбата, наше е да ти го понудиме најдоброто! – Нептун
(ПР)
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Две милијарди евра инвестиции во железничкиот сообраќај, брза пруга Табановце-Гевгелија

Се надзираат контурите за почеток на најголемиот инфраструктурен проект во регионот. Формирање на координативното тело во вторник и започнување на постапка за обезбедување на финансиски средства за реализација на проектот брза пруга, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Проектот брза пруга Табановце-Гевгелија ќе чини од 1,7 до 2 милијарди евра и ќе биде најголем поединечен проект во Македонија.
Новата брза пруга ќе биде со нови возови, локомотиви и целосно модернизирана и реконструирани железнички станица во Скопје и реконструирани станици низ Македонија.
Со брзата пруга предвидено е патнички сообраќај да биде до 160 км на час, а товарниот сообраќај до 120 км на час. Граѓаните ќе можат да патуваат за час и пол до Солун, 4 до 5 часа до Виена.
Со поддршка и следење на британските и европските стандарди овој проект е од големо значење и ќе ја подобри безбедноста во железничкиот сообраќај.
Брз и ефикасен железнички сообраќај од граница на Србија до граница на Грција. Делницата Табановце – Гевгелија ќе се скрати од 235 км што е моментално, влез излез од државата, се планира да биде 200 и под 200 км. Целта е да имаме брза пруга и брз транспорт.
Македонија конечно ќе почне да ја користи добрата местоположба и ќе се впише на мапата на карго Европа. Карго транспортот се предвидува да донесе од 100 – 120 милиони годишен приход од товарниот сообраќај.
Со развојот на железничката и патната инфраструктура се создаваат можности за поврзување, за подобар и поквалитетен живот на граѓаните“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Kланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ трипати поскапо и профитирале

Во време на ковид пандемија и енергетска криза Заев и Филипче се богателе врз грбот на граѓаните кои плаќаа драстично повисоки сметки за струја, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко Филипче трет ден молчи за испумпувањето на десетици милиони евра од ЕСМ од страна на Вице Заев и фирми кои водат лично до него.
Вице Заев, Зоран Заев и Венко Филипче се директно виновни што струјата во нивно време се покачи за над 50%.
Фирми блиски до Заев и Филипче препродавале јаглен на ЕСМ за три пати поскапо од набавеното.
Зоран Заев, Вице Заев и Венко Филипче, за да можат да се богатат врз грбот на граѓаните креирале мрежа на фирми и посредници за ископ, транспорт и продажба на јаглен од Грција на ЕСМ.
Грчкиот јаглен горел во Македонија а профитот завршил кај Вице Заев во Бугарија.
Јагленот кој од Грција се продавал кон мрежата на фирми за 30 евра бил препродаван во Македонија на ЕСМ по цена и до 82.5 евра.
Додека кланот Заеви продавале скап јаглен на ЕСМ, Филипче уживал во придобивките на милионските бизниси.
Одговорност за овој милионски скандал мора да има, а ЈО да отвори истрага“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.